Русија во Украина загубила повеќе авиони отколку што може да произведе


  Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, изјави дека Русија досега загубила двојно повеќе авиони во Украина отколку во советско-авганистанската војна. И британското Министерство за одбрана, во својот најнов извештај за војната во Украина, објавува сопствена проценка за состојбата на руските воздухопловни сили и нивните загуби од почетокот на инвазијата на Украина, потсетуваат […]

Приведени 65 лица на митинг на опозицијата во Кишињев


Приведени се 65 лица на митинг на опозицијата во Кишињев, соопшти денеска главниот полициски инспекторат на Министерството за внатрешни работи на Молдавија. Полицијата во Молдавија истакна дека регистрирани се „повеќе провокации против припадниците на безбедносните сили“. „Конкретно, зборуваме за обидите за пробивање на полицискиот кордон. Задржани се 65 лица, од кои четири малолетници. Идентификувани се […]

Османи се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Агелер


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер по повод предавањето на копиите од акредитивните писма. Како што соопшти МНР, министерот Османи изразил уверување дека амбасадорката Агелер со нејзиното искуство ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.   -Во билатерален контекст, […]

Разговор со авторот на романот „Диссомнии“, Игор Станојоски во библиотеката „Браќа Миладиновци“


  Разговор со Игор Станојоски, автор на романот „Диссомнии“ ќе се одржи вечер во спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. „Разговор со“ е дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“, во која секој месец е посветен на една книга и нејзиниот автор. Ноември е за романот „Диссомнии“ и авторот Игор Станојоски. Последната […]

Промоција на книгата „Чаша чај од смртен грев“ од Верица Ацеска


Во Младинскиот културен центар вечерва ќе биде промовирана третата книга на писателката Верица Ацеска. Станува збор за книгата „Чаша чај од смртен грев“ која доаѓа по двете веќе објавени книги „19.“ и „Паралел“ во издание на „Прозарт медиа“. „Чаша чај од смртен грев“ е комплексен и истовремено едноставно напишан роман, во кој авторката мошне лесно […]

Огромно мнозинство ирански пратеници бараат судството да го применува Законот за одмазда


Огромно мнозинство од вкупно 290-те членови на иранскиот Парламент вчера побараа судството да го примени Законот за одмазда против „непријателите на Бога“ алудирајќи на протестите во земјата. Во соопштението потпишано од 227 од вкупно 290 пратеници, се бара од сите надлежни органи, вклучувајќи го и судството, што поскоро да го спроведат Законот за одмазда против […]

Убиена студентка во иранската провинција Курдистан, насилство и на северозападот и југоистокот на Иран


Во северозападниот град Мариван, во провинцијата Курдистан, иранските безбедносни сили вчера отворија оган и употребија солзавец врз демонстрантите, изјавија очевидци. Демонстрантите излегоа на улиците да го изразат својот револт поради смртта на курдска студентка од градот, која загина во саботата. Според организацијата за човекови права „Хенгав“ (Hengaw), која од Норвешка го следи третманот на курдското […]

На референдум отповикан градоначалникот на Франкфурт


Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум е сменет од функцијата, покажаа резултатите од вчерашното гласање. Повеќе од 95 отсто од гласачите гласаа за отповикување на Фелдман, политичар од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД). Тој се соочува со обвинувања за корупција и неговиот мандат беше исполнет со гафови. Фелдман го […]

Зеленски: Се подготвуваме за нови руски напади врз инфраструктурата во Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио. – Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на […]

Без струја објекти околу Реонскиот центар во Аеродром и делови од Илинден, Јурумлери и Сопиште


  Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисници околу Реонскиот центар во Аеродром, во населбата Илинден и во селата Јурумлери и Сопиште, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје. Според информациите што центарот ги добил од ЕВН од 09 до 14 часот без струја ќе […]

Ќе има ли консензус на партиските лидери на средбата со Ковачевски


  Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Собранието ќе одржи средба со лидерите на парламентарните политички партии, на која треба да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус. – Средбата која ја свикува претседателот на […]

Обвинителите ќе бираат шеф на Обвинителството за гонење на oрганизиран криминал и корупција


  На непосредни избори денеска јавните обвинители од земјава ќе гласаат за избор на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). На гласачкото ливче се четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица […]

Дијалогот поважен од кога било: Официјална Тирана за состојбата на северот на Косово


  Реагирајќи во врска со тензичната ситуација во северот на Косово официјална Тирана изразува загриженост и оценува дека дијалогот е поважен од кога било. Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е […]

Жрепката за осминафиналето во ЛШ денеска во Нион


  Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион денеска напладне ќе бидат одредни паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Пласман меѓу 16. најдобри обезбедија по четири англиски и германски екипи, три од Италија, две од Португалија и по една од Шпанија, Белгија и Франција. Жрепката од групата на носители ја чекаат Бnерн […]

Магла по одделни котлини, преку ден сончево со мала облачност


  Претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и […]

Убиен рускиот свештеник што ги советуваше жените да раѓаат повеќе деца за во војска


Рускиот свештеник Михаил Васиљев, кој им предложи на руските мајки да раѓаат повеќе деца за да не се плашат да ги испратат своите возрасни синови во војната на  Русија против  Украина, штотуку беше убиен во Украина. Руската православна црква соопшти дека Михаил Василјев е убиен во „областа на специјалната воена операција во Украина“, односно во […]

(ВИДЕО) Киев во мрак


  These black outs move Kyiv residents from sympathy & friendship we feel to our city, to pure love and admiration. So strong, that you feel touched, emotional and even dizzy while looking into dark and rarely bright windows; and thinking about the residents inside pic.twitter.com/elYQxND50u — Nataliya Gumenyuk (@ngumenyuk) November 6, 2022

Србија зема кредит за да го урне Савскиот мост во Белград!?


  Србија ќе земе заем од 80 милиони евра од француска банка со гаранција од Кинезите, за да го урне Савскиот мост во Белград. Истиот договор предвидува и изградба на нов мост, а вредноста на вкупните работи се проценува на 94 милиони евра. Поранешниот архитект на Белград Ѓорѓе Бобиќ за телевизијата Н1 вели дека стариот […]

Тинејџерот Руне беше посилен од Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз


  Данскиот тинејџер Холгер Руне направи неверојатен кам-бек за да ја обезбеди најголемата победа во својата кариера победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 3:6, 6:3, 7:5 во финалето на парискиот Мастерс во неделата. Со тоа Руне го оневозможи Ѓоковиќ да ја освои рекордната 39-та титула на мастерсите. Руне (19), кој е пријател и поранешен партнер во […]

Сојузниците на Трамп се свртеа против него: Каков идиот!


Конзервативните коментатори кои обично се сојузници на Доналд Трамп се свртеа против  поранешниот претседател откако тој тргна по републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис во саботата. Трамп му се потсмеваше на ДеСантис како „Рон ДеСантимониус“ додека разговараше за републиканските претседателски прелиминарни избори во 2024 година на митинг во Пенсилванија. Тој и Трамп нашироко се сметаат […]