Аргентинска двојка по разводот, судски ги подели кучињата


Аргентина– Аргентински суд, првпат во историјата на земјата, додели заедничко старателство над две кучиња, по разводот на брачен пар без деца и им одобри право на посета. Судот во градот Сан Исидро, северно од главниот град Буенос Аирес, му додели старателство над деветгодишната мешана раса Киjара на нејзината 42-годишна сопственичка. За Попај, пак – шестгодишниот […]

Шефот на делегацијата на ЕУ: Нема рок за Србија да воведе санкции кон Русија


  Србија – Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жофре, изјави дека „не постои рок до Белград“ да воведе санкции кон Русија, но дека ова прашање „привлекува внимание“ во европските метрополи и во европскиот Парламентот, пренесе Бета. „Нема даден рок за Белград (да воведе санкции кон Русија), но ова прашање привлекува големо внимание […]

Тен Хаг за ситуацијата со Роналдо: Ќе се справам со тоа


Англија– Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ја коментираше одлуката на напаѓачот Кристијано Роналдо да ја напушти клупата за резерви пред крајот на синоќешниот натпревар со Тотенхем (2:0) во натпреварот од 12. коло на шампионатот на Англија. Триесет и седумгодишниот Португалец ја напушти клупата кога беа направени две замени во 89. минута од средбата и […]

Хакери се закануваат дека ќе објават здравствени податоци на познати Австралијци


Австралија– Хакери се заканија дека ќе објават украдени здравствени податоци на илјадници австралиски познати личности, по инцидентот со информациската безбедност што Канбера го нарече „голем знак за предупредување“. Двесте гигабајти податоци наводно биле украдени од хакери, објави Медијабанк, една од најголемите приватни здравствени осигурителни компании во Австралија. „Тие податоци се однесуваат на местото каде што се […]

Скопјани стигнаа на работа и без автобусите на ЈСП, метеж во градот


Скопје утринава прв пат е без јавен градски превоз, односно возат само приватните автобуси, кои не ги покриваат сите линии. Граѓаните подготвени за ваквата ситуација седнаа во автомобили, што пак, речиси ги блокира улиците. Сепак, нервозата изостана кај оние кои се обидуваа да стигнат до работа, до училиште, на факултат. Сообраќајот се одвива споро, но […]

Изложба на пастели „Девојки и сведоци“ на уметникот Павле Кузманоски


Уметникот Павле Кузманоски од Тетово вечер ќе ги претстави своите дела на нова самостојна ликовна изложба. Ќе бидат изложени пастели на тема „Девојки и сведоци“, а ќе има промоција и на неговата монографија „Урбани пејсажи“. -Промотори се Климе Коробар и академик Витомир Митевски,со пригоден настап на Ибуш Ибраимоски.  Отворањето на изложбата е закажана со почетокот […]

„Кометал ЃП“ и „Лице в лице“ги слават своите јубилеи со инклузивен спортски натпревар


Десетгодишнината од излегувањето на првиот број на „Лице в лице“ и дваесетгодишнината од освојувањето на престижната Лига на шампиони на ракометниот клуб „Кометал ЃП“ ќе биде одбележана денеска во големата спортска сала на Основното училиште „11 Октомври“ со инклузивен спортски натпревар. – Ова воедно е и одбележување на победата на „Кометал ЃП“ во 2002 година […]

Бугарскиот Парламент ќе продолжи со работа по две неуспешни процедури за избор на спикер


Бугарскиот Парламент ќе продолжи со работа претпладнево, по вчерашните две неуспешни процедури за избор на претседател. Медиумите во таа држава јавуваат дека тоа досега е невидена криза при избор на прв човек на националното собрание. Од политичката партија „Продолжуваме со промените“  соопштија дека како конструктивна опозиција го повлекуваат својот кандидат Никола Минчев и нема да […]

Украина воведува рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади


Украина денеска првпат воведуваат рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади што уништија дел од нејзините енергетски постројки в пресрет на зимата. Снабдувањето со електрична енергија ќе биде ограничено од седум до 11 часот наутро, соопштија владини претставници и електро операторот „Укренерго“. Ќе биде ограничено и уличното осветлување. Иако овие ограничувања […]

Mеѓународната манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ 2022 во Музејот на македонската борба


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан од годинашното, петто по ред јубилејно издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Манифестацијата се оддржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски и е поддржана со програмата за 2022 година […]

„Превртено“ на Игор Иванов-Изи во Кинотека по повод 15 години од премиерата


Во Кинотека вечерва во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи по повод 15 години од неговата премиера. Дебитантскиот долгометражен игран филм на Иванов, „Превртено“ (Upside Down) најпрвин беше прикажан во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, каде што беше во конкуренција за наградата „East of West Award“, а […]

Почнуваат разговори меѓу ММФ и владата на Србија за нов аранжман


Србија– Владата на Србија денеска во Белград започнува разговори со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за идни начини на соработка, односно нов стенд-бај аранжман. Во разговорите, како што соопшти Министерството за финансии, треба да се договорат идните реформски цели, како и висината на новиот финансиски аранжман. За време на престојот во Србија, претставниците на ММФ […]

Ана Руцнер со омаж на Есма Реџепова: Танцувајте го својот живот


Хрватска– Хрватската виолончелистка со светска кариера Ана Руцнер и оркестарот на Елвис Бајрамовиќ, годинешниот победник на фестивалот на трубачи во Гуча, ги споија своите таленти и снимија видео клип за песната „Есма“, кој своето место ќе најде на најновиот албум на Ана „Класичен Балкан“. „Есма“ е инспирирана од кралицата на ромската музика и е своевиден […]

Штајнмаер ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини


Германија – Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини, соопштија од неговиот кабинет. Тој бил советуван да не замине во Киев од страна на германските служби и Министерството за надворешни работи. Нагласено е дека посетата сепак ќе се реализира и тоа наскоро. Штајнамер планираше да го посети главниот […]

„Буица“ – концерт со македонскиот виолинист Даниел Лазаревски


Оркестарот на Филхармонија денеска ќе го одржи концертот насловен „Буица“ на кој како солист ќе настапи македонскиот виолинист Даниел Лазаревски. Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и симфониската суита „Шехерзада“ од Николај Римски -Корсаков. Даниел Лазаревски завршува магистерски студии во […]

Извештај на ЕК: Собранието да има активна и позитивна улога во процесот на преговори со ЕУ


Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2022 година се оценува дека работата на Парламентот беше нарушена со политичка поларизација, што го одложи усвојувањето на многу закони. ЕК нотира дека пратениците треба да бидат активни и да имаат позитивна улога во процесот на преговори со ЕУ. -По интензивните дебати, Парламентот донесе заклучоци за предлог […]

Лидерите на ЕУ на средба во Брисел за да разговараат за излез од енергетската криза


Белгија –  Лидерите на Европската унија денеска треба да се сретнат во Брисел на уште еден дводневен самит на кој влијанието на војната во Украина врз енергетскиот пазар на блокот ќе биде фокусна точка. Прашањето за тоа како да се намалат цените на гасот се очекува да ги задржи лидерите фокусирани бидејќи неодамнешниот предлог на […]

Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес


Германија – Со состанок на министрите за внатрешни работи, како што најави германскиот канцелар Олаф Шолц, продолжува берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел за приближување на Западен Балкан до ЕУ. Во Берлин денеска ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки […]

Чешката Амбасада организира конференција „Можности за проширување“


Чешката амбасада во земјава денеска организира конференција „Можности за проширување“, како дел од серијата настани што ги организираат заедно со Амбасадата на Чешка во Бугарија, со цел подобрување на добрососедските односи и дијалогот меѓу Скопје и Софија, како и можностите за зајакнување на економската соработка. На конференцијата обраќања ќе имаат чешкиот амбасадор во земјава Јарослав […]

Скопје без градски превоз


Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 04:30 часот наутро автобусите нема да возат. Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше […]