Сали: Еднаш на 50 дена тим матични лекари ќе треба да работи во ковид-амбуланта


Фото: Б. Грданоски

Во Скопје има сто тима матични лекари, а во ковид-амбулантите би требало да дежураат еднаш, по шест часа дневно.

Министерот за здравство Беким Сали, денеска појасни дека на овие тимови им доаѓа еднаш на 50 дена да работат шест часа во најавените ковид-амбуланти.

– Да бидеме реални, ние во 50 дена трошиме толку часа на кафе – рече министерот Сали, одговарајќи на новинарско прашање, при отворањето ан реновираниот Хируршки ургентен ценар.

Инаку денеска, Комората на приватно здравство повика да се објави „оглас на кој ПЗУ-и од општа медицина кои имаат волја да дежураат во ковид-амбулантите, ќе можат да се пријават, а соработката ќе биде регулирана со соодветен договор кој ќе биде склучен со здравствената установа и во кој ќе бидат наведени договорните обврски и услови за двете страни. Во таа насока во огласот, односно договорот, јасно треба да се дефинира платата, надоместокот кој ќе се добива за ангажманот во ковид амбулантата, по примерот на плаќање на дежурствата во јавните здравствени установи, кои се регулирани со Колективен договор и Закон за работни односи“.