(Видео) Како украински деца го пречекуваат учителот кој се врати од фронтот


  Во ова емоционално видео украински деца го пречекуваат нивниот учител кој неочекувано за нив се враќа од фронтот. Сите се нафрлаат на него со големи извици на радост и тој речиси пропадна во нивните прегратки.  This is how real heroes are met Ukrainian schoolchildren meet their teacher, who returned from the front. pic.twitter.com/N49f5ILojD — […]

Мал пожар во Министерството за култура, го изгаснале вработените


 Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле евакуирани навремено.   -Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на […]

Вториот човек на руската власт во Бердијанск убиен заедно со неговата сопруга


  Сепаратистичката власт во Бердијанск, поддржана од Русија, во петокот го обвини Киев за убиство на заменик-шефот на военo-цивилнаta администрација, кој ја предводеше градската територијална изборна комисија за референдумот за приклучување кон Русија, објави градската администрација на Телеграм. Убиена е и неговата сопруга. Градската управа не соопшти детали за тоа како Олег Бојко и неговата […]

Мицкоски: Ако Арсовска не се извини, директорите ќе покренат кривична пријава за клевета


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски, кој вчера од говорницата на Советот на Град Скопје, беше прозван од градоначалничката Данела Арсовска, за состојбите во јавните претпријатија, кои во неколку дена останаа без директорите, сега вели дека ако таа не им се извини тие ќе покренат кривична за клевета против неа. – Луѓето што ме познаваат знаат […]

Градоначалникот на Гази баба ќе ги спречува тепачките во автобусите на ЈСП


Во последните неколку дена, во автобусите кои поминуваат низ Ченто, Синѓелиќ до Стајковци се случиле инциденти, односно тепчаки меѓу млади луѓе, поради што градоначалникот Бобан Стефковски го свикал Советот за превенција. – Изминатите неколку денови во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Во инцидентите се […]

Регистрирани 89 случаи на Ковид-19, починато едно лице


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи, од кои 26 се реинфекции. Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти. Во моментов активни се 689 случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.   Од новите случаи, од Скопје се 44, […]

Нова рунда оставки во Скопје – на директорите на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“


  ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нејзините жестоки вчерашни зборови со тоа што уште тројца директори на јавни претпијатија поднесоа оставки – на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“. Заедно со другите разрешувања и оставки во комуналните претпријатија Скопје е на самиот раб да не може да функционира, […]

Тунтев: Летањето со авион станува сè побезбедно


 Летањето со авион станува побезбедно со секоја година што изминува. Тоа, како што наведува директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, може да се заклучи од годишните статистичките податоци што ги објавуваат релевантните меѓународни организации и здруженија од областа на воздушниот сообраќај и транспорт. Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO – International Civil Aviation […]

Писмата што ги оставија очајните руски војници додека бегаа


  ИЗЈУМ, Украина – Околу 10 дена пред украинските сили да го вратат градот Изјум минатиот викенд, руските трупи стационирани овде беа толку деморализирани што подготвија писма во кои ги молеа своите претпоставени да ги повлечат назад. 10-те рачно напишани писма, датирани од 30 август, беа оставени во двокатна станбена куќа каде што Русите престојуваа, […]

Евростат: Во 2021 година 95,4 милиони лица во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија


  Во 2021 година 95,4 милиони лица во Европската Унија, што претставува 21,7 проценти од населението, беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти Евростат. Споредено со 2020 година има пораст за 0,1 отсто и односно 94,8 милиони лица биле во ризик од сиромаштија,. Највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија […]

ММФ и Светска банка предупредуваат: И умерен удар може да го турне светот во рецесија


  За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто оваа година, а следната на 2,9 отсто. „Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија“, велат од ММФ. […]

Државниот завод за статистика ќе прави попис и на земјоделство во 2023-та


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека по пилот пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Левица за референдумот


ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на Левица за референдум, рече денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски.Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов, Мицкоски уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи било каква промена Уставот. -Дадовме една иницијатива, знаете на каков начин беше одбиена од страна на Талат Џафери. […]

Ќе поскапат ли кредитите по зголемувањето на основната каматна стапка на НБ


  Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. Генералните очекувања […]

Тутунарите велат дека производството е во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто


  И тутунопроизводството како земјоделско-индустриска гранка е во опасност од рапидно намалување на производството доколку тоа не стане исплатливо. Ситуацијата ќе зависи од претстојниот откуп и цените за продажба на родот, оценуваат во Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Се бара зголемување на цената по класи за 20 до 25 отсто. Според Менде Стомнароски, претседател […]

Ангеловска-Бежоска: Одржувањето на ценовната стабилност е од суштинско знаење


  Одржувањето на ценовната стабилност е од суштинско значење за одржување на макроекономската стабилност и одржлив економски раст, порача денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Цената којашто треба да се плати: Како да се заузда инфлацијата? Видувања на централни банки и министерства за финансии“ што се одржува во рамки на состанокот на […]

За три денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство


  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалува за 3,00 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на овој енергенс ќе биде 90,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на […]

Станишев не се кандидира за четврти мандат на чело на ПЕС


Актуелниот претседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и бугарски европратеник Сергеј Станишев не поднесе кандидатура за четврти последователен мандат на чело на ПЕС на претстојниот конгрес на 14 и 15 октомври во Берлин. Како што јави дописникот на МИА од Софија, одлуката на Станишев е заснована на политички причини. Тој посочи дека не бара […]

Путин: Ако ЕУ ги укине санкциите, Русија ќе го донира ѓубривото на земјите во развој


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да испрати над 300.000 тони руско ѓубриво, заглавено во европските пристаништа, до земјите во развој, доколку Европа се согласи дополнително да ги ублажи санкциите за рускиот извоз. Путин, во говорот на Самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, истакна дека Европа само „делумно“ ги укинала […]

Тренчевска: Жените во политиката не се поштедени од насилство, да застанеме против него


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар. […]