Конте: Во споредба со тоа што беше пред десет години, Манчестер јунајтед, сега имаат лош период


Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, смета дека Манчестер јунајтед сега е во лош период.

– Манчестер јунајтед секогаш ќе биде чудовиште за борба. Овој тим има огромен потенцијал од економска гледна точка. Споредено со тоа што беше пред 10 години, сега Јунајтед има лош период. Но, пред само две години, Манчестер јунајтед беше во конкуренција за освојување на Премиер лигата и заврши на второто место зад Сити – не заборавајте го тоа. Зборуваме за тим кој секогаш влегува во топ 4, игра во Лигата на шампионите и се бори за трофеи доколку не направи сериозни грешки, изјави Конте за „Скај спортс“.

Тотенхем вечерва од 21:15 часот ќе игра против Манчестер јунајтед. Спарс се на третото место во поредокот во Премиер лигата, додека Манчестер јунајтед е петти.