Поранешната сопруга на Безос донираше имот од 55 милиони долари на филантропска организација


  САД– Поранешната сопруга на Џеф Безос, филантропот Мекензи Скот, штотуку донираше имот во Беверли Хилс во вредност од 55 милиони долари на Фондацијата на заедницата Калифорнија, непрофитна филантропска организација посветена на „системски решенија за решавање на најгорливите прашања со кои се соочува округот Лос Анџелес“. Иако официјалното соопштение за подарокот беше објавено во август, […]

Додик на 20 септември на средба со Путин во Москва


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на 20 септември во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Бета. – Тоа е потврда за добрите односи во континуитет. Засега се знае дека теми на разговор ќе бидат политичките и економските односи, изјави за агенцијата Срна Душко Перовиќ, шеф на Претставништвото на Република Српска во Москва. Перовиќ потврди […]

Ковачевски: Имавме многу предизвици, но денес сме земја-членка на НАТО која започна преговори со ЕУ


Имавме многу предизвици, но денес сме земја-членка на НАТО која започна преговори со Европската унија, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во ГОБ „8 Септември“. Тој додаде дека за да може да се одговори на прашање каде е нешто во моментов, треба да видиме од каде тргна државата пред 31 […]

Чедо Николовски ја доби државната награда „8 Септември“


Во Собранието на Република Северна Македонија, денес беа доделени наградите „8 Септември“ – највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот. Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план му припадна на Чедо Николовски – поранешен борач […]

Маричиќ: Обединети и со јасна цел за европска и просперитетна Северна Македонија


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска од Прага, го честита 8-ми септември, Денот на независноста на државата, порачувајќи дека граѓаните имаат причина да слават бидејќи денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат. -Триесет и една година граѓаните […]

Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ


Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје. Меѓу санкционираните има вработени во компании што ја снабдуваат Украина со оружје. Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влезот во Русија. Се […]

Единство, заедништво и свест за општото добро, порача Пендаровски


Единството е клучниот предуслов за успех, а за да бидеме поуспешни во натпреварот меѓу народите мора да го обновиме заедништвото и да ја вратиме свеста не за личниот интерес, туку за општото добро, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на церемонијата на одликувања по повод 8 Септември – Денот на независноста. Шефот на државата […]

Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“


По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски. Оливера Наковска-Бикова е одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и […]

Ердоган во Загреб на средби со хрватските власти


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска е во официјална посета на Хрватска, каде ќе се сретне со државниот врв, ќе присуствува на хрватско-турскиот економски форум и ќе отвори исламски центар со џамија во Сисак. Во Загреб се очекува една од темите на неговата средба со претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ да биде […]

Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски


По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта „Бутел“. -Владината делегација која им оддаде почит на претседателите што оставија неизбришлив печат во градењето на нашата […]

ОН: Веродостојни се тврдењата за украински деца насилно преселени во Русија


Постојат веродостојни обвинувања за деца без придружба кои со сила се префрлуваат од Украина во Русија, изјави синоќа заменичката на генералниот секретар на ОН за човекови права Илсе Брендс Керис. Таа ја изрази својата загриженост дека овие деца ги посвојуваат руски семејства. – Постојат веродостојни обвинувања за присилни префрлања на деца без придружба на територијата […]

Војска на границата на Полска, Белорусија почна воени вежби


  Белоруската војска почна воени вежби покрај границата со Полска, ден по пораката од Полска дека постои реален страв од судир на таа земја со Русија. Воената вежба се одржува покрај границата со Полска, главниот град Минск и во севеоисточниот регион Витебск, а како што утрово објави белоруското министерство за одбрана, а пренесе Ројтерс, вежбата […]

Приведени дрвокрадци на територија на СВР Битола


На три локации на подрачјето на СВР Битола по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.С.(22) и Е.А.(27), двајцата од Прилеп и Н.Н.(53) од село Белче, Демирхисарско затоа што биле затекнати како со возила превезувале огревни дрва без да поседуваат соодветна документација, информираат од МВР. По целосно документирање […]

Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Закинтос, јачина од 5,3 степени


Земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи утрово во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос. Земјотресот бил во длабочина од 2 километри во 10:36 по локално време, а бил почувствуван на Закинтос, како и во градот Патра кој има 168.000 жители. Во околината во текот на вчерашниот и денешниот ден се случиле […]

Околу 1 150 млади професионалци од 150 струки и 85 натпревари на „SwissSkills 2022“ во Берн


Заварувачи, керамичари и фризери, кројачи, готвачи и модни дизајнери, козметичари, часовничари и мајстори за пијано, се само дел од 150-те професии што ќе бидат претставени на годинашниот саем „SwissSkills“ во Берн, Швајцарија. На саемот што се одржува од 7 до 11 септември, учествуваат околу 1 150 млади професионалци меѓу кои и лаборанти, водоводџии, шминкери, произведувачи […]

Ќучук со честитка за Денот на независноста: Вие сте вредна членка на НАТО


Силно верувам во успехот на Северна Македонија и знам дека единството и добрососедските односи се клучот за нашата заедничка иднина во Европа, порача лидерот на Европските либерали, европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук  во честитката по повод Денот на независноста на Северна Македонија, 8 Септември. – Изминатите  три децении Северна Македонија […]

(Во живо) Доделување на наградата „8 Септември“


Претседателот Стево Пендаровски, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември, на свечена церемонија одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти. Со Орден „8 септември“ ќе бидат одликувани: Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во […]

Мариупол преплавен со украинскиот симбол на отпорот


Украинската буква „Ї“, која стана симбол на отпорот против руската окупација низ Украина, се појави на неколку јавни споменици и статуи во окупираниот Мариупол. Како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се на извештаи од новинари од тој јужен украински град, се работи за буква што ја нема во руската азбука и која според „Еуромајдан прес“ „ги нервира окупаторите“. Фотографиите на својот канал […]

Бочварски најави нов модел за субвенционирање на летовите


Субвенции за летови ќе има според правилата за државна помош на Европската унија. Министерството за транспорт и врски до Владата достави нова уредба со која дефинираше нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии, информира во интервју за МИА министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Ќе може да се вклучат што е можно […]

Украина ослободи 400 квадратни километри на исток


Украинските сили ослободија 400 квадратни километри во источниот регион Харков, соопшти американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за воени студии (ISW). Во својата последна проценка на ситуацијата на теренот, ISW вели дека украинските сили „најверојатно ја искористиле предноста на руското прераспоредување“ на југ за да „спроведат опортунистичка, но многу ефикасна контраофанзива“ северозападно од окупираниот град Изјум. ISW […]