За убиството на зетот, битолчанецот Тони Ѓорѓиевски-Фердо доби ослободителна пресуда


БИТОЛА – За убиството на зетот од ќерка, битолчанецот Тони Ѓорѓиевски-Фердо доби ослободителна пресуда. По осум месеци поминати во притвор судот во Битола ја прифати одбраната дека Ѓорѓиевски убиството го сторил во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена деновиве, а неа ја потврди синот на Ѓорѓиевски, Јове. „Конечно судот по осум месеци притвор, донесе […]

Виртуелен саем на Книга.мк до 16 октомври


Од 9 до 16 октомври се одржува виртуелен саем на Книга.мк (kniga.mk), каде што може да нарачаат книги 24 часа во денот. Во понудата се белетристика, трилери, книги за деловен и личен развој… Учествуваат 16 издавачки куќи со понудени над  700 наслови и попуст  до 70 проценти од некои издавачки куќи. – Замисли дека влегуваш […]

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта


  Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес  го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта. Во второто коло во Скопје ќе гостува Украина на 16 јуни, три дена подоцна (19 јуни) […]

Во бензинските во Франција, нема гориво


Kампањите за намалување, тесните грла во снабдувањето, предизвикани со штрајковите во рафинериите и засиленото купување на испаничените возачи се причините поради кои во франција некаде нема гориво. Речиси 12 отсто од бензинските имаат потешкотии барем со еден вид гориво на пумпите, а ситуацијата се разликува од регион до регион, рече портпаролот на владата Оливер Веран […]

„Далга“ – концерт на Филхармонија со Дино Имери во Скопје и во Белград


Оркестарот на Филхармонија во среда, 12 октомври, ќе одржи концерт насловен „Далга“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како што соопштија од Филхармонија, Имери настапува наместо шпанскиот гитарист Рафаел Агире, кој поради болест го откажа гостувањето во Скопје.  На програмата се „Пијан танец – Пајдушко“ од македонскиот композитор Сони […]

Зеленски: Се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земјата


Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово реагираше на веста за експлозиите низ земјата, велејќи дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина. – Ги уништуваат нашите луѓе кои спијат дома во Запорожје. Убиваат луѓе кои одат на работа во Дњепар и Киев. Воздушната тревога не стивнува низ цела Украина. Тие се обидуваат да не уништат и […]

Најмалку осум цивили загинаа во нападите во Киев


Осум цивили загинаа, а 24 се ранети во ракетните напади врз Киев утринава, изјави помошникот на украинскиот министер за внатрешни работи Ростослав Смирнов. Шест автомобили се запалија по нападот, а повеќе од 15 возила беа оштетени, објави Смирнов на Фејсбук. Тој додаде дека 30 припадници на службата за итни случаи и шест единици за брз одговор се на местото на настанот […]

Кулеба: Путин е терорист


Единствената тактика на Путин е терор врз мирните украински градови, но тој нема да ја разбие Украина, напиша украинскиот министер за надворешни работи на Твитер Дмитро Кулеба. – Ова е и неговиот одговор на сите смирувачи кои сакаат да разговараат со него за мир: Путин е терорист кој зборува со проектили, нагласи Кулеба во врска […]

Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од македонската народна музика


Претседателот Стево Пендаровски во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија. Одликувањето се […]

Во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание


Со традиционалниот импровизиран напад на Участакот, пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишнината од почетокот на антифашистичката борба во 1941. Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19,45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј „11 Октомври“ е потсетување на […]

Ким Џонг-ун во лежерно издание надгледувал воени тактички вежби


  Северна Кореја во текот на ноќта меѓу саботата и неделата истрела две нови балистички ракети во морето, што претставува седмо вакво лансирање во последните две недели. Лансирањата на севернокорејските ракети во последните недели претставуваат нуклеарни тактички вежби, што биле лично надгледувани од лидерот Ким Џонг-ун, јави денеска севернокорејска агенција КЦНА. КЦНА јави дека лидерот […]

Нападнат Лавов, затворени училишта, експлозии во повеќе градови


  Се чини како утрово Путин да удри посилно по Украина. Стигнуваат извештаи за низа експлозии во повеже градови, меѓу кои и главниот град. Според јавувањата на повеќе странски агенции, во Киев паднала ракета во ценатор на градот, а бил извршен напад со дронови. Во извештајот на Би-би-си, се тврди дека се слуша нападот во […]

Социјалдемократите го задржаа мнозинството во Долна Саксонија, успех и на десничарската „Алтернатива за Германија


  На вчерашните избори во германската сојузна покраина Долна Саксонија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) остана најсилната партија во локалниот парламент, додека десничарската Алтернатива за Германија (АфД) двојно го зголеми бројот освоени гласови. Според првичните резултати, СПД доби 33,3 отсто од гласовите, што е за 3,6 отсто помалку од изборите пред пет години. Поранешниот коалициски […]

Проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ во рамки на МФФ „Киненова“


Во рамки на седмото издание на МФФ „Киненова“, синоќа имаше проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на  романот „Улис“ од Џејмс Џојс.   -Откако минатата година на МФФ „Киненова“ првпат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ […]

(Видео) Експлозија во зграда во Истанбул


Експлозијата се случила на третиот кат од трикатна станбена зграда во Истанбул, јавуваат турските медиуми. На местото на настанот пристигна гувернерот на градот Али Јерликаја. Според него, во експлозијата загинале три лица. A powerful explosion rocked the Kadikoy region on the Asian coast of Istanbul. #Istanbul #Turkey pic.twitter.com/qzTBMCp9Db — muhsin (@Io3iOn) October 9, 2022 Како […]

Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти


Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се покачи за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот […]

Силни експлозии во Киев


  Силни експлозии се слушаат во Киев, главниот град на Украина, утрово. Градоначалникот на Киев потврди дека „неколку експлозии се забележани во главниот град во понеделникот наутро. Виталиј Кличко на Телеграм вели: „Неколку експлозии во квартот Шевченкив – во средиштето на главниот град. Сите служби се на терен. Детали подоцна“. Има мртви и повредени, соопшти […]

Зеленски: Рускиот тероризам ги оневозможува преговорите


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа го повтори својот став дека е невозможно да се преговара со Русија бидејќи нејзиниот тероризам на државно ниво ги оневозможува преговорите. -Континуираниот тероризам врз цивилното население е очигледно отфрлање на Русија од вистинските преговори, рече Зеленски во видео пораката. „Тероризмот на државно ниво е едно од најтешките меѓународни злосторства“, […]

Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити


  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН. -Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува […]

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан


  Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за време на есенската сесија која се одржува од 10 до 14 октомври ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан, јави дописникот на МИА. Расправата на пленарната сесија на ПССЕ е предвидена за вторник 11 октомври, според извештајот подготвен од грчкиот пратеник и поранешен […]