Русите повеќе нема да истражуваат нафта во морето кај Улцин


 

Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече од проектите во Црна Гора, најави нејзиниот директор Леонид Михељсон.

Во март минатата година, конзорциумот на компаниите „Ени“ (Италија) и „Новатек“ започна со истражно дупчење нафта во морето кај Улцин, за една година подоцна да објави дека нема нафта.

Поради непочитување на договорот со овој конзорциум и грчкиот „Енергеан“, се очекува Црна Гора да добие отштета од над 10 милиони евра.