Дебата за предлогот Хисни Исмаили од Алтернатива да биде нов потпретседател на Собранието


Собранието на Македонија со еден час задоцнување ја започна работата по продолжението по 71. седница. Со потписи на 20 пратеници Хисни Имаили од Алтернатива е предложен за нов потпретседател на Собранието. По предлогот за збор се јавија 19 пратеници. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува […]

Цената на парното зголемена за 14,18 отсто


Од 1 август цената на парното греење ќе биде зголемена за 14,18 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека кај просечна сметка за топлинска енергија од 1.800 денари, зголемувањето би било 250 денари. – Цела Европа и регионот имаат сериозни проблеми во енергетскиот сектор заради превисоките цени на енергетските ресурси и намалените количини […]

На Шакира ѝ се закануваат 8 години затвор за затајување данок во Шпанија


Шпанија- Обвинителството на Барселона побара за пејачката Шакира 8 години и два месеци затвор во случајот за затајување данок. Од пејачката се бара и да врати над 23 милиони евра во форма на парична казна, пишуваат шпанските медиуми. Колумбиската пејачка е обвинета за неплаќање данок на шпанската држава. Адвокатите на пејачката изјавија дека нема директни […]

Албанскиот јавен транспорт нема да продава месечни карти за август поради поскапувањето на горивата


Синдикатот на албанскиот јавен транспорт  објави дека автобусите нема да продаваат месечни карти за август поради поскапувањето на горивата во услови на економска криза, пишува на веб-страницата „Егзит“.   Операторите побараа од владата нов антикризен пакет за да ги субвенционира бидејќи цените на горивата остануваат високи. Велат дека доколку тоа не се случи и ако не […]

Состанок на АД ЕСМ со КЕК од Косово за енергетска соработка


 АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона. На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство, се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Северна Македонија, како и можноста […]

Kiko Milano те чека во Сити Мол!


Откако веќе неколку месеци продавницата на Kiko Milano успешно работи во Ист Гејт Мол, време беше за ново поглавје во кое едвај чекаме да продолжиме заедно да ја раскажуваме приказната за вашите омилени производи. Отсега, целата козметика која е љубов на прв поглед, можете да ја најдете уште поблизу до вас, и тоа во трговскиот […]

Грковска: Значајна е пораката на новата амбасадорка на САД за борба против корупцијата


Борбата против корупцијата, владеењето на правото се приоритет број еден на нашата држава, уште повеќе во пресрет на скенирањето на преговорите што треба да ги започнеме во иднина со Европската Унија. За мене и за Владата на Република Северна Македонија од големо значење е ваквата порака на новата амбасадорка, а и ангажманот на досегашната амбасадорка […]

Викендов нестабилно и посвежо време


Во сабота доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови на земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења, информира УХМР. Во недела ќе биде променливо облачно и ветровито, на места нестабилно со пороен дожд и […]

МТСП: Објавен јавен повик за локалните самоуправи за обезбедување средства за давање социјални услуги


Министерството за труд и социјална политика ги повикува општините, Градот Скопје и скопските општини да аплицираат на јавниот повик за обезбедување средства за давање социјални услуги. Јавниот повик е објавен денеска и трае до крајот на годината. Како што појаснуваат од МТСП, давањето социјални услуги на локално ниво од страна на општините е веќе воспоставено, и локалните […]

Изградбата на новиот клинички центар е приоритет, но пари нема


Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите рече дека изградбата на новиот клинички центар за него како министер останува приоритет, но дека не е можна негова реализација во моментот поради немање најдобро финансиско решение. – Тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кои и финансискиот дел. Поради немање на најдобро […]

(Во живо) Прес-конференција на Битиќи и министерот за економија Бектеши за исплата на државна помош


На прес-конференција  денекса ќе се обратат вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши, на тема – Инвестициски циклуси на компаниите и исплата на државна помош по Планот за економски раст (Закон за финансиска поддршка на инвестиции). Проследете ја во живо:

Немаме регистрирано случај на мајмунски сипаници, вели министерот Сали


  Во земјава нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на овие сипаници, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. – Има доволно тестови за евентуална појава на сипаници. За вакцините, од националниот кородинатор за имунизација имам потврда дека во државата имаме на располагање вакцини […]

Русија ја затвори агенцијата која помага за иселување на Евреите


  Во јуни 2022 година, Министерството за правда на Руската Федерација испрати писмо со список на побарувања и прекршувања до руската канцеларија на агенцијата „Сохнут“, која помага во репатријацијата во руски Евреи во Израел, пренесува руската редакција на Би-Би-Си. Со тоа, се затвора оваа агенција која е еден од клучните посредници за иселувањето во Израел. […]

H&M на 18 август ја отвора првата продавница во Македонија


Познатиот синџир за облека, H&M, на 18 август ќе ја отвори првата продавница во Македонија, соопштија од компанијата. „H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот синџир на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, е подготвен да ја отвори својата прва продавница во Скопје, Северна Македонија ова лето 2022 година“, се вели […]

Сали: Еднаш на 50 дена тим матични лекари ќе треба да работи во ковид-амбуланта


Во Скопје има сто тима матични лекари, а во ковид-амбулантите би требало да дежураат еднаш, по шест часа дневно. Министерот за здравство Беким Сали, денеска појасни дека на овие тимови им доаѓа еднаш на 50 дена да работат шест часа во најавените ковид-амбуланти. – Да бидеме реални, ние во 50 дена трошиме толку часа на […]

Џони Деп заработи 3,5 милиони евра од сликите на славните личности


  САД- Џони Деп заработи околу три ипол милиони евра само неколку часа откако ја објави продажбата на своите слики на Инстаграм. Холивудскиот актер денеска објави дека својата дебитантска колекција „Пријатели и херои“ ќе ја пушти во продажба преку лондонската галерија „Castle Fine Art“. Сликите се посветени на луѓето кои најмногу го инспирирале во неговата […]

Британците бесни на Путин: Сакавме да го казниме, а си го уништуваме бизнисот


Половина од 10.500 британски ресторани кои служат риба и помфрит – популараниот „фиш енд чипс“ – може да затворат заради поскапување на состојките и енергентите поради руската инвазија на Украина. Околу 5.000 ресторани може да бидат загрозени, затоа што се принудени да преминат на евтини состојки или да ги зголемат цените. Сопственик на еден таков […]

На Оревче во Охрид викендов ќе настапува британскиот диџеј и продуцент TIJN


Британскиот диџеј и продуцент TIJN ќе настапи во Охрид Маратон за сите љубители на електронската музика, викендов, недела 31-ви јули од 12 часот на плажата Оревче на Охридското Езеро. Три артисти ќе се погрижат за девет часовниот настан, позади чија организација стои формацијата на македонски диџеи и музички продуценти Пирка. Специјален гостин на настанот е […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора


  Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора. Дариа Масиеро е една од најзнaчајните вокални уметници во Италија. Настапува со некои од најголемите оперски имиња на денешницата како Хозе Карерас, Пласидо Доминго, Лео Нучи, Ренато Брусон, […]