Бугарија во политички јазол: партијата на Петков не сака ротациски претседател на собранието


 

Партијата на поранешниот бугарски премиер, Продолжуваме со промената (ПП), одбива повторно да го предложи својот истакначлен Никола Минчев за претседател на собранието.

Ова се дозна од прес-конференцијата на ПП во средата доцна навечер во парламентот.

„Јасно кажавме дека сме конструктивна опозиција, сега гледате како се однесува конструктивна опозиција – го повлекуваме кандидатот што доби најмногу гласови“, рече копретседателот на ПП, Асен Василев.

„Не мислиме дека можеме да продолжиме на овој начин и да ја доведеме државата во уставна криза, затоа се враќаме чекор назад, иако мислиме дека Никола Минчев е најдостојниот кандидат, не сакаме да бидеме пречка ГЕРБ да може како најголема политичка формација, ако успее да собере мнозинство, да избере претседател на парламентот. Јасно кажавме дека нема да ги поддржиме ниту на тајно ниту на отворено гласање“, рече Василев.

Другиот копретседател на ПП, Кирил Петков, посочи дека во четврток наутро, кога пратениците повторно ќе се соберат во пленарната сала, Продолжуваме со промената ќе дејствува како опозиција и нема да го поддржи кандидатот за претседател на ГЕРБ.

Според Асен Василев, пратеничката група на ПП ќе одлучи „дали ќе поддржиме кандидат на друга политичка партија“, освен оној на ГЕРБ.

Одлуката на ПП е донесена по фијаското со двата неуспешни обиди да се избере претседател на новото собрание.

Претходно во средата се стигна до втор круг меѓу Никола Минчев, предложен од ПП и Росен Желјасков, номиниран од ГЕРБ.

Претходно, откако беше одлучено седницата да продолжи в четврток, пратеничката група на Демократска Бугарија излезе со идеја за решавање на кризата.

Но неколку часа подоцна, пратеничката група на ПП одлучи да ја повлече својата номинација. Асен Василев ја оправда одлуката со тоа што ротирачкиот претседавач нема да биде решение.