Велика Британија ќе ги ограничи домашните цени на енергијата и ќе дозволи повторно дупчење нафта


Британската премиерка Лиз Трус денеска изјави дека нејзината влада ќе ги ограничи цените на енергијата за домовите и деловните субјекти на две години за да го ублажи растот на трошоците за живот, со приближувато на зимата. Таа, исто така, рече дека ќе дозволи повеќе дупчење нафта во Северното Море и ќе ги укине постоечките забрани […]

Украинската војска се пробила 50 километри кај Харков и ослободила 20 населби


  Украинската војска соопшти дека нејзините сили успеале да напредуваат 50 километри во регионот Харков, ослободувајќи 20 населени места во нивната контраофанзива. „Воените единици навлегоа во одбраната на непријателот до длабочина до 50 километри“, рече на брифинг во Киев Олекси Хромов, заменик-шеф на главниот оперативен директорат на Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Во голем […]

Нови 109 случаи со Ковид-19, еден починат, 130 оздравени


  Во последните 24 часа се направени 672 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 130 пациенти, а пријавено е едно починато лице на 76-годишна возраст од Струга. Лицето починало во болнички услови.   Како што информира Министерството за здравство, од новите 109 нови случаи на КОВИД-19, во Скопје се 57, […]

Три лица каснати од улични кучиња вчера во Скопје


Во текот на вчерашниот ден пријавени се три каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. На 07.09.2022 во 20.25 часот во Полициската станица Центар Љ.Т.(66) од Скопје, пријавил дека на ул.“Периша Савелиќ“ бил каснат од куче скитник. Исто така, вчера во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром Н.Т.(73) од Скопје пријавил дека на бул.“Асном“ […]

САД ќе одвојат 2 милијарди долари помош за Европа, и Македонија е на списокот


  КИЕВ – Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот дојде во непланирана посета на Киев, додека администрацијата на Бајден најави голема нова воена помош во вредност од над 2 милијарди долари за Украина и другите европски земји загрозени од Русија. На состаноците со високи украински функционери, Блинкен рече дека администрацијата на Бајден го известила […]

Од детска претстава до показни вежби – во паркот во Скопје се славеше Денот на независноста


  Во организација на Владата денеска на неколку локации се чествува големиот државен празник 8 Септември – Ден на независноста, под слоганот „Обединети во слободата“.   Во рамки на „Отворениот ден“ на Школка во Градскиот парк во Скопје со богата програма денеска граѓаните чествуваа големиот државен празник. На настанот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни […]

Костадиновска-Стојчевска во Прага: Пријателските односи ќе ги зацврстиме со конкретни проекти меѓу институциите и уметниците


  Република Северна Македонија и Чешката Република имаат одлични релации на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО. На полето на културата, пред двете земји се огромен број можности и уште поголем потенцијал за подинамична соработка, која треба да се интензивира во периодот што следува – се согласија министерката за култура, Бисера […]

Се влошува здравјето на кралицата Елизабета Втора


  Британската кралица Елизабета Втора е ставена под медицински надзор бидејќи лекарите се „загрижени за здравјето на нејзиното височество“, соопшти Бакингемската палата во четвртокот, додека членовите на кралското семејство отпатувале во Шкотска за да бидат со 96-годишниот монарх. Објавата доаѓа еден ден откако кралицата го откажа виртуелниот состанок на нејзиниот совет за тајни, кога лекарите […]

Русите повеќе нема да истражуваат нафта во морето кај Улцин


  Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече од проектите во Црна Гора, најави нејзиниот директор Леонид Михељсон. Во март минатата година, конзорциумот на компаниите „Ени“ (Италија) и „Новатек“ започна со истражно дупчење нафта во морето кај Улцин, за една година подоцна да објави дека нема нафта. Поради непочитување на договорот со овој конзорциум и […]

„Непостоечкиот автомобил“ скокна на третото место на омилените брендови


Повеќе од една четвртина од анкетираните 200.000 сопственици на нови автомобили, 26 отсто, рекле дека им се допаѓа марката „Епл“ – и можеби ќе купат автомобил со ознаката на „Епл“. Така, непостоечкиот автомобил скокна на третото место на омилените брендови, зад класичните производители „Тојота“ и „Хонда“, но пред „Тесла“. Премиум брендот на Toyota Lexus и […]

Европската централна банка објави рекордно зголемување на каматните стапки


  Европската централна банка ги зголеми каматните стапки низ еврозоната за рекорден износ, додека креаторите на политиката се обидуваат да ја зауздаат инфлацијата. Управниот совет на ЕЦБ гласаше за зголемување на сите три клучни каматни стапки за 75 базични поени, или 0,75 отсто процентни поени – што е поголемо зголемување од кога било досега. Ова […]

На ГП „Богородица“ до 12 часот излез оствариле 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски државјани


  Во период од 00:00 до 12:00 часот денеска излез од граничниот премин „Богородица“ оствариле вкупно 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски, а 2.195 се странски државјани, информираат од Полициската станица при Граничниот надзор. Во текот на вчерашниот ден вкупно 9.239 патници оствариле излез од ГП „Богородица“, од кои 5.785 се македонски, а 3.454 […]

Цените на гасот во Европа паднаа под 200 евра за мегават за првпат по неколку недели


Цените на гасот во Европа денеска паднаа на околу 197 евра (195,65 долари) за мегават час, што е првпат оваа цена да се намали под 200 евра од почетокот на август. Како што пренесе ДПА, надолното поместување дојде откако цените за договорот TTF за холандскиот гас паднаа за околу осум проценти. TTF договорите се сметаат […]

Шумскиот пожар во јужна Турција под контрола, осуммина повредени


Противпожарните единици го ставија под контрола големиот шумски пожар во јужната турска провинција Мерсин, пренесе ДПА повикувајќи се на турската државна новинска агенција Анадолија. Осум лица, меѓу кои и едно тешко повредено, се во болница, објави министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер. Пожарот гори од вчера а зафати и станбени области и принуди вкупно […]

По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на Закинтос


  Грција – Земјотресот со јачина од 5,4 степени што утрово се случи во Јонското море предизвика одрон на земјиште и пад на карпи на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, по што, според грчките медиуми, бил донесена одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишуваат […]

Земјо моја исконска, со ѓаволи што ти ја крадат славата – Игор Џамбазов со песна го честиташе празникот 8 септември


Игор Џамбазов, познатиот музичар, актер и шоумен, на својот Инстаграм профил го честита големиот празник – Денот на независноста.  Честит празник, Македонијо моја!, напиша тој споделувајќи стихови за нашата татковина. 

Блинкен  со честитка за Денот на независноста: „ Ќе бидеме со вас на европскиот пат“


Американскиот Стејт департмент во име на САД, денеска испрати честитки до народот на Северна Македонија по повод 31-та годишнина од независноста на земјата.  -Со отворањето на пристапните преговори со Европската Унија, Северна Македонија годинава направи oдличен напредок кон европските интеграции. Сојузништвото во Европа и тежнеењето по нашите демократски вредности е многу поважно сега од кога и […]

Летото 2022 година е најжешкото некогаш регистрирано во Европа


  Франција-  Летото 2022 година, од јуни до август, кога имаше повеќе катастрофи поврзани со глобалното затоплување, беше најжешкото регистрирано во Европа, објави денеска европската служба за климатски промени Коперникус. Просечните температури беа највисоки и за месец август и за цело лето, а во тие три месеци ја надминаа температурата за 0,4 степени од 2021 година, кога […]

Филмот за Мерлин Монро , со Ана де Армас , пристигнува во Венеција


Италија – 79.Меѓународен филмски фестивал во Венеција привршува , но орханизаторите го зачуваа за крај еден од најочекуваните филмови  сезонава, „Blonde“, филмот на Ендрју Доминик за Мерлин Монро со кубанската актерка Ана де Армас во главната улога,која ќе ја има својата светска премиера  на Лидо во четврток вечер. Речиси тричасовниот еп е заснован на дело […]

До крајот на годината во функција ќе биде апарат за зрачна терапија за онкологија „8 Септември“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов. Во […]