Портретите на Принс од Енди Ворхол ги добија своите 15 минути слава во пресметката за авторските права на Врховниот суд


  САД– Судиите на Врховниот суд се повикаа на различни уметници како ренесансниот мајстор Леонардо да Винчи и рап-бендот 2 Live Crew во средата додека испитуваа дела од свилен екран што поп-уметникот Енди Ворхол ги направи од рок-ѕвездата Принс ги прекршуваат авторските права на фотографот кој ја снимил оригиналната слика. Некои судии изгледаа скептични дека […]

Маричиќ: Македонија прва во регионот се придружи кон санкциите на ЕУ за руската агресија


Северна Македонија вчера доби позитивен годишен извештај на ЕК за 2022 година. После направениот преглед и анализа од Секретаријатот за европски прашања, ме радува што можам да кажам дека имаме одржливи реформи, препознаен напредок и ни претстојат нови можности, вака вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ го започна својот говор на денешната заедничка прес-конференција со […]

Без вода дел корисниците во населба Жданец


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улицата „Девол“ и дел од улицата „Жданец“ во населба Жднец, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка ф1“ на улица „Девол“ број 54 и ќе трае до санирање на дефектот. 

Синдикатот на културата против намалување на платите на вработените


Синдикат на културата (СКРМ) регира на мерките и препораките за намалување на расходите донесени на седница на Владата. Синдикатот ја повикува министерката Бисера Костадинова-Стојчевска да каже дали ќе ги спроведе мерките и дали во тоа би значело намалување на платите на вработените во институциите од културата во време на голема инфлација и криза. „Откако го […]

Во тек е исплатата еднократна помош за примателите на Гарантирана минимална помош


  Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита од денеска во тек е исплатата на еднократна помош. Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата. -Оваа мерка е дел […]

Кучиња што не се за во семејства со мали деца


Со соодветно учење, надзор и дисциплина, повеќето раси кучиња се прекрасни миленичиња. Но, некои раси се попредизвикувачки од останатите и не се најсоодветниот избор за семејства со мали деца. Станува збор за кучиња кои бараат повеќе тренирање, време и внимание, па затоа не се препорачуваат за помалку искусни сопственици. 1. Ротвајлер Тоа е прекрасно, моќно […]

Бесими во Трезорот на САД по поддршка за развој на јавните финансии и сузбивање на сивата економија


Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА) е подготвена да го поддржи развојот на капацитетите за управување со јавните финансии, како и борбата против сивата економија и политиките за спречување перење пари. Ова беше дискутирано на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и заменик-помошникот на секретарот за техничка поддршка во Трезорот на САД, […]

Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот?


Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за спроведување анкета на јавното мислење. Поточно, се работи за сума од 987.000 денари, а според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, на 10 октомври, Град Скопје, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје, вреден 987.000 денари за спроведување на седум […]

Катастарот со над 1800 професионални корисници, се работи на нови регистри и услуги


Со над 1800 професионални корисници, Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денес преставува модерен и современ регистар на кој се темелат сите имотно-правни односи поврзани со недвижностите, беше истакнато на отворањето на меѓународната конференција што се одржува денеска и утре во организација на АКН по повод јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска […]

Бутел и градските гробишта полни со улични кучиња, се огласија и од „Лајка“


Граѓаните реагираат на голема присутност на улични кучиња во општина Бутел и градските гробишта. Од ЈП Лајка велат дека само изминативе 7 дена се заловени 15 кучиња во овој дел на градот. Заловувачките служби на ЈП Лајка постапуваат постојано на сите градски локации, таргетирајќи ги прво клучните жаришта, како што се конкретно спроведените интервенции во […]

Нема „Марс“ за Германците, САД го прекинаа извозот


Американскиот производител на чоколади „Марс“ ги прекина испораките на германските синџири супермаркети „Реве“ и „Едека“ и нивните подружници за попусти „Пени“ и „Нето“ поради спор околу цените. И покрај интензивните преговори, „Реве“ рече дека нема добра причина да се прифати зголемувањето на цената што Марс го бараше. Ние „експресно“ ги отфрливме барањата на американскиот производител, […]

Битиќи: Препораките за штедење се совети и не се насочени кон УПОЗ или кон некој лично


  Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Во нив се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарско прашање […]

Фестивалот „Литера“ патува во Гевгелија


  Патувачкиот карван на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, утре и в сабота (14 и 15 октомври), ќе застане во Гевгелија. По покана на Домот на културата „Македонија“, фестивалот се одржува во рамките на одбележувањето на детската недела. Децата во Гевгелија ќе можат да учествуваат на работилници за тоа како се […]

Лондон на Украина ќе и испорача ракети способни да соборуваат крстосувачки ракети


Велика Британија ќе и испрати на Украина уште противвоздушни ракети и муниција што може да пресретнува и неутрелизира крстосувачки ракети, соопшти денеска Министерството за одбрана. Британското Министерство за одбрана соопшти дека наредните седмици на Киев ќе му бидат испорачани противвоздушни системи „АМРААМ“, што можат да се користат со противвоздушните системи „НАСАМС“ ветени од САД. Како […]

Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Стабилниот денар е најповолната монетарна стратегија за нашата економија


  Стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви со кое располагаме, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот. Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Ова е најповолната […]

Објавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини


Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини, во рамки на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините”. -За општина Кавадарци, јавниот повик се однесува за реконструкција на четири улици и тоа  „Максим Горки„, „Слога“, „Велко Влаховиќ“, „Димката Ангелот Габарот“. За општина Градско, јавниот повик се […]

Новиот модел на субвенционирање во земјоделството пред Владата


    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска на владина седница ќе биде презентиран новиот модел на субвенционирање. Тој очекува, како што наведува на својот официјален фејсбук профил, земјоделците правилно да ја разберат новата политика. -Ќе го презентираме новиот модел на субвенционирање со што ќе заокружиме почеток на еден важен […]

СОНК и МТСП го потпишаа Колективниот договор – 15 отсто повеќе со секое зголемување на минималната плата


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, го потпишаа новиот Колeктивен договор. -Зголемување на платите на давателите на услуги во јавните установи за деца за 15 отсто и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е една од најактуелните […]

Булеска: Ракот се лекува, потребни се повеќе превентивни прегледи


Ракот се лекува скоро во сите форми. Има типови рак кои се многу излечиви и кои се многу познати на медицинските стручњаци, меѓутоа, се лекуваат доколку се рано детектирани, во рана фаза, додека не се системски многу проширени и не се зафатени некои витални органи. Кај нас, за жал, многу често се оди на лекар […]

„Пари“: Колку поскапеа кредитите и депозитите – ланскиот октомври основната камата беше 1,25%, сега е 3,5%


Кога Светската здравствена организација ја прогласи пандемијата, на 11 март 2020 година, каматната стапка на благајнички записи беше 2 %. Оттогаш, таа прво се намалуваше, за потоа, со енергетската и ценовната криза, постепено да се зголемува до сегашните 3,5 %. Порталот „Пари“ го анализира движењето на основните каматни стапки во овој период и како промените влијаат на кредитирањето и штедењето. Колку за […]