Театарските уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“


Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. Договорот, кој беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гонциќ, директорот на Националната опера и балет од […]

Маричиќ-Лосон: Фокус на реформите и јакнење на билатералните односи на двете земји


Земјава може да смета на политичка, економска и развојна поддршка од Обединетото Кралство во унапредување на реформите, рече денеска новоименуваниот британски амбасадор Метју Лосон на средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На средбата стана збор за процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ и за унапредувањето на соработката меѓу двете земји. Вицепремиерот […]

ЦИА ја предупреди Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море


 Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја предупредила Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море, објави германскиот магазин „Шпигел“, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводи од Русија до Германија. Повикувајќи се на неименувани извори, „Шпигел“ пишува дека германската Влада го добила предупредувањето од ЦИА летоска. Се додава дека […]

Ученици од Прилеп му го покажаа на Пендаровски системот за собирање дождовница


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. За време на престојот, како што соопшти негоивот Кабинет, Пендаровски го посети средното општинско училиште „Орде Чопела“, каде што беше запознаен со инклузивните образовни методи, со тековните проекти и иновативни решенија на тимовите од различни стручни области. Учениците […]

Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток


Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“. САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението. Во […]

Новата македонска амбасадорка во Бугарија ги врачи акредитивните на Петрова


Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова денеска ги доби копиите од акредитивните писма на новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петрова ја пречекала новата амбасадорка изразувајќи задоволство од страна на властите во Софија, што по долг период […]

ЕК предложи нов пакет санкции против Русија


  Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево го презентираше новиот пакет санкции по нелегалните референдуми во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што изјави фон дер Лајен, новите санкции предвидуваат нови забрани за увоз на дополнителни производи од Русија во ЕУ, но и нов список на производи што не смеат […]

Анкета: Осум партии и коалиции имаат шанса да влезат во следниот парламент на Бугарија


  Осум партии и коалиции имаат шанса да влезат во следниот парламент на Бугарија, покажува истражувањето на Сова Харис, јави БТА. Податоците се од анкета во периодот од 22 до 26 септември 2022 година, меѓу илјада бугарски граѓани. Според истражувањето, доколку изборите се одржат денеска, за ГЕРБ-СДС би гласале 27,5 отсто од оние кои посочиле […]

Храната од локалните земјоделци почна вистински да се цени поради кризата, а се продава на Фејсбук


БИТОЛА – Храната произведена од локалните земјоделци почна вистински да се цени и сѐ повеќе да се бара. Сега малите земјоделци и не мора да одат на пазар, храната им се нарачува преку Фејсбук и Инстаграм, а потрошувачите дома ја добиваат преку доставувачи на пратки. Александра Лозановска од Демир Хисар е регистриран земјоделец, пред сѐ […]

„Епл“ го исфрли рускиот социјален медиумски гигант Вконтакте од „Еп стор“


  „Епл“ го отстрани ВКонтакте, врвната руска платформа за социјални медиуми, од својата продавница за апликации, според развивачот на апликацијата. Одлуката на „Епл“влијае и на другите апликации за iOS произведени од родителот на ВКонтакте, технолошкиот гигант VK, според блогот во вторникот на компанијата. „Сега некои ВК апликации се блокирани од ‘Епл’, па не се достапни […]

Нови украински пробиви во регионот Донецк


  Украинските сили постигнаа дополнителни успеси во источниот регион Донецк, според геолокацираното видео на социјалните мрежи и извештаите на руски воен блогер во областа. Видеата на социјалните мрежи покажаа контингент украински војници како го креваат националното знаме во градот Новоселивка, а геолокацираното видео покажува украински воени возила како се движат низ блискиот кварт Зелена Долња. […]

Петревски, Зухјер и Кузинаков нови директори на скопските јавни претпријатија


  Како што претходно најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, денеска се назначени нови директори на неколку јавни градски претпријатија.  На в.д директорската позиција во „Градски паркинг“ назначен е Крсте Петревски, во „Паркови и зеленила“ Реџепи Зухејр, додека во „Дрисла“ назначен е Александар Кузинаков. Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, а со […]

Ердоган остро ги осуди „референдумите“


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше руските „еднострани референдуми“ во окупираните области на Украина во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Ердоган, наводно, ги опиша референдумите како „извор на загриженост“ што „ќе го отежне заживувањето на дипломатскиот процес“. Турција, членка на НАТО, има блиски врски и со Москва и со Киев, при […]

Руските гасоводи можеби се уништени засекогаш, пишува „Тагесшпигел“


  Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ известува дека германските власти претпоставуваат дека три делници од „Северент тек 1 и 2“ би можеле да бидат „засекогаш неупотребливи“, бидејќи солената вода би ги кородирала цевководите доколку не се поправат брзо. Поради сложеноста на нападот, експертите и оние во германските владини кругови веруваат дека тој би можел да го […]

Со сведочење на Горан Трајковски и Мухамед Зеќири продолжи судењето за „Софтвери“


  Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зеќири, поранешен секретар на Владата на Република Северна Македонија. Дирекцијата за заштита на личните […]

Ѓоковиќ: Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво


  Дваесет и еднократниот Грен слем шампион Новак Ѓоковиќ призна дека е решен да продолжи да игра тенис. – Сè уште сакам да играм тенис, иако постигнав речиси сè што може да се постигне во него. Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво. Бев решен да играм во Лејвер купот и […]

ЕСМ прави анализи за набавката централа за производство на струја на дизел


  Иницијативата за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија е во насока да се зголеми домашното производство на струја, изјави денеска советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, одговарајќи на новинарско прашање. Оваа одлука за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија беше донесена на една од последните […]

Засилена потрагата по лицето кое со возило падна во Вардар кај Желино


Согласно информациите во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од ангажираните субјекти – институции од Системот за управување со кризи (СУК) и денеска од раните утрински часови потрагата е продолжена и се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Вардар кај мостот во село Желино. […]

Хегер: Словачката економија во опасност од колапс


  Силниот раст на трошоците за струја ја доведе словачката економија во опасност од колапс, изјави премиерот Едуард Хегер за Фајненшл тајмс. Тој додаде дека Словачка, доколку не добие помош, ќе ја задржи струјата за домашните компании и граѓаните. Скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина „ќе ја убие“ економијата, доколку Словачка […]

На 5 октомври во Крушево концерт „Со љубов за Тоше“


  По повод 15 години од последниот, незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври токму во неговото родно Крушево. Имено, на 5 октомври Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од […]