Левица реагира: Работниците на принуден одмор, директорот на Македонски железници се луксузира


Македонски Железници -Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на “доброволен” привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.Иако во законот не постои термин “доброволно”, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука […]

Одбраната изнесува докази во судењето за убиството на Тот


Со изведување докази од одбраната, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во скопскиот Градски парк. На претходното рочиште, на предлог на одбраната сведочеа д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија, кои ја […]

Единствен кој што е во ќорсокак во оваа држава е опозицијата, вели Ковачевски


  Единствен кој што е во ќорсокак во оваа држава е опозицијата, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како Владата мисли да го надмине ќорсокакот во Собранието за да може да се донесат законите со кои се предвидени мерки за надминуавње енергетската криза. Тој зборуваше на прес-конференција посветена на енергетиката на […]

Ковачевски: Не се разговара за влез на Алијансата за Албанците во владата


Ме радува дека ставовите коишто се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка во партијата Алијанса за Албанците, но во моментов не се разговара за конкретна соработка околу приклучување кон владата, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали Алијанса за Албанците ќе стане владин партнер. -Секогаш сакам да функционирам на основа на факти и […]

(Видео ) Слави 101 роденден и има урнебесен одговор на прашањето „како?“


Симпатичната баба Мери Флип го прослави својот 101 роденден, а преживеала многу: од Втората светска војна, времињата што сменија 18 американски претседатели, до свет без мобилни телефони и телевизори. Била многу млада кога ја загубила мајка си. Имала само 15 години кога била сосема сама. По полнолетството решила да се пресели во Мексико, каде што […]

Дојавите за бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади


Дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади, смета премиерот Димитар Ковачевски. – При таквите дојави МВР мора да интервенира бидејќи се работи за училишта. Не случајно таргет им се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца. Секторот за електронски криминал ги испитува сите […]

Тупанчевски смета дека новиот начин за избирање обвинител покажал слабости


Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) остануваат неколку параметри кои се недефинирани до крај и најави измени, во смисла на построги правила и критериуми. – За избор ќе мора да се додаде цензусот и тоа дали ќе има потреба […]

(Фото) Во Италија пронајдени совршено сочувани древни бронзени статуи


Италијанските археолози во Тоскана ископале 24 прекрасно сочувани бронзени кипови за кои се верува дека потекнуваат од староримско време. Статуите се откриени под калта во една древна бања во Сан Касцијано дел Бањи, град на врв на рид во покраината Сиена, околу 160 км од Рим. Ја прикажуваат Хигиеја, Аполон и други-римско-грчки богови, а се […]

Град Скопје уверува дека линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат


Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии. Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје. Договорот со […]

ДКСК има забелешки на начинот на кој е избиран Ислам Абази


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има забелешки за начинот на кој се избираше првиот човек во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), изјави денеска претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, посочувајќи дека тоа што во јавноста излегоа фотографии на новиот шеф на Обвинителството, Ислам Абази со првите луѓе […]

Николоски: Во 2023 има средства за зголемените плати од годинава и за усогласување со минималната плата


  Во Предлог-буџетот за 2023 година точно и прецизно се планирани средства за плати согласно растот на минималната плата и усогласувањето кај останатите вработени, содржи 250 милиони евра за справување со кризата, средства за зголемените пензии, а ѕвезда водилка на овој Предлог-буџет ќе бидат капиталните инвестиции. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски во […]

ЦУК: Почина планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв


  Почина вториот планинар, по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв, објави денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Фејсбук. – Второто пронајдено лице е починато и се уште се наоѓа на местото на настанот. За да биде пренесено ќе треба претходно да […]

Шон Пен му го даде оскарот на Зеленски


Американскиот актер Шон Пен му ја даде наградата Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на главниот град Киев, јави Би-Би-Си. На видеото објавено на каналот Телеграм на Зеленски, исто така се гледа како претседателот на Украина му го врачува украинскиот Орден за заслуги на Пен. Шон Пен, кој е познат […]

Џони Деп на модна ревија на Ријана


САД– Џони Деп допрва треба да се врати „на голема врата“ во Холивуд по неговата судска победа против Амбер Харт оваа година, но тој веќе добива голема поддршка од американскиот џет-сет. Ријана, меѓу другите познати личности, ја повика и ѕвездата на „Пирати од Карибите“ на модна ревија на брендот „Севеџ Екс Фенти, 4. дел“. Облечен во […]

Ѓукановиќ за протестот во Подгорица: Нè има, ќе нè има и Црна Гора ќе ја има


Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), кој не учествуваше, но го поддржа синоќешниот протест во Подгорица, на Твитер објави фотографија од тој митинг и порача дека Црна Гора ќе ја има. „Нѐ има, и тоа како нѐ. Ја има и Црна Гора. Слободна, граѓанска, мултиетничка, независна. И ќе ја има Црна […]

Клиниката за хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта


Делегација од Европската команда на армијата на САД денеска ја посети ЈЗУ Клиника за хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со средства од програмата за помош Командата обезбедени преку Амбасадата на САД во нашата земја во висина од милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште […]

Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД


  Демократите изутринава го освоија потенцијалното одлучувачко место во сојузната држава Пенсилванија, за контрола врз Сенатот, каде Џон Фетерман го победи следбеникот на Доналд Трамп, д-р Мехмет Оз, јавија телевизиските канали Фокс њуз и Ен-би-си. Човекот кој доживеа мозочен удар во мај, Фетерман се натпреваруваше за место во Сенатот со суперѕвездата Мехмет Оз, најследената личност […]

Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје


 Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Како што дознава „Независен“, дојава за бомба има и во средното училиште „Владо Тасевски“, во скопски Аеродром. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со измерени 10 степени, информираат од УХМР. Во 7 часот се измерени 2 степени во Тетово, Маврови Анови, Лазарополе и Битола, 3 во Скопје-Петровец, и Крива Паланка, 4 во Прилеп, Штип и Попова Шапка, 5 во Струмица, Демир Капија, Охрид, […]

Скопје прозвучи светски: Бетовеновата Деветта симфонија со пијанистот Дино Имери не воодушеви до болка


На јазикот на класичната музика синоќа во преполната мала камерна сала на Филхармонија, беше „allegro ma non troppo, un poco, molto vivace, adagio molto e cantabile, finale“. На јазикот на емоциите, делниците  на прочуената Деветтата симфонија оп. 125 од Лудвиг ван Бетовен на само едно пијано, талентираниот пијанист од помладата генерација Дино Имери (1990), ги […]