Земјотрес со јачина од 2,7 степени, епицентарот во Скопје


 Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтеровата скала синоќа е почувствуван во Скопје. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од Кисела Вода, на длабочина од пет километри.

Сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 20 октомври 2022 година, 292-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 73 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов трае 10 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Бугарија во политички јазол: партијата на Петков не сака ротациски претседател на собранието


  Партијата на поранешниот бугарски премиер, Продолжуваме со промената (ПП), одбива повторно да го предложи својот истакначлен Никола Минчев за претседател на собранието. Ова се дозна од прес-конференцијата на ПП во средата доцна навечер во парламентот. „Јасно кажавме дека сме конструктивна опозиција, сега гледате како се однесува конструктивна опозиција – го повлекуваме кандидатот што доби […]

Ден на невиден хаос во Британија, владата на Лиз Трас се распаѓа


  ЛОНДОН – Таа го започна денот надевајќи се на солидна изведба на редовните „Прашања за премиерот“ за да го стабилизира нејзиниот разнишан брод. Но, Лиз Трас влезе во средата навечер со нејзината влада во невиден хаос откако еден од нејзините највисоки министри поднесе оставка, врвниот соработник на Даунинг стрит беше суспендиран и бунтот во […]

Три работи откриваат дали јаболкото е затруено со хемија


За да може плодот да трае подолго во зима, често јаболката се третираат со парафин, кој се добива со преработка на масло. Проблемот со оваа состојка е што е тешко да се преработи, дури ни црниот дроб не е во состојба да ја раствори оваа леплива маса. Парафинот најчесто се користи за јаболка, па затоа […]

Обвинителите дојдоа на уште еден круг поблиску до Себастијан Курц


  ВИЕНА – Централната фигура во скандалот што го принуди австрискиот канцелар Себастијан Курц да поднесе оставка минатата година, се согласи да сведочи против својот поранешен шеф, означувајќи драматичен пресврт во големата истрага што ја разоткри системската корупција во политичкиот систем на алпската земја. Во сведочењето пред федералните обвинители, Томас Шмид, поранешен висок функционер во […]

Следната година се намалува цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан


Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на […]

Матарела два дена ќе има консултации за формирање на новата италијанска Влада


Кабинетот на италчијанскиот претседател, Серѓо Матарела денеска соопшти дека утре и задутре ќе се спроведат консултации за формирање на нова италијанска Влада. На парламентарните избори во Италија, што се одржаа минатиот месец, победи десничарскиот блок, предводен од Ѓорѓа Мелони, лидерката на „Браќата на Италија“, во која уште се и „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио […]

Конте: Во споредба со тоа што беше пред десет години, Манчестер јунајтед, сега имаат лош период


Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, смета дека Манчестер јунајтед сега е во лош период. – Манчестер јунајтед секогаш ќе биде чудовиште за борба. Овој тим има огромен потенцијал од економска гледна точка. Споредено со тоа што беше пред 10 години, сега Јунајтед има лош период. Но, пред само две години, Манчестер јунајтед беше во конкуренција […]

По средбата со Ескобар, Курти ги повика на средба косовските опозициски лидери


Косовскиот премиер, Албин Курти ги покани денеска на средба лидерите на најголемите парламентарни опозициски партии, што би се одржала в петок, на 21 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата ја објави службата за информирање на Владата на Косово, без да даде детали за темата за која премиерот сака да разговара со опозицијата и […]

Борисов и Петков договориле „ротирачки претседател“ во Парламентот


ГЕРБ го прифаќа предлогот на „Демократска Бугарија“ за ротирачко претседателство со 48. бугарско Народно собрание, заедно со „Промените продолжуваат“, јави дописникот на МИА од Софија. Ваквата одлука вечерва ја соопшти лично лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по итниот состанок на Извршниот комитет на партијата, а неговата изјава директно ја пренесуваа бугарските медиуми. -Бугарскиот народ не […]

Ковачев разочаран што власта и опозицијата се обединија околу бугарските здруженија


 Европската комисија и Европскиот парламент уште еднаш ја поддржаа европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Бугарските европратеници, пак, со остри критики кон властите во Северна Македонија. Андреј Ковачев изрази разочарување по обединувањето на власта и опозицијата во Северна Македонија околу носењето на законот за здруженија на граѓани, а Ангел Џамбаски зборуваше за „омраза“ со […]

Милановиќ: Војната во Украина ќе заврши кога Русија ќе победи или ќе дојде до смена на власта во Москва


„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија“. Ова […]

Британската министерка за внатрешни работи поднесе оставка


Британската министерка за внатрешни работи Суела Брејвермен по шест недели на функцијата, денеска поднесе оставка. Таа имаше една од највисоките позиции во британската Влада, со одговорности меѓу кои и надзор на границите на Велика Британија, полиција и борба против тероризам. Суела Брејвермен можеби поднесе оставка поради безбедносно прашање, наведува Би-Би-Си. Сепак, нејзиното писмо со оставка […]

Советот на Градот изгласа распределба на пари за ЈСП најдоцна до петок


Вечерва заврши вонредната седница на Советот на град Скопје, околу проблемот со платите во ЈСП Скопје, на кој советниците изгласаа Градот да префрли пари на претпријатието, за д аможе да се исплатат платите на вработените. Беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да […]

Русија продолжи да ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина


Украинските сили за противвоздушна одбрана денеска соопштија дека Русија повторно нападнала неколку региони на Украина со проектили чија цел била оштетената енергетска инфраструктура.   Властите соопштија дека украинските војници за време на нападот собориле четири руски крстосувачки ракети и 10 беспилотни летала од иранско производство.   Сирените за воздушен напад се огласија повеќе од три […]

Демант: Министерството за локална самоуправа не потрошило туку заштедило 43 отсто струја


Информацијата што денес ја објавија повеќе медиуми повикувајќи се на официјални податоци од Владата, дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани, содржи неточни и невистинити податоци, тврдат од ова Министерство. -Веста, за жал, се заснова на погрешни податоци содржани во официјалната Информација […]

Поради недостиг, да се користи само една доза од вакцината против колера, вели СЗО


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери денеска препорачаа земјите каде што има колера привремено да користат само една доза вакцина наместо две, како што е вообичаено, поради недостиг на светско ниво затоа што е зголемен бројот на заразени од оваа болест која се пренесува преку водата.   Во денешното соопштение на СЗО и […]

Меси е прв фаворит за Златната топка 2022/23 според Goal.com


Франција– Престижниот портал специјализиран за фудбалски вести  „Goal.com“ ја објави листата на фаворити за Златната топка за сезоната 2022/23. Тројца напаѓачи на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе се на првите три места на рангирањето. Топ 10 листата изгледа вака: 1. Лионел Меси (ПСЖ) – 12 гола и 8 асистенции во сезоната 2022/23; 2. […]