„Градина и џунгла“: Европската мрежа против расизам со силна осуда за изјавите на Борел


Европската мрежа против расизам (ЕНАР) ги нарече изјавите на шефот на ЕУ дипломатијата расистички и го осуди фактот што тој не се извини за контроверзните изјави, јави дописничката на МИА од Брисел. За потсетување, шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, минатата недела пред студенти во Колеџот на Европа изјави дека Европа е “градина“, а остатокот […]

Сточарите од кумановските села Љубодраг, Умин Дол и Ново Село бараат да не им се уништуваат свињите


Сточарите од кумановските села Љубодраг, Умин Дол и Ново Село и денеска протестираа со двочасовна блокада на стариот регионален пат Куманово-Скопје. Тие уште еднаш побараа средба со надлежни институции и повторно о испитување на свињите. Жителите повторија дека уништувањето на свињите е неосновано и оти освен во една фарма, во останатите нема потврдено случај на […]

Европски синдикати: Одлуките на ЕУ самитот за енергетската криза се недоволни и нецелосни


Генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати, Лука Висентини, ги поздрави напорите на лидерите вчера да постигнат компромис за ценовниот шок во енергијата, но смета дека мерките не се доволни, јави дописничката на МИА од Брисел. -Го цениме фактот што заклучоците на Советот разгледуваат механизам за ограничување на енергетските цени и некаков вид реформа на […]

Вашингтон и Москва на „црвена линија“


Рускиот и американскиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Лојд Остин телефонски разговарале за ситуацијата во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. – Се разговараше за актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучително и за ситуацијата во Украина, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости. Последен пат руското Министерство за одбрана извести за контакт […]

Вархеи најавил финансиски пакет од милијарда евра за Западен Балкан


  На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во Берлин, денес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со комесарот за проширување и соседство Оливер Вархеи. На средбата Османи го поздрави неодамна објавениот Извештај на ЕК за Македонија, со кој се признава генерално добриот реформски напредок на […]

Рудниците Бучим и Боров Дол повторно ќе работат


Од вторник рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција, соопштија денеска од овие компании. Во соопштението се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат […]

МВР предупредува: Филмски сцени со огнено оружје ќе се снимаат вечер на „Владимир Полежановски“


Во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје вечер ќе се снимаат сцени за серијата „Бистра вода“, во кои ќе биде употребено огнено оружје. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи по информација добиена од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“, снимањето ќе се одвива во периодот од 22.00 до 02.00 часот. 

Викенд со поп-музика во Штип: Кренато фестивалското знаме на ,,Макфест” 


Со кревање на макфестовското знаме и официнално почна 37.издание на Фестивалот на забавни мелодии  „Макфест“. Организаторите и покровителите на денешната прес-конференција  објавија целосна подготвеност за првата вечер која започнува од 20 часот. Александар Арсовски од Општина Штиш вели дека вечерва публиката ќе може да ужива во 12 композиции. -Општина Штип како организатор и покровител на […]

Бислимоски: Неопходно е рационално трошење на енергенсите


  Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, на редовниот месечен […]

Со помош на холограм – отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите”


Во Музејот на Северна Македонија од денеска е отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите”, каде посетителите имаат можност да видат презентација на предмети од минатото, со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми. Фокусот е ставен на женски и машки накит од 19 век, поточно ѓердани, игли за коса, обетки. […]

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа


 Британска државјанка, која била со привремен престој во Охрид, е ограбувана од лице кое се грижело за неа. Тој неовластено ја користел нејзината банкарската картичка, со којашто извршил повеќе трансакции во вредност од 1.700.000 денари. – Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој […]

Управата за извршување на санкции ќе изврши вонреден надзор во„Идризово“ по нападот врз Јовановски


Министерството за правда попладнево соопшти дека Бојан Јовановски бил нападнат вчера попладне на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман. – Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено-поправниот дом „Идризово“, Управата за извршување на санкции информира дека вчера околу 15:30 часот, на […]

Кој ќе го снабдува ЕСМ со природен гас ќе се знае по празникот


  АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како  што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени  понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил. Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ […]

Просечната нето-плата во август се зголеми за 11,3 проценти, се пофалија од Владата


Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата, оценуваат од Владата, откако денеска Државниот завод за статистика, објави дека нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. -Постојаното зголемување на просечната нето-плата, е резултат на економските мерки и политики […]

ЕУ ја предупредила Германија за можните штетни последици од кинеските инвестиции


  Европската комисија изминатата пролет ја предупреди германската влада за можните штетни последици од инвестицијата на кинеската бродска компанија Коско во пристаништето Хамбург, објави денеска германскиот деловен весник Ханделсблат. Минатата година Коско поднесе понуда за преземање на 35 отсто од акциите на еден од трите терминали во најголемото германско пристаниште. Понудата предизвика раскол во владејачката […]

Советник од СДСМ во Куманово поднесе оставка, ќе работи во странство


Советникот од советничката листа на коалицијата на СДСМ Мартин Захариев, поднесе оставка на функцијата, поради вработување во странство, пренесе Kumanovonews. По предлог на Комисијата за мандатни прашања денеска Советот ја прифати оставката на Захариев и со тоа му престанува мандатот. На наредната седница ќе биде верификуван мандатот на новиот советник, кој е следен на листата […]

Алијансата има услови за да прифати уставни промени, бара поголеми права за Албанците


Алијанса за Албанците ќе ја поддржи промената на Уставот, но само под услов да се прифати нејзиниот пакет од 5 барања, изјави Арбен Таравари на денешната прес-конференција во Тетово. Според него, тие нивни барања биле едноставни и Владата би требало без проблеми да ги прифати. Тој не сакаше подетално да зборува за барањата, велејќи дека […]

Маричиќ: Решени сме да ги забрзаме реформите и целосно да се усогласиме со ЕУ во областа на даноците


  Владата и институциите работат на забрзување на реформите и подготовка на нашиот даночен систем за влез во системот на Унијата, во областа на оданочувањето, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 16 – „Оданочување“. – Решени сме да ги забрзаме […]

Предлог измените на Законот за енергетика одат на пленарна седница


  Комисијата за европски прашања на денешната седница во Собранието го разгледа Предлогор на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со што овој законски предлог се проследува на понатамошна постапка во Собранието. Предлог законот е ставен на дневен ред на 88-та собраниска седница, чие продолжение се уште не е закажано. […]

Бербок: „Пробив“ на Западен Балкан на патот кон ЕУ


Земјите од Западен Балкан сакаат да создадат заеднички регионален пазар и на тој начин да направат важен чекор кон членството во Европската унија, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок додека беше домаќин на министрите за надворешни работи на земјите од регионот. Според договорот, луѓето во регионот ќе можат да ја минуваат границата […]