Дали е одржлива четиридневната работна недела?

Некои го сметаат за револуционерна алтернатива на вообичаениот ритам од понеделник до петок, но за други четиридневната работна недела се покажа како несовладлив проблем


Во последниве години, четиридневната работна недела често беше во центарот на вниманието како можен начин да се подобри рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, особено затоа што пандемијата принуди многумина да ги преиспитаат своите приоритети. Додека некои го сметаат за револуционерна алтернатива на вообичаениот ритам од понеделник до петок, за други четиридневната работна недела се покажа како несовладлив проблем.

Практиката од четири работни дена во неделата е тестирана низ целиот свет, а некои компании дури и трајно ја усвоија по детални студии, бидејќи се покажа дека ја подобрува благосостојбата на вработените и ги прави посреќни, додека го одржува истото ниво на продуктивноста.

Во многу компании, пак, четиридневната работна недела се покажа неодржлива. Во некои индустрии едноставно беше невозможно да се има слободен петок, додека во оние каде на работниците им беше дозволен тридневен викенд, слободното време често доаѓаше по исцрпувачката работна недела во која вработените мораа да работат повеќе од вообичаено за да го надоместат „изгубениот“ ден.

Меѓутоа, ако четиридневната работна недела не е универзалното решение што се очекуваше, дали тоа значи дека на соништата за пократко работно време воопшто им дојде крајот?

Одговорот е – не, бидејќи постои можност за воведување шестчасовна работна недела.

Истражувачот д-р Мансур Сумро од Универзитетот Тисајд во Велика Британија, изјави за Euronews Next дека пократкиот работен ден може да биде пофлексибилен за работниците отколку четиридневната работна недела.

-Станува збор за ист број денови и главно стандардно време. Мислам дека тоа би бил добар почеток – рече тој.

Зошто да не се работи помалку?

Осумчасовниот работен ден е практика која постои со децении, но не мора да е најпаметниот или најздравиот начин на работа. Датира од Индустриската револуција, период кој, колку и да беше влијателен за човечката историја, не беше баш љубезен кон интересите на работниците.

Во тоа време, осумчасовниот работен ден беше прогресивна политика создадена за да ги спречи работниците, вклучително и децата, да го „скршат рбетот“ работејќи 16-часови дневно. Идејата беше следна: еден ден има 24 часа, а може да се подели на три дела – осум часа работа, осум часа одмор, осум часа слободно време. И покрај ова, никој никогаш не рекол дека осум часа работа е идеална за луѓето – всушност, спротивното е точно, пишува веб-страницата Euronews Србија.

Неколку неодамнешни студии покажаа дека фокусот и продуктивноста на работниците се намалуваат по околу пет часа, а британското истражување од 2019 година покажа дека канцелариските работници се чувствуваат продуктивни само околу половина од денот, а остатокот од времето го поминуваат прелистувајќи ги социјалните мрежи, правејќи чај или кафе. а некои од нив дури и бараат други работни места додека се на работното место.

Истражувачки труд од Универзитетот Стенфорд во САД од 2014 година вели дека продуктивноста на работниците се намалува кога работеле повеќе од 50 часа неделно, до степен до кој оние кои работеле 70 часа неделно работеле исто како и оние кои работеле 55 часа.

Идејата за скратување на работниот ден наместо скратување на работната недела беше предложена од психолозите кои сметаат дека шест наместо осум часа работа би била поизводлива опција за компаниите и дека ќе има ист корисен ефект врз вработените како четиридневна работна недела.

Во Европа, Холандија е земјата во која работниците работат најмалку часови, со просечни 30,3 часа неделно. Инаку, стандардниот просек минатата година бил 40 часа неделно, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). На второ место е Данска со 33,7 часа неделно во просек за работници со полно работно време, а на второ место е Норвешка со 34,1 часа неделно.

Сите три се рангирани меѓу првите земји во светот со највисоко ниво на продуктивност.

Може ли нешто да тргне наопаку?

Една од главните грижи за пократкото работно време е дека земјите нема да можат да си дозволат такви експерименти во време кога голем дел од светската економија е во лоша состојба. И покрај позитивните економски изгледи во Холандија, Данска и Норвешка, ОЕЦД препорача овие земји да ја зголемат својата продуктивност за да го забрзаат закрепнувањето од пандемијата на коронавирус, бидејќи се соочуваат со зголемена инфлација и криза на трошоците за живот.

Пробите на новите практики како што е шестчасовниот работен ден често се скапи – а понекогаш трошоците ги надминуваат придобивките. На пример, постои студија финансирана од владата во 2016 година во пензионерски дом во Шведска, која покажа дека медицинските сестри на кои им се скратени смените од осум на шест часа со иста плата биле 20% посреќни од оние кои ги одржувале вообичаените осум часа. Сепак, ваквата иницијатива се покажа како неодржлива на долг рок, бидејќи домот за стари лица мораше да ангажира уште 17 медицински сестри за да ги задоволи потребите создадени од намаленото работно време.

Друга причина за загриженост е феноменот што е прикажан во студиите за четиридневната работна недела – работниците се чувствуваат како да имаат поголем притисок да завршат сè за пократка временска рамка.

Сумро вели работниците чувствуваат „страв и несигурност“ во текот на четиридневната рана недела, бидејќи се загрижени дека нивните шефови ќе помислат дека со години „фачаат кривини“, штом можат да ја завршат истата работа за помалку часови. 

Другата страна на ова прашање е обемот на работа. Многумина веќе работат прекувремено, честопати не се платени, а новата шема на шест часа треба да биде строго регулирана за да се осигура дека луѓето нема да продолжат да работат осум часа за да завршат сè.

Исто така, во време на зголемена инфлација и зголемени трошоци за живот, додека многумина се борат да платат сметки, да изнајмуваат и да го наполнат фрижидерот, Сумро смета дека на луѓето би им било полесно да најдат дополнителна работа доколку работната недела трае четири дена, отколку ако работниот ден трае шест часа.

-Четиридневната работна недела на многумина им помага да најдат споредни работни места. Иако помалку часови се исто така олеснување кога е работата во прашање, дополнителниот слободен ден им носи повеќе бенефиции – изјави Сумро.

-Значи, шестчасовниот работен ден е флексибилен, но мислам дека четиридневната работна недела би била пофлексибилна опција. Како и да е, и двете би биле добри за вработените – заклучи Сумро, пренесува Еuronews.rs.