Во Македонија, 26.705 лица тргуваат со криптовалути


Во Македонија, 26.705 лица, или 1,26 отсто од популацијата во земјата, тргуваат со криптовалути, покажуваат податоците на платформата Трипл А (TripleA)

Тргувањето со криптовалути расте низ целиот свет, наведуваат од Трипл А, додавајќи ги проценуваат глобалните стапки на сопственост на крипто во просек од 4,2 отсто, со над 320 милиони корисници на крипто валути ширум светот.

Каква е споредбата со другите земји од регионот? Според табелата, во Србија 127.460 граѓани тргуваат со криптовалути, 61.553 во Хрватска, 7.973 во Црна Гора…, покажуваат податоците на TripleA.

Кога ќе се спореди Македонија, но и земјите од регионот со другите земји во Европа, јасно е дека овој вид на трговија е многу позастапен во развиените земји како Шпанија, Германија, Франција, Турција…

Гледајќи ја листата на земји со најголема популација која тргува со криптовалути, неколку се истакнаа. Америка доминира, а во некои земји до 14 отсто од населението тргувало со криптовалути во одреден момент.

На глобално ниво, над 320 милиони луѓе во светот поседуваат криптовалути, дури 130 милиони во Азија, речиси 80 милиони во Америка, повеќе од 53 милиони во Африка.

TripleA  е основана во 2017 година во Сингапур, и е лиценцирана од MAS (Централната банка на Сингапур) и е во согласност со меѓународните стандарди за AML и KYC. Компанијата моментално работи во Сингапур со присуство во Хонг Конг и Европа и брзо се шири низ целиот свет.