Азиските берзи го следат падот на Волстрит


 

На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка.

Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти.

Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг се „лизнаа“ меѓу 0,7 и 2,2 проценти. Во Австралија пак, пораснаа за 0,2 отсто.

Под најголем притисок е технолошкиот сектор затоа што предупредувањето на „Микрон технолоџи“, дека ќе го намали производството на мемориски чипови и инвестиции, ги загрижи инвеститорите.