Петревски, Зухјер и Кузинаков нови директори на скопските јавни претпријатија


 

Како што претходно најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, денеска се назначени нови директори на неколку јавни градски претпријатија. 

На в.д директорската позиција во „Градски паркинг“ назначен е Крсте Петревски, во „Паркови и зеленила“ Реџепи Зухејр, додека во „Дрисла“ назначен е Александар Кузинаков. Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, а со ЈП „Улици и патишта“ ќе раководи  Саид Саид.

Во  „Комунална хигиена“ продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП „Водовод и канализација“ Марјан Митевски.

Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства, стои во соопштението од Град Скопје.