Дојава за над 50 бомби на 12 локации во Белград


Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека денеска има информации за подметнати бомби на повеќе локации во Белград. „Не ја знаеме точната бројка, работата е во тек, полицијата си ја врши работата“ – велат од МУП, пренесуваат српските медиуми. „Блиц“ објави дека во уредничката електронска пошта на медиумот пристигнала информација дека на 12 локации низ […]

Мостот што падна во Индија и уби 134 луѓе неодамна бил реконструиран


  Бројот на загинати се искачи на 134 откако во неделата се урна висечки мост во западната индиска држава Гуџарат, откако властите открија дека структурата неодамна била повторно отворена по поправките. Министерот за внатрешни работи на Гуџарат, Харш Сангави, во понеделникот изјави дека се проценува оти околу 200 луѓе биле на мостот во градот Морби […]

Граѓаните помалку донираат во однос на 2010 година, повеќе одат во црква


Граѓаните во земјава се повеќе се социјализираат, најчесто со своето потесно и/или пошироко семејство (66.6 проценти), пријателите (54,9 отсто), а помалку со колегите од работа (30,4 проценти). Забележан е пораст и на бројот на оние кои посетуваат верски храмови (29,9 отсто). На социјализацијата влијаат возраста, финансиските средства и образованието. Помладите, оние со повисоки примања и оние со завршено вишо […]

Буштур како освојувач, охрабрувач, како обединувач…Промовиран документарниот филм „Среќна 13-ка“


Во хотелот „Парк“ во Скопје, и првиот канал на МРТ викендов беше промовиран документарниот филм посветен на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур. – Некои можеби не знаат, но вечерва ќе се потсетат на тие времиња од седумдесеттите кога Благоја Георгиевски-Буштур беше прво име на македонската кошарка. Кога играше на Европски првенства, на Олимпијади, […]

Девизните резерви во септември достигнале 3,75 милијарди евра


  На крајот на септември годинава, официјалните девизни резерви изнесувале 3,75 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување заради откуп на девизи на девизен пазар и задолжување на државата, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (64,1 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (25,7 […]

Величествен ден за Македонците во Бугарија


„Да се биде Македонец не е антибугарска работа. Со добрина ќе одговараме на омразата… Не сакаме никого да судиме, само сакаме да бидеме еднакви како и другите граѓани… Сакаме да можеме да се нарекуваме Македонци и да не нѐ навредуваат…“ Овие зборови на Милан Ризаков од ОМО „Илинден“ – Пирин одекнаа најсилно на отворањето на […]

Култот на Путин во Србија


„Украина ја нападна Русија!“ беше надреалниот наслов на извештајот на „Информер“, најпродаваниот српски таблоид од 22 февруари. Тој наслов не беше еднократен, тоа беше израз на путинофилијата која со години е силна во Србија. Додека поголемиот дел од светот ја осудуваше руската агресија врз Украина, голем дел од медиумите во Србија се свртеа кон величење […]

Синди Крафорд како модна икона во полскиот „Вог“ – искуство и самодоверба на 56 години


  САД– Никој не го носи епитетот „супер“  као модел, како Синди Крафорд. 56-годишната легендарна манекенка се врати на насловната страница на списанието, овој пат на најновото издание на Вог Полска. Крафорд позираше за насловната страница на ноемвриското изданиеза 2022 година. Во текот на поголемиот дел од снимањето, легендата носеше монохроматски црни провокативни изгледи со […]

Најголемите 0,2 отсто од компаниите кај нас ангажираат 24 отсто од вработените и создаваат 31 отсто од додадената вредност


Во македонската економија доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,9 отсто), а најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 35,1 отсто од вкупно вработените, тие создале 22,1 процент од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0,2 отсто и со ангажирани 24,1 процент од вработените, создаваат 31 отсто […]

Лицата со попреченост од утре може да поднесуваат барање за користење повластени паркинг услуги во 2023


Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат […]

Поевтинува дизелот, поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95


Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари за литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 отсто. Новата малопродажна цена […]

Странците од 1 јули ќе може да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања


Странците од 1 јули следната година ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања. Досега тоа беше можно само доколку странците имаа фирма во земјата, пренесува хрватски Пословни дневник. – Досега странците можеа да купат земјиште само доколку отвораа фирма во Хрватска, а од 1 јули следната година ќе можат да купуваат без […]

Продолжува падот на вработени во индустријата, годинава биле за 1,5 отсто помалку


  Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период лани е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 бележи пад од 0,4 отсто. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на […]

Петар Колев ја обвини Македонија за лицемерна политика


Северна Македонија бара начин како сама да си стави вето на патот кон ЕУ. Нема да ме чуди за многу брзо време Република Северна Македонија да добие жолт картон од Европската комисија (ЕК), вели претседателот на Граѓанско демократската унија (ГДУ), Петар Колев, во интервју за БТВ. Колев кој се идентификува како Бугарин од земјава, зборува […]

За девет месеци годинава, скромен раст на индустриското производство, само за 0,9 отсто, септември во „минус“


  Индустриското производство во септември годинава е намалено за 0,5 отсто во однос на истиот месец лани, а во првите девет месеци од годинава бележи раст од 0,9 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот  Рударство и вадење на камен во септември […]

Ковачевски за ББС: Македонците сакаат да живеат во ЕУ без да си одат од Македонија


Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „HardTalk“ на Би-би-си истакнува дека за стартот на преговорите со Европската Унија се постигнати неколку клучни цели – чист македонски јазик, македонски идентитет и историските прашања да не бидат вклучени во преоварачката рамка. – Ако сакате да бидете лидер, мора да носите тешки одлуки. Во овие преговори ние имавме […]

Русија купува бела техника од Казахстан што тој ја увезува од ЕУ


  Во 2022 година, соседите на Русија го зголемија увозот на апарати за домаќинство од Европската унија, а во исто време ја зголемија понудата на такви производи во Русија, пишува Блумберг. Според Евростат, во периодот јануари-август 2022 година, Ерменија увезла повеќе машини за перење од ЕУ отколку во последните две години заедно, а Казахстан купил […]

Анџело Ѓорѓиевски имал слаби мускули на раката со која го удрил Тот


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 9 ноември, откако денеска од страна на одбраната беа изведени докази во Основниот Кривичен суд Скопје. На судењето беа повикани Д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и Д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија […]

Бесплатен влез во музеите во Охрид секој први во месецот


Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј. Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони. – Во интерес на домашната публика и желбата за […]

Два дена се трага по гостиварецот кој исчезна на Шар Планина


Полициски службеници, кучиња трагачи и хеликоптерска единица продолжуваат со потрага по повозрасен гостиварец кој вчера исчезнал на Шар Планина во атарот на селото Пожаране (гостиварско). Според СВР Тетово, денеска од 7 часот утрото се пребарува поширокото подрачје на гостиварското село Пожаране. По К.Ј.(80) се трагало вчера до ноќните часови. – Во активностите за пронаоѓање на К.Ј., покрај полициски службеници на СВР […]