(Видео) „Ауди“ го најави „Q8 e-tron“


Премиерата е за два дена, но првите информации веќе протекоа.

Тоа што е важно е дека „e-tron“ оди во историјата. Барем кога е името во прашање. Имено, електричниот „SUV“ сега ќе оди во склоп со моделот „Q8“, а ќе се нуди во изведба „Sportback“.

Ауди засега ја откри само силуетата на моделот, но сосема е јасно дека ќе станува збор за далеку поатрактивен автомобил. Кога е погонот во прашање, се зборува за неколку варијанти, додека топ изведбата би требало да биде „SQ8 e-tron“ со три електромотори.

За силата и перформансите е прерано да се зборува, но 500 коњски сили и батерија од барем 95 kWh капацитет е најмалку што може да очекувате.

Ако во равенката ја вметнеме просечната потрошувачка, која се движи од 19,5 до 24,4 kWh, во зависност од перформансите и моќноста, јасно е дека може да очекуваме значително подобар досег.

Кога се перформансите во прашање, „Audi“ сигурно нема никому да остане должен. Но, затоа би можел да им остане должен на оние кои ќе се одлучат да го купат автомобилот. Цената би можела да биде поприлично висока.