Во сообраќајна несреќа во Албанија повредени двајца жители на Струга


Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.

Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај селото Пискупат.

-Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб.

Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност.

Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.