За три дена 71 нов случај со Ковид-19, нема починати


 Од вкупно 819 тестирања во последните три дена, од 28 до 30 октомври 2022, регистрирани се 71 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 86 пациенти, а не се пријавени починати лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, од новите позитивни на коронавирус во Скопје има 47, Прилеп – девет, Охрид – три, Битола и Кичево по двајца, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија по еден.
 
Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.
 
Од вкупно 86 оздравени пациенти, во Скопје има 63, Прилеп – девет , Битола – осум,, Штип – двајца, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово по еден.
 
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“,  не се пријавени починати лица.
 
Направени се 819 тестови преку: ИЈЗ-86, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-20, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-5, Авицена-14, Биотек-21, Систина-11, лабораторија Лаор-8, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-7, Никоб Лаб-18, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 458.
 
Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.