Ангелов бара 75 отсто од бездомните кучиња да бидат стерилизирани за да се намалат каснувањата


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска информира дека се забележува благ тренд на зголемување на нападите од бездомни кучиња врз луѓе. Денеска, како што посочи тој на прес-конференцијата во ЦУК, на координативната средба со претставници на МВР, АХВ, на ЗЕЛС, на Град Скопје, на Лајка, на Анима Мунди, Ветеринарна комора […]

Со заладувањето на времето нови рестрикции на струја во Украина


Државната украинската електроенергетска компанија Укренерго објави дека воведува нови рестрикции на електрична енергија поради студеното време. „Поради заладувањето, неопходни се нови намалувања на потрошувачката на електрична енергија. Имено, поради постуденото време се зголемува потрошувачката на електрична енергија, што доведува до зголемено оптоварување на опремата и недостиг на електрична енергија во системот“, објави Укренерго во соопштението […]

Од струен удар починал 53-годишен тетовец


 Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај кај 53-годишник од градот поради струен удар. Човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер. -Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерно одделение во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 53-годишниот А.М., кој претходно доживеал струен удар додека […]

“Песни за љубов и копнеж” – во живо со Каролина, Дуке и Исмаил во декември во Филхармонија


Авалон Продукција го претставува својот предновогодишен, последен проект за 2022 година-  проектот ,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил, кој во пакет претставува студиски албум и концертна промоција на истиот која ќе се одржи на 23 декември во Македонската филхармонија. Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” е сочинет од 11 од најубавите, […]

Османи: Рекордно ниво на размената со Бугарија, приоритет инфраструктурното поврзување


  Северна Македонија и Бугарија бележат рекордно ниво на трговска размена, а постои уште поголем потенцијал за динамизирање на соработката во енергетиката, земјоделството, здравството…Во наредниот период мора да се посвети максимално внимание на поставените приоритети за целосното инфраструктурното поврзување на Коридорот 8, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната официјална посета на Софија. […]

Октомври 2022 година најтопол во последните 30 години во Европа


  Октомври 2022 година беше најтопол во Европа во претходните 30 години, објави денеска Европската климатолошка служба Коперник, според која просечните температури биле „речиси 2 степени Целзиусови повисоки од референтниот период од 1991 до 2020 година“. Европската служба, која нема споредливи отчитувања пред периодот 1991-2020 година, веќе објави дека летото 2022 година било најжешкото досега […]

Милков: Имаме интерес да го вратиме позитивниот дневен ред во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија


Бугарија е заинтересирана да биде вратен позитивниот дневен ред во односите со Северна Македонија, нешто што изминатите месеци е загубено, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, на заедничката прес-конференција во Софија со неговиот македонски колега, Бујар Османи.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, Милков нагласи дека е парадокс да […]

Од Ана Винтур до Ким Кардашијан: Црвениот килим на американската мода (фото)


САД– Со црвениот килим на Cipriani South Street  во Њујорк и многу холивудски ѕвезди, синоќа, се одржа гала настанот на Советот на модни дизајнери на САД на чело со Том Форд. На годишниот настан, кој ја препознава извонредноста во американскиот моден дизајн, доделени повќе награди. Лени Кравиц ја доби наградата  Модна икона, основачите на Chrome […]

Има предизвици, но иднината е светла, порача новата американска амбасадорка Агелер


  Новата амаериканса амбасадорка Анџела Агелер денеска и и официјално стапи на функцијата откако му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски. На церемонијата во Вилата Водно, Агелер, која служеше пред дваесетина години во амбасадата во Скопје, рече дека „имав голема привилегија да служам тука, во оваа прекрасна земја, чијашто култура, луѓе, јазици и […]

Одбраната на Рашковски бара Русковска да биде повикана како сведок за случајот „Софтвери“


Одбраната на Драги Рашковски бара јавната обвинителка Вилма Русковска да биде повикана како сведок за случајот „Софтвери“, во кој тој како поранешниот генерален секретар на Владата, заедно со уште шест лица се терети за нелегалната набавка на софтвер. Драги Рашковски, на излегување од Судот по денешното рочиште за предметот, во изјава за медиумите рече дека […]

Деспот, тиранин, Хитлер – така го нарече Арсовска Славески


  По паузата од 15 минути во Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска излезе на говорница да одговара на советничките прашања, но претседателот на Советот, Трајко Славески ја повика да седне до него за да може да се слушнат одговорите. Но, момче од службите на Арсовска ѝ донесе преносни слушалки и микрофон, по што […]

Рашковски ја повикува Русковска на директно соочување


Драги Рашковски,  поранешниот генерален секретaр на Владата, до судот поднесе предлог како сведок да биде повикана шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во заминување, Вилма Русковска за да се соочи со неа во судницата и да докаже дека целиот процес против него е монтиран „Мислам дека е крајно коректно ако […]

Лени Кравиц ја прими наградата „Модна икона“  од американските дизајнери


САД– Поп-ѕвездата Лени Кравиц  синоќа на гала свечаност во „Каза Кипријани“ во Њујорк ја прими наградата „Модна икона“ што ја доделува Советот на американските дизајнери на чело со Том Форд . Наградата ја прими облечен во брендот  LaQuan Smith – носеше хибриден горен дел кој беше комбинација помеѓу скроена јакна и елек со пердуви. Кравиц […]

Кој и за колку пари наредил Светското првенство да се игра во Катар. Еве што вели Сеп Блатер


  Светското фудбалско првенство во Катар започнува за 12 дена, а сега се огласи и Сеп Блатер (86), поранешниот претседател на ФИФА. Швајцарецот Блатер беше првиот човек на ФИФА од 1998 до 2015 година и под негова ингеренција Катар ја доби организацијата на Светското првенство, со што многумина и денес не се согласуваат. Блатер во […]

СЗО/Европа: 32 отсто од седумгодишните деца во Македонија со зголемена телесна тежина, 15 проценти дебели


Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Северна Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажуваат најновиот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI). Според Извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво дистрибуирана и кај машките и кај женските деца, но има разлика од […]

Сѐ е во парите – Унгарија попушта под притисокот на ЕУ


  Виктор Орбан ќе попушти, само тоа да не изгледа како пораз. Унгарија предложи обемни реформи во судството во обид да се деблокираат грантови од 7,2 милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата, според документите што ги видел „Политико“. Увертирата е последниот пресврт во повеќемесечниот судир меѓу Брисел и Будимпешта околу парите, […]

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница одложено за 7 декември


Основниот суд во Тетово и денеска го одложи почетокот на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица. Судијата Јордан Велковски го одложи судењето за 7 декември 2022 година во 10 часот откако еден од обвинетите, докторот Бобан […]

Во петок дожд и снег на повисоките места


Во следните два дена ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Според најавите од УХМР, во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. 

ОН 18 ноември го прогласија за Светски ден на превенција од сексуална злоупотреба на деца


 Генералното собрание на Обединети нации ја одобри резолуцијата со која 18 ноември е утврден за Светски ден на превенција од сексуална злоупотреба на деца. На Светскиот ден на превенција од сексуална злоупотреба на деца ќе биде истакната потребата од превенција, сторителите да бидат изведени пред правдата и на жртвите да им се даде глас како […]