Ердоган остро ги осуди „референдумите“

Масовно мобилизиција на кримските Татари, обвинуваат членови за заедницата


 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше руските „еднострани референдуми“ во окупираните области на Украина во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Ердоган, наводно, ги опиша референдумите како „извор на загриженост“ што „ќе го отежне заживувањето на дипломатскиот процес“.

Турција, членка на НАТО, има блиски врски и со Москва и со Киев, при што претседателот Ердоган се обидува да посредува меѓу двете од почетокот на инвазијата.

Ердоган е загрижен за судбината на кримските Татари, особено по наводите дека тие масовно се мобилизирани од руските власти. Етничките Татари кои живеат во окупираниот од Русија Крим велат дека стотици мажи од нивната заедница биле регрутирани од Русија во изминатата недела.

Еден активист изјави за Би-Би-Си дека регрутирањето на Крим, анектиран од Русите во 2014 година, е намерно насочено кон муслиманските Татари.

„Тие ги грабнуваат сите“, рече 62-годишен активист кој побара да се вика Абдула.

Документите за повици почнаа да се дистрибуираат на 22 септември, вели тој, и тие се издадени во татарските училишта, доставени до домовите и поделени на улица. „Имаше полициски патроли кои кружеа низ многу села и градови, а имаше и привремени контролни пунктови“, вели Абдула.

Младите Татари се обидуваат да побегнат, упатувајќи се кон Грузија, Казахстан и Ерменија“, вели Абдула. „Не се само мажи. Тоа се нивните семејства, деца“, додава тој.

Кримските Татари сочинуваат помеѓу 10 и 15% од населението на полуостровот.

Активистите стравуваат дека акцијата за мобилизација претставува намерен руски обид да се спречи растот на заедницата.

Западните официјални лица, прашани за извештаите за регрутирање на Татари, велат дека не виделе независна потврда на тврдењата, но ги сметаат за веродостојни.

Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека регрутирањето на Татари претставува „свесен напор да се уништи кримската татарска нација“.