Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот?


Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за спроведување анкета на јавното мислење.

Поточно, се работи за сума од 987.000 денари, а според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, на 10 октомври, Град Скопје, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје, вреден 987.000 денари за спроведување на седум квантитативни истражувања на јавното мислење.

Договорот е склучен пред два дена. Во него не е наведено кои ќе бидат темите на истражувањата и дали со нив ќе се мери рејтингот на градоначалничката.