Конференција за премостување на јазот меѓу формалните и неформалните практики во судството на Западен Балкан


Во организација на Институтот за демократија (ИДСЦС) денеска во Скопје ќе се одржи завршната конференција на проектот „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики кои ја обликуваат судската култура на Западен Балкан“. Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, има за цел да отвори дискусија за предизвиците со кои се соочува правосудството и да даде […]

Османи на министерски состанок на Берлинскиот процес


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок. Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан има за цел изградба на рамка за унапредување на односите […]

Македонското и бугарското МНР со изјави за навредите, за ЕУ амбасадорите добрососедството суштинско за евроинтеграциите


Министерството за надворешни работи вчера ги осуди непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ. Бугарското МНР, пак, излезе со став дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската […]

Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ


Германија–Официјални претставници на Западен Балкан и на Европската унија во Берлин договорија мерки за спречување на илегалната миграција на „балканската рута“, од кои најважни се усогласувањето на визната политика на западнобалканската шесторка со стандардите на ЕУ и сузбивањето на шверц на луѓе, соопшти германското МВР. На состанокот на министрите за внатрешни работи како дел од […]

Утрото студено, потоа сончево и топло до 21 степен


Времето денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 октомври 2022 година, 293-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 72 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 10 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Бела куќа: Ирански војници на Крим и помагаат на Русија во нападите врз Украина


  Ирански војници се наоѓаат на Крим, каде им помагаат на руските сили да извршат напади со беспилотни летала од иранско производство врз Украина, соопшти денеска Белата куќа. „Денес можеме да потврдиме дека руските војници со седиште на Крим управувале со ирански беспилотни летала и ги користеле за напади во Украина, вклучително и во Киев […]

Албанската влада го презентира планот на мерки за заштеда на струја, по 22 часот се гасат уличните светилки 


  Албанската влада доцна попладнево до Парламентот  го достави планот – мерки за заштеда на електрична енергија.   Со документот предвидено е по 22 часот да се гасне осветлувањето на секој главен и спореден меѓуградски пат, како и надворешното осветлување на јавните и културните објекти, споменици, плоштади и фонтани.   Паралелно со ова, инвертерите во државните […]

Роналдо исфрлен од составот на Манчестер јунајтед


  Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Манчестер јунајтед за саботното премиерлигашко дерби против Челзи, официјално соопшти вечерва клубот, додавајќи оти сите останати фудбалери се подготвени и фокусирани на претстојниот натпревар. Португалецот се најде на удар на жестоки критики откако го напушти вчерашниот натпревар против Тотенхем пред неговото завршување. Роналдо ќе го пропушти следниот натпревар, […]

Сигурно не Борис? Главните кандидати за нов британски премиер


  Шепoтете, но Борис Џонсон може да биде на патеката за враќање. Силно се шпекулира дека соборениот поранешен лидер на конзервативците размислува за враќање во Даунинг стрит 10 – помалку од два месеци откако замина за да ѝ направи пат на Лиз Трас. Премиерството на Трас пропадна со спектакуларна брзина за 45 дена, а нејзиното […]

Маричиќ: Ја подготвуваме Царинската управа за влез во европската царинска унија


  Во Брисел продолжуваат објаснувачките состаноци од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, а на денешната агенда беше и Поглавјето 29, „Царинска унија“. Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, во своето воведно обраќање ја истакнал важноста од интеграцијата во европската царинска унија како за Владата, […]

Интернационалниот картичен систем КАСИС одбележа 15 години од првата електронска трансакција во државава


  Интернационалниот картичен систем „Casys International“ денеска одбележа 15 години од првата електронска трансакција која се случи на 7 ноември 2007 година во продавницата „Еxploring Macedonia“ со картичка издадена во државава. Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка и претседателка на менаџмент бордот на „Casys International“, вели дека по 15 години многу се горди на тоа […]

(Фото) Автобуси на ЈСП и вечерва ја блокираа улицата пред Владата


Автобуси ја ЈСП и вечерва го блокираа булеварот пред зградата на Владата.  Како што покажуваат фотографиите што вечерва ги сними нашиот фоторепортер Борис Грданоски, пред Владата се петнаесетина автобуси распоредени на двете коловозни ленти.  Освен што е попречен сообраќајот во овој дел на Скопје, автобусите на ЈСП ги превезуваат патниците на редовните линии. Во ова […]

Хакерите не застануваат, објавија податоци за албанскиот прв разузнавач


  Хакерите  од иранската група “Татковинска правда”  не престануваат со објавување податоци до кои дојдоа по кибер-нападите врз албанските  владини системи. На нивната веб-страница групата објави податоци за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо, како и датумите на излез и влез за него од ТИМС  системот. Објавувањето на овие податоци доаѓа откако пред два […]

Борис Џонсон ќе се кандидира за лидер на британските конзервативци


  Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави денеска „Дејли телеграф“. „Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција. Политичкиот уредник на Тајмс […]

За кралицата до Холивуд: Меган Маркл му раскажа се на „Варајати“


  САД- Војвотката од Сасекс, попозната по нејзиното моминско презиме Меган Маркл требаше да биде почестена во 2022 година во категоријата на Variety’s Power of Women, славејќи ги значајните достигнувања во забавата и медиумите од страна на жените во текот на целата година. Таа требаше да биде наградена и за филантропска и за креативна работа […]

Изгоре куќа во Оризаре, а жена на возраст од 40 години е повредена


На 19.10.2022 во 11.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Оризаре, oпштина Липково, настанал пожар во куќа сопственост на А.С.. Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а со повреди од пожарот се здобила Р.В.(40) од с.Оризаре, која била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.  

Матеус го подари дресот на Марадона од финалето на СП во 1986 година на аргентинскиот народ


  Дресот што Диего Армандо Марадона го носеше пред 36 години во финалето на Светското првенство во Мексико каде Аргентина ја совлада Германија е вратен на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА). Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги смени дресовите со Марадона, го подарил на аргентинскиот народ, пренесуваат аргентинските медиуми, пренесе […]

Шпанија, Франција и Португалија се договорија за нов енергетски коридор


  Шпанија постигна договор со Португалија и Франција да ги замени плановите за гасоводот Мидкат со нов „зелен коридор“ од Барселона до Марсеј за пренос на гас и водород, изјави во четвртокот шпанскиот премиер Педро Санчез. Новата врска меѓу Шпанија и Франција ќе оди под морето, додека Мидкат требаше да оди преку Пиринеите, соопшти шпанското […]

Исчезна 17-годишна скопјанка


Девојка од Скопје, на возраст од 17 години е пријавена за исчезната. На 19.10.2022 во 18 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.