Остар пад на берзанските индекси на Волстрит


  На Волстрит, берзанските индекси нагло паднаа бидејќи повторно се разгореа стравувањата од агресивно зголемување на каматните стапки пред конференцијата на централните банкари во Џексон Хол. Dow Jones падна за 1,91 отсто, на 33.063 поени, додека S&P 500 потона за 2,14 отсто, на 4.137 поени, а индексот Nasdaq за 2,55 отсто, на 12.381 поени. Во […]

Невремето во Тетово поплави куќи, подруми, гаражи и ја излеа канализацијата


Тетово и околината вечерва околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи , како и излевање на канализацијата од неколку шахти. ЦУК информира дека на загрозените места интервенира Територијалната противпожарна единица Тетово. Патот кон село Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се […]

Најмногу дожд наврна во Виница, Тополчани, Битола и Крушево


Најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2. Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност […]

Во Лажани поплавени 50 куќи, се евакуираат жители


Поплавени се 50 куќи во село Лажани, општина Долнени, откако пороен дожд вечерва го зафати Пелагонискиот регион. Градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески за МИА изјави дека повредени нема и оти причина за полавата е излевањето на Саждевска река. -Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем […]

ЕВН им ја исклучи струјатa на Опера и Балет заради долг


Институција за сценско музичка дејност – Националната опера и балет е во мрак, односно со исклучена струја, јавува Телма. Засега не е познато колку точно изнесува долгот, но во објектот во моментот не се изведуваат проби поради колективен одмор. Од Опера и балет за телевизијата посочиле дека исклучувањето на електричната енергија е од четвртокот (18.08), по […]

Москва тврди дека знае кој ја убил Дугина – тоа била Украинката Наталија Вовк


  Русија инсистира дека украинските сили стојат зад смртта на Дарја Дугина, која загина во саботата кога нејзиниот џип „тојата лендкрузер“ експлодира додека патувала во богатото предградие на Москва. Руската државна новинска агенција ТАСС вели дека зад нападот стои „државјанка на Украина, идентификувана како Наталија Вовк“, а руската шпионска служба, ФСБ, вели дека таа побегнала […]

Сана Марин негативна на тестот за дрога по видеото на кое се забавува


Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на забава. Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување. Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. […]

Бугарија ќе преговара со „Гаспром“


  Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски „Гаспром“, јави дописникот на МИА од Софија. По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори. Според него, Министерството за енергетика на Бугарија […]

Во сообраќајна несреќа во Албанија повредени двајца жители на Струга


Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга. Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај селото Пискупат. -Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот […]

Десет починати во изминатите три дена, нови 614 заразени


Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции, а бројот на активни случаи изнесува 3 025 лица. Во последните три дена (од 19.08 до 21.08.2022), од направени 1 804 тестови, регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово […]

Откупната цена на смедеревката ќе биде 13 денари, на вранецот 15


  Годинашната откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно три денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Какао што информираат од Министерството по денешните долги консулатиции на средбата со претставниците на здруженијата на лозари и винариите одржа […]

Невреме во Виница, одрони на патот кон Берово


  Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни  врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец. Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат […]

Руски турист им ја откри локацијата на ракетниот систем „С-400“ на Украинците


  Само пред една недела Украина им велеше да си одат дома, но сега тaa му се заблагодарува на еден руски турист на Крим, откако тој помогна да се даде локацијата на виталните воздушни одбрани. „Можеби сме премногу груби со руските туристи – овој човек навистина ни помогна“, напиша Министерството за одбрана во денешна објава […]

Културната оставина на браќата Манаки е историско сведоштво што мора достојно да го вреднуваме   


– Една фотографија – илјада зборови, но, има фотографии што ви ги одземаат сите зборови, сите противречни аргументи. Токму такви се и овие фотографии и подвижни слики на браќата Манаки – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вчерашното отворање на изложбата „140 години од раѓањето на Милтон Манаки 1882 – 2022“ организирана од битолското одделение […]

Фаучи се повлекува од функцијата медицински советник на Бајден


САД– Доктор Ентони Фаучи денеска информираше дека во декември се повлекува од функцијата директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и оти веќе нема да ја извршува должноста главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден. Тој се повлекува и од позицијата шеф на Лабораторијата за имунорегулација на Националниот институт за алергија и заразни […]

Кеј „Борис Кидрич“ и улица „Партизанска“ ќе бидат затворени за потребите на Струшки вечери на поезијата


Кеј „Борис Кидрич“ ќе биде затворен за возила в четврток поради подготовка на сценографијата за отворање на годинашното издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Дирекцијата на фестивалот соопшти дека предвидено е затворање и на улицата „Партизанска“ на 27 август, сабота од 12 часот поради поставување на сценографијата за свеченото затворање в недела. – За […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ мастер клас со Елен Лотман, кинематограферка од Естонија


  ИФФК „Браќа Манаки“ овозможи гостување и мастер клас со Елен Лотман кинематограферка и професорка од Естонија. Лотман има реализирано повеќе од 20 играни, документарни и кратки наслови, снимени низ целиот свет, од  Јапонија, Тибет, Тајланд и Индија, до Никарагва, Костарика, Финска и Рускиот Артктик, и е добитничка на низа признанија и учествувала во натпреварувачките програми […]

ЦУК: Пријавени околу 40 поплавени објекти по обилните дождови во Виница


Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари. -Во […]

Шведската полиција деактивираше експлозивна направа во парк во центарот на Стокхолм


Шведската полиција деактивираше торба со експлозив пронајдена во центарот на Стокхолм доцна вечерта во неделата, изјави денеска полицискиот портпарол. Експлозивна направа е пронајдена во торба во парк во центарот на Стокхолм. Паркот е едно од местата во главниот град каде што се одржува годишниот фестивал на културата. Годинава беше организиран помеѓу 17. и 21 август. […]

ДКСК отвори тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борба против корупцијата


Во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска беше отворен тренинг центар поддржан од Проектот за граѓанско учество на УСАИД. Потребата за реализација на надлежноста на ДКСК за преземање активности за едукација на органите надлежни за откривање и гонење на корупција и други видови криминал, како што се наведува во соопштението од Државната комисија, […]