Голем пожар на најпознатата плажа за забава во Хрватска – Зрќе, евакуирани гостите од клубовите


  Утрово, локализиран е големиот пожар на островот Паг во Хрватска, што изби синоќа на најпознатата плпажа за забава, Зрќе, од каде пак, гостите кои се затекнаа во бројните клубови на плажата беа евакуирани. Пожарот го гасеа пожарникарите од Новаља, а на помош им стигна и „канадер“. Гасењето го отежнува силна бура. Пожарот е локализиран, […]

Зеленски го повика Западот да забрани влез на Руси на една година


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија. Во интервју за Вашингтон пост, Зеленски рече дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите земаат туѓа земја“. Тој додаде дека „Русите треба да живеат […]

Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите


Во Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе. Во својот говор во Паркот на мирот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои и дека  уништувањето е единствениот […]

Во Македонија, 26.705 лица тргуваат со криптовалути


Во Македонија, 26.705 лица, или 1,26 отсто од популацијата во земјата, тргуваат со криптовалути, покажуваат податоците на платформата Трипл А (TripleA) Тргувањето со криптовалути расте низ целиот свет, наведуваат од Трипл А, додавајќи ги проценуваат глобалните стапки на сопственост на крипто во просек од 4,2 отсто, со над 320 милиони корисници на крипто валути ширум […]

Серена Вилијамс најави крај на натпреварувачката кариера


Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето неизбежно пензионирање. – Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш, ја цитира Вилијамс „Еуроспорт“. […]

Тајван спроведува артилериски вежби


Тајван денеска почна со спроведување на претходно најавените артилериски вежби во услови на тековни воени вежби на Кина во близина на островот, јави ДПА. Артилериските вежби беа најавени на крајот на јули, а целта им е да симулираат одбрана од евентуален напад на кинеските вооружени сили. Вежбите на Тајван, кои се дел од годишните вежби […]

Поплави во Сеул, најмалку седуммина загинати


Најмалку седум лица загинаа во главниот град на Јужна Кореја Сеул во текот на ноќта, соопштија властите, откако пороен дожд ја прекина струјата и ги поплави улиците и метрото. Во јужниот дел на Сеул синоќа наврнаа повеќе од 100 мм дожд на час, додека во некои делови од градот паднале 141,5 мм, што е најлошиот […]

„Мајчиното млеко е прва и најмоќна вакцина за новороденчето“ мото на кумановската болница-пријател на бебињата


Кумановската општа болница и одделението за гинекологија и акушерство стандардно, не само за време на Светската недела на доење, ги поттикнуваат, едуцираат, мајките на доење. Кумановската болница е прогласена за „Болница, пријател на бебињата“ уште пред 22 години и оттогаш посветува исклучително внимание на промоција на доењето, како во едукација на мајките од поволностите од […]

Трамп тврди дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот дом на Флорида


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. „По работата и соработката со релевантните владини агенции, овој ненајавен упад во мојот дом не беше ниту потребен ниту соодветен“, се вели во соопштението на Трамп. Трамп не кажа зошто е извршена претресот. Мар-а-Лаго е „во […]

Активни два пожари, пожарот кај с.Фурка локализиран, утрово се догасува


Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, локализиран е во 19.00 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи. Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана […]

„Кино на отворено“ во Кисела Вода


Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс од денеска до 14 август организира „Кино на отворено“. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот „Македонија“, пред Домот на култура „Билјана Беличанец”. Секоја вечер од 21 часот, публиката од Кисела Вода, но и сите останати љубители на филмската уметност, ќе може да ги погледнат документарните филмови […]

До Регулаторната комисија за домување 205 барања за посредување во спорови


Се намалува бројот на заедници на сопственици на станови и деловни простори, а се зголемува ангажирањето управители. Податоците на Регулатората комисија за домување (РКД) покажуваат дека вкупно 7 115 станбени згради се управувани од управител или заедница на сопственици, а во целата држава има десет лиценцирани инспектори за домување. Според Комисијата, во последните шест месеци […]

Изложба на дела од фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“ во КИЦ-Скопје


Во Културно-информативниот центар, вечер ќе биде отворена изложба на дела настанати на првото издание на меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“, што се одржа од 6 до 10 јули во Скопје, под мотото „Да растеме заедно“. Изложбата е од ревијален карактер и на неа може да се види игривиот дух полн со експериментирања на различните […]

Сончево и топло, попладне можен пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со […]

Почина Оливија Њутн-Џон, славната пеjачка и ѕвезда на култниот филм „Брилјантин“


  Британско-австралиската актерка и пејачка и ѕвезда на култниот филм „Брилјантин“ Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Оливија починала мирно на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите, а тажната вест ја потврдил нејзиниот сопруг Џон Истерлинг. „Оливија Њутн-Џон (73) почина мирно утрово на својот ранч во […]

Дали е одржлива четиридневната работна недела?


Во последниве години, четиридневната работна недела често беше во центарот на вниманието како можен начин да се подобри рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, особено затоа што пандемијата принуди многумина да ги преиспитаат своите приоритети. Додека некои го сметаат за револуционерна алтернатива на вообичаениот ритам од понеделник до петок, за други четиридневната работна недела се […]

Нови 1.233 случаи на Kовид-19 – пријавени 10 починати лица


– Во последните три дена од направени 3.561 тест регистрирани се 1.233 нови случаи на Ковид-19, од кои 284 се реинфекции, и 1.450 оздравени пациенти. Пријавени се седум починати лица, а дополнително согласно регистарот на умрени лица од Мој термин пријавени се уште три починати лица во периодот од 17 до 28 јули, информира Министерството за здравство […]

Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД


  Германија – Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи  поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин. Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер. Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски […]

Летонија инвестира милијарда евра во ветерници


Летонија планира да инвестира околу милијарда евра за изградба на ветерни електрани за да го зголеми производството на енергија од обновливи извори и да ја зајакне енергетската безбедност, изјави денеска премиерот Крисјанис Каринс. – Ова е среднорочно решение што ќе ни дозволи да станеме целосно независни во нашето снабдување со енергија и да користиме помалку […]

Во гаснење на пожарите во Албанија вклучени и армиските хеликоптери


Поради загрижувачката состојба со пожарите во Албанија доцна попладнево реагираше министерот за одбрана Нико Пелеши, кој упати апел до жителите каде постои опасност по животите и имотите да се евакуираат кога на тоа ќе ги повикаат надлежните. Тој на Фејсбук напиша дека најризична е состојбата во селото Душкарак во општина Селеница каде се врши интервенција […]