Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новата амбасадорка на САД Прајс Агелер


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер. На 5 август демократското мнозинство во Сенатот на Твитер објави дека Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари […]

Заостануваме во модернизацијата на противпожарните единици во однос на регионот


  Северна Македонија заостанува во модернизацијата на противпожарните единици во однос на регионот. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески во разговор за МИА вели дека Хрватите, Грците и Бугарите уште многу одамна направиле големи вложувања во противпожарните единици, а многу пред нас се и Црногорците и Србите. Просечната старост на противпожарните […]

Сончево со мала до умерена облачност


  Во одделни котлини денеска претпладне ќе има магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен, соопштија од Управата […]

Медиуми: Ливерпул оди на продажба


  Компанијата „Финвеј спортс груп“ (FSG), која е сопственик на Ливерпул, одлучи да го продаде англискиот фудбалски прволигаш, јавија вечерва британските медиуми. Според добро информираниот портал „Атлетик“, сопствениците на Ливерпул ги повикале заинтересираните страни да испратат понуди. „Форбс“ во мај годинава ја процени вредноста на Ливерпул на 4.45 милијарди долари. Сопственик на FSG е американскиот […]

Како да ги блокирате здодевните реклами на мобилните?


Без разлика дали имате iPhone или Android паметен телефон, овој водич ќе ви објасни како да ги блокирате рекламите на вашиот омилен уред. Малкумина сакаат да гледаат реклами додека користат апликации или сурфаат на интернет. Тие се еден од изворите на приход за различни услуги и веб-страници, па затоа треба да имате одредено разбирање за […]

(Видео) „Ауди“ го најави „Q8 e-tron“


Премиерата е за два дена, но првите информации веќе протекоа. Тоа што е важно е дека „e-tron“ оди во историјата. Барем кога е името во прашање. Имено, електричниот „SUV“ сега ќе оди во склоп со моделот „Q8“, а ќе се нуди во изведба „Sportback“. Ауди засега ја откри само силуетата на моделот, но сосема е […]

Маж од Тирана шест години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа без вода и струја


Ѓерѓ Лачи (52) од Тирана е уапсен во неделата под сомнение дека сопругата и синовите со години ги држел затворени во куќата и им забранувал да имаат контакт со надворешниот свет. Како што пишуваат албанските медиуми, Лачи со години живеел во Италија, а потоа се вратил во родната Албанија, каде заедно со семејството живееле во […]

Ако не поевтинат прехранбените производи, државата има други механизми, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека за следната година државата ќе има доволно пари и тие ќе бидат под најдобри можни услови на пазарот. Смета дека производителите на основните прехранбени производи ќе ги намалат цените за најмалку 10 проценти, а во спротивно, како што вели, државата има механизми да интервенира за нивно намалување. Тој вечерва […]

Жештините во Европа годинава однеле најмалку 15.000 животи


  Најмалку 15.000 смртни случаи во Европа се директно поврзани со големите топлотни бранови што го погодија континентот во летото 2022 година, според нецелосната проценка објавена од СЗО денеска, по повод КOП27 за климата. Летото во 2022 година беше најжешкото на Стариот континент откако беа направени мерења, што предизвика бројни температурни рекорди и драматични пожари. […]

Летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година


  Климатските промени забрзано ги топат замрзнатите региони во светот, а најзагрозен е летниот арктички морски мраз, кој сигурно ќе исчезне до 2050 година, се вели во извештајот објавен денеска од истражувачката мрежа на Меѓународната иницијатива за криосфера и клима. Во извештајот се соопштува дека само оваа година на источен Антарктик врнело дожд во март кога температурите на воздухот биле невообичаено високи […]

ЕП2022: Македонските ракометарки поразени од Холандија


Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва во Скопје од Холандија со високи 30-15 (17-9) во рамки на 2. коло во групата Ц на Европското првенство. Македонските ракометарки во првото полувреме тешко го наоѓаа патот до холандскиот гол, што во комбинација со големиот број технички грешки и нереализирани удари од чисти позиции во нападот резултираше противничките […]

Минатата недела регистрирани 196 ковид случаи, преку Мој термин пријавени осум починати


  Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје, информира дека во текот на минатата недела, од направени 3.281 тест, регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19, што е намалување од 14,8 проценти во однос на минатата недела. Во текот на изминатата недела, не се пријавени починати лица. А согласно Регистарот […]

Јолевски очекува наследникот на Русковска да заврши повеќе предмети


  Очекуваме дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе си ја завршува работата онака како што треба и оти новиот шеф ќе си ги преземе сите мерки за да функционира според оние задачи и задолженија кои ги има. Дека ќе се гони криминалот, односно ќе се завршуваат повеќе предмети кои се во надлежност […]

Најмалку седум загинати во тешка сообраќајка во Турција


Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот судир на камион и патнички автобус во провинцијата Агра на истокот на Турција. „Седум наши граѓани ги загубија животите кога автобусот налета на камион и се запали“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“. Силен црн чад извира од местото на несреќата, а локалните […]

Ковачевски: Кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград ќе одам и јас


  Јас во Бугарија сум одел на многу средби, и кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград и тогаш ќе одам и јас, рече премиерот  Димитар Ковачевски во одговор на прашање во однос на недостигот на наши државни претставници во врска со посетите на Македонците во Бугарија во споредба со бугарските државни претставници кои […]

Утре без вода делови на Центар


Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради санирање дефект на приклучок на цевка од ф2 на улицата „Тетовска“ бр. 38, прекинато водоснабдување имаат корисниците на следните улици: „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Свештарот“, дел од булеватот „Кочо Рацин“, Полициската станица Пролет, амбулантата „Пролет“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

Ограбено малолетно дете во паркот „Жена борец“ во Скопје


На малолетно дете му било одземен личен предмет со закана, во паркот „Жена Борец“, во Скопје. Случајот го пријавил неговиот татко, информираат од МВР. -На 06.11.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Центар, Е.К. од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на ул.„11-ти Октомври“, во парк „Жена Борец“, едно лице со закана одзело личен предмет […]

КОП27: Формирана група за контрола на исполнувањето на ветувањата за запирање на уништувањето на шумите


Повеќе од 25 земји на климатскиот состанок КОП27 во Египет формираа група во рамките на која меѓусебно ќе се надгледуваат дали го почитуваат ветувањето дека ќе го запрат уништувањето на шумите во 2030 година, а истовремено најавија и милијарди долари помош за спас на шумите. Првиот состанок на новото партнерство со кое претседаваат Гана и […]

Ребел Вилсон стана мајка: Ројси Лилијан е моето чудо


САД– Ребел Висон, ѕвездата на Pitch Perfect (42) на Инстаграм објави дека добила девојче со помош на сурогат мајка. „Горда сум што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројси Лилијан. Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам за неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите […]

Во Косово досега 578 Срби поднеле оставки


Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечља денеска изјави дека досега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки. На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Аљбин Курти тој рече дека тие оставки се резултат на уцени. „Официјално се поднесени 578 оставки, од кои 461 се од полицијата за јавен ред, 107 од граничната […]