Нова студија открива: Како пиењето пиво може да ви помогне да ослабнете?


Луѓето можат да пијат пиво, а сепак да ослабат, тврдат научниците во новото истражување, но само ако со алкохолот грицкаат храна богата со протеини како јаткастите плодови. Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеините заситуваат, па луѓето јадат помалку. Студијата покажала дека оние кои грицкале храна богата со протеини со пиво, вкупно внеле […]

Сурфањето на Интернет и читањето лоши вести му штети на нашето здравје


Експертите веруваат дека прекумерното читање лоши вести може да биде деструктивно за нашето здравје, и физичко и ментално, пишува The Guardian. Не недостасуваат лоши вести во медиумите, а новото истражување сугерира дека компулсивниот нагон за сурфање на Интернет и читање на се почестите лоши вести може да доведе до големи здравствени проблеми. Зависноста од читање […]

Рускоска не сакала нов мандат, дисциплинската ја премислила да се кандидира


 Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам кандидатура за нов мандат во Основно јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, рече вечерва суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Таа претходно во повеќе наврати изјавуваше дека нема намера да аплицира за истото работно место […]

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови


Некои жители на Буркина Фасо јадат само листови со недели, изјави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс за ситуацијата во таа земја, која ја посети. „Растечката несигурност и блокадите во многу области доведоа до изолација на некои заедници и зголемен глад. Хуманитарните работници се борат да дојдат до оние луѓе на […]

Дер Лајен лично ќе ни ја донесе помошта за енергетската криза идната недела во Скопје


  Шефот на дипломатијата Бујар Османи во изјава по завршувањето на денешниот состанок на шефови на дипломатии одржан во Берлин во рамките на Берлинскиот процес, најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го донесе идната недела во Скопје пакетот за енергетска поддршка. „Имав можност да се видам и со еврокомесарот за […]

Славески тврди дека Арсовска им врши мобинг на вработените, бара тело што ќе ја контролира


„Советите на Општините, Градот Скопје преку избрани претставници што ги назначуваат во управните и надзорните одбори ја вршат функцијата управување. Управниот одбор ја поставува рамката за работење на претпријатието, врши одредена контрола, стратегиски правци, планови и итн. Но, не секојдневното работење. Не може да очекувате и членовите на управните одбори кои што не ја вршат […]

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград сепак ќе се отвори, градоначалникот се премислил


  Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград сепак ќе се отвори.  Градоначалникот на Благоевград се премислил, како што соопштија од иницијативниот комитет и дозволил клубот да биде отворен на 30 октомври. На свеченоста, според соопштението,  поканети се и првите луѓе на македонската и на бугарска влада. Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј […]

Очекувањата за поблаги корона мерки во Кина ја зголемија цената на нафтата над 93 долари


  Цените на нафтата денеска се искачија над 93 долари поради очекувањата дека ублажените корона мерки во Кина ќе ја поттикнат потрошувачката, што ги засени стравувањата од економско забавување поради зголемувањето на каматните стапки во САД. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше за еден долар повисока од вчерашното затворање и изнесуваше 93,38 долари. […]

Илон Маск им кажал на инвеститорите дека планира да отпушти 75 отсто од вработените на Твитер


  Илон Маск им рекол на потенцијалните инвеститори дека планира да елиминира речиси 75 отсто од персоналот на Твитер како дел од неговиот договор за преземање на компанијата за социјални медиуми, објави во четвртокот Вашингтон пост. Во следните месеци се очекуваат кратење на работните места, без разлика кој е сопственик на компанијата, се наведува во […]

Костадинов со визија за Струмица – прв град со целосно електричен јавен превоз


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во објава на Фејсбук, вели дека неговата визија за Струмица, е градот да има целосно електричен јавен превоз. „Да се има визија за Струмица, значи да се размислува долгорочно, да се овозможуваат услови за подобар живот на граѓаните. Во оваа криза сметам дека повеќе од потребно и е на Струмица […]

Новиот лидер на Велика Британија ќе се соочи со најголемиот државен долг


  Британскиот државен долг минатиот месец го достигна највисокото ниво во последните 60 години, а продажбата на мало опадна, нагласувајќи го обемот на економските предизвици со кои се соочува наследникот на премиерката во заминување Лиз Трас по неуспехот на нејзиниот финансиски план. Јавниот долг на Велика Британија се зголеми на 98 отсто од БДП во […]

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД


  Американскиот фармацевтски гигант Фајзер очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин. Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на […]

Лукашенко: Белорусија не планира да војува со никого


Белорусија не планира да војува со никого, на земјата не ѝ треба војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот на Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација. Тој предложи да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“. […]

Култот за „Брегзит“ кој ја разнесе Британија


  ЛОНДОН – Тоа беше револуција која траеше 11 години. За мала, но гласна група десничарски либертаријанци, назначувањето на Лиз Трас за премиер на Обединетото Кралство на 6 септември изгледаше како триумфална крајна точка на епскиот и неверојатен марш што ги одведе од маргините на британската политика до најголемите коридори на моќ на Вајтхол. Во […]

Славески: Деветмесечниот извештај за работата на ЈСП доцни, не ја знаеме финансиската состојба


„Советите на Општините, Градот Скопје преку избрани претставници што ги назначуваат во Управните и Надзорните одбори ја вршат функцијата управување. Управниот одбор ја поставува рамката за работење на претпријатието, врши одредена контрола, стратегиски правци, планови и итн. Но, не секојдневното работење. Не може да очекувате и членовите на Управните одбори кои што не ја вршат […]

Спасовски го изненадија со торта во македонската амбасада во Берлин


Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го прослави својот 46-ти роденден.  Доби торта по повод роденденот.  „Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин“, порача Спасовски од Берлин.  Тој ја предводи делегацијата на МВР на Берлински процес.  Фото: Оливер Спасовски / Фејсбук

Стив Бенон осуден на четири месеци затвор


  Стив Бенон, долгогодишен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, во петокот беше осуден на четири месеци зад решетки, откако ја одби поканата од Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува бунтот на Капитол на 6 јануари. Окружниот судија Карл Николс му дозволи на Бенон да остане на слобода во очекување на жалбата и исто […]

Вучиќ изрази загриженост за можни тензии, амбасадорите на Квинте му врачија заеднички документ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги прими амбасадорите на земјите од Квинте, како и шефот на Делегацијата на Европската Унија на нивно барање, соопштија по средбата од кабинетот на Вучиќ. Се наведува дека по тој повод амбасадорите на претседателот на Србија му предале заеднички документ во кој ја изразуваат својата загриженост за можното нарушување […]

Македонската ПИН музичката конференција наградена од европски фестивал на нова музика „Грејт Ескејп“


Македонската ПИН музичка конференција се закити со значајна награда во Англија, доделена од страна на водечкиот европски фестивал на нова музика „Грејт Ескејп“ (The Great Escape). Со ова значајно признание, како актуелен победник во категоријата „Најдобар нов настан“ на Годишните награди за музички конвенции (YMCA) кои се доделуваа на славниот „Грејт Ескејп“ во Брајтон организаторите […]

ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина


Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ.   Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде […]