(Во живо) Прес-конференција на премиерот Ковачевски за снабдувањето со струја


Проследете ја прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски, на која во фокусот е снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите од прехранбената индустрија, водостопанства и училишта. На прес-конференцијата присуствува и генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Швајцарија и Србија не ја минаа групната фаза на ЕП за ракометарки


 На женското Европско првенство во ракомет синоќа се завршија натпреварите во А и Б групите по кои елиминирани се репрезентациите на Швајцарија и на Србија. Во „балканското дерби“ Словенија ја победи Србија и си обезбеди настап во главната рунда, додека Данска беше поуспешна од Шведска во „скандинавското дерби“. Резултати: Хрватска – Швајцарија 26:26 Словенија – […]

Извештај на Европарламент: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање граѓани


Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент. „Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, […]

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс


 Компанијата „Мета платформс“ од денеска почнува со отпуштање вработени, соопшти извршниот директор Марк Закерберг пред стотици раководители, пишува „Волстрит џурнал“ (WSJ). Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени неколку илјади вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година. Весникот, повикувајќи се на извори, додава дека Закерберг се појавил вознемирен на состанокот […]

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари


Елон Маск продаде акции на „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари. Според поднесоците на американската Комисија за хартии од вредност. во рок од неколку дена, од петокот до вчера, продадени се 19,5 милиони акции. Уделот на Маск во сопственоста на компанијата „Тесла“ во моментов изнесува 14 проценти. Вредноста на акциите на компанијата само […]

Сеул: Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета


Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета кон своето Источнокинеско Море. Генералштабот на армијата на Јужна Кореја не соопшти колкав бил дострелот на проектилот. Лансирањето претставува продолжување на неодамнешните демонстрации на вооружување на Северна Кореја, вклучително и десетици проектили минатата недела, кои Пјонгјанг ги нарече симулирани напади врз јужнокорејски и […]

Ковачевски ќе информира за снабдувањето со струја на прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата


Премиерот Димитар Ковачевски, во присуство на  директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска ќе одржи прес-конференција за снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите од прехранбената индустрија, водостопанства и училишта. Со одлука на Владата поевтина електрична енергија треба да добијат 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици. Тие ќе се снабдуваат […]

Инвеститори од Дубаи се подготвени да го купат Ливерпул за пет милијарди долари


  Компанијата „Dubai International Capita“ е меѓу понудувачите за купување на Ливерпул. Инвеститорите од Дубаи се подготвени да платат пет милијарди долари (4,5 милијарди фунти) на „Fenway Sports Group“ која го стави англискиот клуб на продажба по 12 години сопственост. Ова нема да биде прв обид на „DIC“ да го преземе клубот од Мерсисајд, бидејќи […]

Откажани летови поради штрајк во Белгија


Најголемиот аеродром во Белгија, бриселскиот „Завентен“, денеска ќе откаже половина од предвидените летови, а ниту еден авион нема да полета од базата на Рајанер поради штрајк на синдикатите, незадоволни од падот на куповната моќ. Најголемиот аеродром во Брисел, што во септември имаше два милиони патници, соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ и оти голем број летови […]

Сунак ја прифати оставката на министерот Вилијамсон


  Британскиот премиер Риши Сунак вчеравечер ја прифати оставката на Гевин Вилијамсон како министер без ресор, откако во јавноста се појавија обвинувања дека извршил мобинг врз колеги и навредувал близок соработник на поранешната премиерка Лиз Трас. Министер Вилијамсон прво синоќа ја соопшти својата оставка од новата конзервативна влада, откако беше обвинет за „неморално“ однесување и […]

Силен земјотрес во Италија кај Римини, 5,7 степени според Рихтеровата скала


  Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во средата наутро околу 7 часот. Земјотресот се случил во 7 часот и 7 минути, на 67 километри од крајбрежниот град Римини, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, […]

9 ноември во историјата – Нацистите го спроведоа погромот Kristallnacht


  На 9 ноември 1938 година, во настан кој ќе го навести холокаустот, германските нацисти започнаа кампања на терор против еврејскиот народ и нивните домови и бизниси во Германија и Австрија. Насилството, кое продолжи и на 10 ноември, а подоцна беше наречено „Kristallnacht“, или „Кристална ноќ“, по безбројните скршени прозорци на установи во сопственост на […]

Пронајден планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв


  Пронајден е планинарот по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв. Синоќа околу 20 часот беше пронајден и планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил […]

Републиканецот ДеСантис, можен претседателски кандидат во 2024., повторно избран за гувернер на Флорида


  Републиканецот Рон ДеСантис, потенцијалниот противник на Доналд Трамп за републиканската номинација за претседателските избори во 2024 година, вчера беше реизбран за гувернер на Флорида, објавија американските медиуми. ДеСантис, како ѕвезда во подем на тврдата американска десница, лесно ја освои Флорида победувајќи го поранешниот гувернер Чарли Крист, поранешен републиканец кој ја смени партијата, објавија Еј-би-си […]

Затворени гласачките места во САД: Тесна трка за Сенатот, извесна победа на Републиканците за Претставничкиот дом


  Со затворањето на гласачките места во Алјаска, заврши долгата изборна ноќ во САД, во која гласачите од 50 сојузни држави и шест временски зони го дадоа својот глас на меѓуизборите за да ги изберат своите претставници во Претставничкиот дом и во Сенатот. Победата на Републиканците во Конгресот е речиси извесна, додека трката за Сенатот […]

Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер


  Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти сеизмолошкиот центар во државата, а локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно информираше дека станува збор за земјотрес со интензитет од 5,6 степени. Земјотресот ги стресе граѓаните на Непал утрово во два часот по локално време, […]

Во изборната трка за 36 гувернери во САД актуелните главно ги задржаа функциите


  Покрај конгресните, вчера во САД се одржаа и избори за гувернери во 36 американски држави, а ситуацијата во голема мера е непроменета од претходните избори. Иако трката за гувернер привлекува помалку внимание отколку за Конгресот, од друга страна, изборот на гувернер е важен поради прашањата за правата на абортус, правата на трансродовите лица, поседувањето […]

Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra”


  Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска  и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници.   На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која […]

Генерален штрајк во Грција


  За зголемување на платите, колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), денеска почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА […]

Италијанскиот кантавтор Капосела ќе ја затвори балканската турнеја со изведба на италијански фолколрни песни


  Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер ќе биде затворена балканската турнеја на еден од најпознатите италијански кантавтори, Виничо Капосела, кој во придружба на Виктор Хереро, Андреа Ламаќиа и Винченцо Вази, ќе изведе репертоар на италијански фолклорни песни. Концертот е застапен од ИМАРТС (International Music And Arts) со поддршка на регионот Емилија-Ромања, во […]