Утре без вода делови на Центар


Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради санирање дефект на приклучок на цевка од ф2 на улицата „Тетовска“ бр. 38, прекинато водоснабдување имаат корисниците на следните улици: „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Свештарот“, дел од булеватот „Кочо Рацин“, Полициската станица Пролет, амбулантата „Пролет“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот (Општина Центар).

 

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПОВРЗАНИ АРТИКЛИ:
СЛЕДНОПризнанија и награди на најуспешните наставници од средните училишта на град Скопје
ПРЕТХОДНО(Видео) Пендаровски: Извештајот на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусирамеБИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
МАКЕДОНИЈАХусеин: Како институција ги почитуваме законските рамки и одговараме во согласност со нивОбјавено пред 55 минути – 7 ноември, 2022Од Макфакс
Заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин, денеска се сретна со претставникот на коалицијата „Менуваме“, Суаред Алишан. На средбата разговараа за предлозите од коалиција „Менуваме“ во однос на покачувањето на додатокот за попреченост и негово врзување со просечната плата.

Добивај вести на вибер
„Во изминатиот период донесовме антикризни мерки со кои на лицата со попреченост ќе им бидат доделени 3.000 денари за 4 месеци. Изминатата недела со измените на Законот за детската заштита беше зголемен посебниот додаток за 15 %. Како Влада и Министерство за труд и социјална политика постојано се залагаме за унапредувањето на животот на лицата со попреченост и со нашите постапки докажуваме дека имаме слух за нивните барања“, рече Хусеин.
Во однос на предлозите на Алишан, заменик-министерот Хусеин рече дека сѐ што влегува во законската рамка може да биде разгледано.

„Додатокот за попреченост се покачува во согласност со порастот на трошоците, тоа е законска рамка од која не може да се излегува. Министерството за труд и социјална политика ги креира своите политики и мерки во согласност со донесените закони“, изјави Хусеин.

Заменикот посочи дека како здруженија треба да ги усогласат барањата што ги имаат за лицата со оштетен вид и во согласност со барањата ќе може да се постапува.

На крајот од средбата заменик-министерот рече дека Министерството за труд и социјална политика е отворено за соработка и дека е секогаш тука за граѓаните и нивните потреби. Тој посочи дека најдоброто решение може да се донесе само преку континуиран дијалог, од кој придобивки ќе имаат корисниците.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…МАКЕДОНИЈАКовачевски по четиричасовната лидерска средба: Отворена дискусијa без заеднички заклучоциОбјавено пред 1 час – 7 ноември, 2022Од Макфакс
По четири часа, заврши лидерската средба за која премиерот Димитар Ковачевски истакна дека била отворена дискусија, но без конкретни заеднички заклучоци.

Добивај вести на вибер
„Пред нас стојат многу предизвици и затоа важна е деблокадата на Собранието за да се донесат важни реформи. Не смееме да дозволиме уставните измени да бидат пречка што сами ќе си ја поставиме. Да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент во ЕУ. Не е време за поделби. Ќе се формира собраниска група, која ќе се грижи реформите да не стојат во место. Првиот приоритет е европскиот пат, па интересите на политичките партии. Никој нема да биде кочничар“, рече Ковачевски по лидерската средба во Собранието, што ја иницира тој, а ја прифатија речиси сите политички партии.

На лидерската имаше дискусија за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени, кои се услов за преговорите со ЕУ.

На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и претседателот на Движењето Беса.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…МАКЕДОНИЈААхмети: Приоритет се уставните измениОбјавено пред 1 час – 7 ноември, 2022Од Макфакс
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е задоволен од конструктивноста на лидерите по средбата во Собранието.

Добивај вести на вибер
„Разлики имаше, но беше конструктивна. Се надевам дека ќе продолжиме со овие средби за да се гради заедничка стратегија за да ја промениме денешницата. Доминираа рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи за да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако не се отворат прашања од минатото, ќе нѐ спречат да одиме кон иднината. Ние сме тие што бараме членство во ЕУ. Приоритет се даде на уставните измени“, рече Ахмети по лидерската средба во Собранието, што ја иницира премиерот Ковачевски, а ја прифатија речиси сите политички партии.

На лидерската се дискутира за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени, кои се услов за преговорите со ЕУ.

На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и претседателот на Движењето Беса.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…