Матеус го подари дресот на Марадона од финалето на СП во 1986 година на аргентинскиот народ


 

Дресот што Диего Армандо Марадона го носеше пред 36 години во финалето на Светското првенство во Мексико каде Аргентина ја совлада Германија е вратен на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА).

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги смени дресовите со Марадона, го подарил на аргентинскиот народ, пренесуваат аргентинските медиуми, пренесе СЕЕбиз.

Дресот на Марадона што го носеше за време на четвртфиналниот натпревар против Англија, кога го постигна познатиот гол „Божја рака“, беше продаден на почетокот на годинава за рекордни 7,1 милиони долари. Тој дрес беше ставен на аукција од поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, но и покрај астрономската цена што ја постигна дресот на Божјата рака, Лотар Матеус за Дејли меил изјави дека никогаш не помислил да го заработи дресот на Марадона од финалето.

„Диего е бог во Аргентина, па затоа е посебно чувство да се подарува дресот на луѓето“, рече Матеус во август на церемонијата во аргентинската амбасада во Мадрид.

„Ова е приказна за германски капитен кој за пријател имал капитен на Аргентина. И како и сите пријатели си го размениле најдоброто што го имале, прегратка, совет и дрес“, стои во видеото кое го објави АФА.