Интер Мајами заинтересиран за Меси, во клубот веруваат дека Лео ќе оди кај нив


  Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во САД. Интер Мајами е заинтересиран за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, објави „Атлетик“. Расте довербата во МЛС клубот дека 35-годишниот ќе им се приклучи. Од сите опции Аргентинецот да ја продолжи кариерата, вклучително и продолжување на договорот со Парижаните и враќање во Барселона, опцијата за трансфер […]

Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море


  Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море. Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на […]

Бугарија извезла оружје во Украина за една милијарда евра


  Додека Бугарија и Унгарија се единствените земји од НАТО и ЕУ кои официјално одбиваат да испратат воена помош за Украина, беше откриено дека Бугарија е еден од најголемите индиректни добавувачи на земјата разорена од војна, продавајќи рекордно количество оружје од почетокот на војна. Експертите проценуваат дека Бугарија досега испорачала најмалку 1 милијарда евра оружје […]

Виенски институт: Владимир Глигоров беше вистински интелектуален џин, остави длабока трага


  Економистот и политиколог Владимир Глигоров, кој почина на 27 октомври, беше вистински интелектуален џин кој остави длабока трага, неуморно работејќи  секој ден, објави денеска Виенскиот институт за меѓународни економски студии за својот соработник. По повод ненадејната смрт на Глигоров на 78-годишна возраст, кој е син на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, од Институтот […]

После 20 години стопанска делегација на САД во Белград


Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се сретна со стопанска делегација на Владата на Соединетите Американски Држави, при што со претставниците на некои од најголемите американски светски корпорации разговараше за натамошното зајакнување и развој на билатералната економска соработка, новите стратешки партнерства, како и потенцијалите за инвестиции во областа на енергетиката, ИЦТ и зелените технологии, јави […]

Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти


Француските власти ги повикаа националните музеи да бидат дополнително внимателни по серијата напади на еколошки активисти врз дела изложени во музеи и други институции, објавија денеска медиумите. „Франција ниту еден ден не е заштитена од некој полуден активист кој ќе нападне некоја слика“, рече министерката за култура Рима Абдул Малак, која побара од музеите „двојна […]

Интернационални студентски средби „Скомрахи“ од 1 до 5 ноември


Од 1 до 5 ноември ќе се одржи 30. јубилејно издание на интернационалните студентски средби „Скомрахи“ 2022. Во рамки на годинешната програма освен театарски претстави, предвидено е да се одржат и по две работилници секој ден, две изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и една научна конференција „Промена на перспективите, театарско и филмско образование […]

ЕСМ на периоди ќе набавува гориво чекајќи да падне цената, но парно ќе има


АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември. Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од […]

Македонија преку Бугарија ќе добива 500.000 кубни метри гас дневно


  Земјава ќе може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Ова е овозможено по денешното потпишување на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Буглартрансгаз ЕАД. Договорот го потпишаа извршниот директор на ГА-МА АД Скопје, Александар Арсиќ и извршниот директор […]

Инфлацијата во еврозоната стигна до рекордни 10,7 отсто во октомври


  Економијата на еврозоната речиси застана во третиот квартал, бидејќи инфлацијата се зголеми над сите очекувања и за првпат надмина 10 отсто, покажаа прелиминарните податоци на Евростат во понеделникот. Токсичната комбинација на слаб раст и зголемените цени укажуваат на претстојните мрачни зимски месеци. Инфлацијата се искачи на 10,7 отсто од 9,9 во септември и беше […]

Подобрена е ситуација со дезинформациите во однос од пред пет години


Ковид-кризата, руската инвазија во Украина, измамите со промоции на социјалните мрежи, како и теориите на заговор се областите за кои се шират најголем број на дезинформации во земјава, заклучи уредникот на „Вистинометар“ Владимир Петрески, на панел-дискусијата „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, но, како што оцени тој, ситуацијата со лажните вести е подобрена во однос […]

Во среда конечна одлука за штрајк на синдикатот на „Водовод и канализација“


Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација“ донесе одлука за користење на правото на штрајк. Од Сојузот на синдикати на Македонија, информираат дека одлуката е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ. Потоа ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика […]

Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работни обврски


Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд. -Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември.  Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе […]

Струмичанец удрил со автомобил во полицаец и побегнал


Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот на „аудито“ бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов“ и […]

Стопанската комора бара поддршка за сите компании што купуваат струја на слободниот пазар


Кризниот штаб при Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува заложбата на Владата за носење на мерки за поддршка на компаниите како и последната Одлука за преземање на мерка при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и се залага да им се помогне на сите компании што купуваат струја на слободниот пазар, соопштија […]

Бесими-Гир: Финансиската поддршка од ЕУ е потврда за залагањата и реформската агенда во земјава


  Министерот за финансии Фатмир Бесими остварил средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која биле потврдени напорите што ги прави земјата на патот кон Европската унија. – Со почетокот на преговорите и отпочнувањето на скрининг процесот реформите добиваат забрзана динамика. Во Министерството за финансии веќе се подготвува акциски план за имплементација на препораките од последниот […]

Ковачевски: Изборите не се приоритет


Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов дека е за предвремени избори во април или мај догодина, повтори дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 и дека приоритет треба да се даде на справување со економската и енергетската криза. -Повеќепати имам кажано […]

Проблемите со погоните на „Епл“ може да ја намалат испораката на „Ајфони“ и за 30 отсто


Проблемите на доставувачот на „Епл“ – „Фокскон“ (Foxconn) во кинескиот град Женгжоу, поврзани со ширење на коронавирусот меѓу вработените во фабриката, може да ја намалат испораката на „Ајфони“ во ноември и до 30 отсто, јавуваат американски медиуми. Погонот „Фокскон“ ги склопува повеќето од памените телефони коишто се испорачуваат ширум светот, иако американскиот гигант има производни […]

За три дена 71 нов случај со Ковид-19, нема починати


 Од вкупно 819 тестирања во последните три дена, од 28 до 30 октомври 2022, регистрирани се 71 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 86 пациенти, а не се пријавени починати лица. Како што соопшти Министерството за здравство, од новите позитивни на коронавирус во Скопје има 47, Прилеп – девет, Охрид – три, Битола и Кичево […]

Уште 100 милиони евра помош од ЕК за украинските бегалци


Европската комисија обезбедува дополнителни 100 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои примаат бегалци од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија става на располагање уште сто милиони евра за поддршка на земјите на ЕУ кои примаат голем број украински бегалци во рамките на иницијативата „Стани за Украина“, каде се ветени 400 […]