(Фото) Во Италија пронајдени совршено сочувани древни бронзени статуи


Италијанските археолози во Тоскана ископале 24 прекрасно сочувани бронзени кипови за кои се верува дека потекнуваат од староримско време.

Статуите се откриени под калта во една древна бања во Сан Касцијано дел Бањи, град на врв на рид во покраината Сиена, околу 160 км од Рим.

Ја прикажуваат Хигиеја, Аполон и други-римско-грчки богови, а се проценува дека се стари околу 2.300 години.

Повеќето статуи, кои се пронајдени под бањата заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни пари, датираат мешу вториот век од старата и првиот век од новата ера. Во тој период подрачјето преоѓало од етрурска во римска власт. Еден стручњак вели дека откритието може да ја преиспише историјата, пишува Би-би-си.

Ѝ давате на водата и се надевате дела водата нешто ќе ви врати

Археологто Јакопо Таболи, доцент на Универзитетот за странски државјани во Сиена, смета дека киповите биле потопени во термални води во текот на своевиден ритуал.

„Ѝ давате на водата и се надевате дела водата нешто ќе ви врати“, вели тој.

Статуите, кои ги сочувала водата, ќе се превезат во реставрацискиот центар во Гросето, пред на крај да бидат изложени во новиот музеј во Сан Касчиано.

Масимо Осана, главниот директор на италијанските државни музеи, вели дека овој пронајдок „сигурно е едно од најзначајните откритија на дела во бронза некогаш пронајдени во историјата на древниот Медитеран“.