Нападнат Лавов, затворени училишта, експлозии во повеќе градови


 

Се чини како утрово Путин да удри посилно по Украина. Стигнуваат извештаи за низа експлозии во повеже градови, меѓу кои и главниот град.

Според јавувањата на повеќе странски агенции, во Киев паднала ракета во ценатор на градот, а бил извршен напад со дронови. Во извештајот на Би-би-си, се тврди дека се слуша нападот во живо.

Експлозии во Лавов, Тернопил, Дњепропетровск

Како што јавуваат светските агенции експлозии имало во повеќе украински градови, а Киев, Житомир, Хмјелницки, Дњепропетровск и Тернопил се спомнуваат како мети на социјалните медиуми и на Телеграм каналите. Кружи видео исечок кој покажува штета на цивилни згради во Дњепар.

Градоначалникот на Лавов Андри Садовји објави на телеграм дека сите училишта ќе бидат затворени, а наставата ќе се одвива онлајн. Вели дека дошло до привремен прекин на мобилните комуникации.

Тоа покажува дека има значителен пораст на руските напади на градови оддалечени од првата линија на фронтот на окупираниот исток на Украина.