Британците бесни на Путин: Сакавме да го казниме, а си го уништуваме бизнисот


Половина од 10.500 британски ресторани кои служат риба и помфрит – популараниот „фиш енд чипс“ – може да затворат заради поскапување на состојките и енергентите поради руската инвазија на Украина.

Околу 5.000 ресторани може да бидат загрозени, затоа што се принудени да преминат на евтини состојки или да ги зголемат цените. Сопственик на еден таков ресторан од Ланкашир Ендру Крук, кој е и претседател на Националната федерација на рибните ресторани, вели дека цената на бакаларот од осум фунти по килограм пораснала на 14 фунти.

Владата воведе даноок од 35 отсто на сета риба увезена од Русија во обид да го казни претседателот Владимир Путин за инвазијата врз Украина. Крук вели: „Овие дополнителни давачки ќе турнат илјадници ресторани преку работ.“

Рибјите ресторани можеби ќе мораат да го заменат традиционалниот бакалар со ослич или друга поевтина бела риба. Околу третина од рибата која Обединетото Кралство ја увезува доаѓа од Русија, која контролира околу 45 отсто од светската понуда.

Еден извор од владата вели: „Сите сакаме да го казниме Путин, но ова ќе го уништи бизнисот на луѓето“.

Поскапе и сончогледовото масло, чиј најголем извозник е Украина. Поскапеа и грашакот, доматите и бакаларот, додека краставиците поскапеа поради зголемените трошоци за греење на пластениците.

Портпаролот на владата вели дека заедно со претставниците на индустријата се обидуваат да го ублажат влијанието на овие санкции.