Скопски колажи, претставување на Валентина Бахти


  Издавачката куќа „Готен“ Ве поканува на настанот „Скопски колажи, претставување на Валентина Бакти“. Настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, во среда (27 јули), во 20 часот. Повод за настанот е книжевната резиденција на Валентина Бакти во Скопје, која беше реализирана во јули. „Скопски колажи“ е еден вид омаж на Валентина Бакти посветен на […]

Најмалку 21 жртва на труење со алкохол во Индија


 Најмалку 21 лице го изгуби животот, а 30 се хоспитализирани, по труење со алкохол во западна Индија, соопштија денеска официјални лица, пренсе Бета. Инцидентот се случи во областите Ахмедабад и Ботад во индиската држава Гуџарат, каде забрането е производство, продажба и конзумирање алкохолни пијалаци. Засега не е познато каква хемикалија имало во пијалокот. Според индиски […]

Продолжуваат протестите против изборните измени во Сараево


  Стотина демонстранти повторно се собраа денеска пред седиштето на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Сараево, обидувајќи се да го продолжат притисокот со цел да се спречат измените на изборниот закон на БиХ. Откако илјадници луѓе дојдоа пред ОХР вчера и побараа високиот претставник Кристијан Шмит да престане да наметнува одлука за измените на изборниот […]

Македонија конечно ќе прати амбасадор во Вашингтон


Денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ќе бидат сослушани новоименуваните амбасадори кои  треба да заминат во Вашингтон, брисел, Отава, Осло и Братислава. Пополнувањето на амбасадорското место во Вашингтон доаѓа по четири години домашно лицитирање околу тоа кој ќе ја извршува оваа значајна дипломатска функција, при што целиот тој период Македонија беше без амбасадор кај […]

Заради отворањето на Пељешкиот мост и болницата во Дубровник ќе работи само до 13 часот


Болницата во Дубровник денеска ќе прима пациенти само до 13 часот. Отворањето на Пељешки мост е многу важно и за лекарите, а пациентите… Општата болница во Дубровник во вторник ќе работи само до 13 часот, одлучи директорот Марио Бекиќ, пишува Дневник.хр. Со ова скратена е можноста за добивање основна здравствена грижа за пациентите, со објаснување […]

Ковачевски: Денешниот ден е впишан во меморијата на солидарно Скопје


 Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача претседателот Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година. – На денешен ден во 1963, во точно 5 часот […]

Порто Монтенегро како моден центар – ревиите на Пјер Карден и Балестра ја собраа светската елита


  Црна Гора – Креаациите на Пјер Карден се вратија на пистата во саботата вечерта како главна атракција на четвртиот Меѓународен моден фестивал во Порто Монтенегро, дестинација за луксузно одморалиште, желна да се афирмира и како културен центар. Модната куќа со седиште во Париз парадирашесо  околу 80 дизајни за жени и мажи на огромен простор […]

РСБСП: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) преку соопштение апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да не возат кога се уморни, да не возат кога се под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина. Возачите кога се упатуваат на подолги патувања, како што се […]

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со чешки уметници


Традиционалната Вечер на ЕУ во рамки на фестивалот „Охридско лето“ годинава ќе донесе концерт на Дуо ди Прага од Чешка. Концертот ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот. Дуото го сочинуваат виолинистот Леош Цепицки и виолончелистот Иван Вокач. Леош Чепицки студирал виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага […]

Заврши Бич филм фестивал – „Голем бран“ за филмовите на Зијаниќ и Амарал


Филмовите „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал ја добија наградата голем бран за најдобро филмско остварување на годинешното издание на фестивалот на нов европски филм – „Beach Film Festival“ што се одржа од 20-ти до 24-ти јули во Охрид. Мал бран за најдобар […]

Раскош и луксуз – досега невидената мода од Саудиска Арабија на изложба во Њујорк


САД– Сериозно раскошната, луксузна и прецизно изработена мода, накит и додатоци од 100 дизајнери од Саудиска Арабија се во центарот на вниманието почнувајќи од вторник во просторот за настани Iron23 во населбата Flatiron на Менхетен. Саудиските дизајнери, кои многумина ги сметаа за брендови во подем и избрани од поле од 1.500, добија предизвик да создадат […]

САД ќе сади повеќе од милијарда дрвја за да ги надомести уништените шуми


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера соопшти дека владата ќе посади повеќе од една милијарда дрвја на површина каде пожари уништија шуми на западот на САД. Овој потег доаѓа откако властите се борат да го ограничат огромното губење шуми од пожарите, инсектите и другите последици на климатските промени. Деструктивните пожари последниве години го надминаа […]

Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари


Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и […]

Силен руски ракетен напад на Миколаив


  Руските сили ја нападнаа пристанишната инфраструктура во јужниот украински регион Миколаив, рече утрово градоначалникот Олександр Сенкевич. „Покренат е огромен ракетен удар на југот на Украина од насока на Црното Море, со користење на воздухопловството“, рече тој за украинската државна телевизија, не изнесувајќи детали за последиците од нападот. На социјалните мрежи се прошири снимка од […]

По Созопол и Ловеч, групната изложба „Слобода?!“ и во Плевен


  Во Уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен вечер ќе биде претставена групната изложба „Слобода?!“, која е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија. Изложбата ќе остане отворена за посетителите до 12 август 2022 година. Оваа патувачка изложба досега ги посети градовите Созопол и Ловеч. Во составот на изложбата се […]

Протоколите за прием на Финска и Шведска во НАТО во македонското Собрание


Протоколите за пристапување на Финска и Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) ќе влезат во собраниска процедура во Собранието на Северна Македонија денеска, а ќе се очекува да бидат ратификувани оваа недела. Во вторник е закажана седница на матичната собраниска комисија за надворешна политика, а пленарната седница на која ќе се гласаат протоколите за влез на […]

Спроведена смртна казна во Јапонија: Погубен маж кој уби седум лица


Во Јапонија денеска беше погубен мажот кој во 2008 година уби седум луѓе во преполниот трговски кварт во Токио. Министерот за правда, Јошихиса Фурукава, изјави за новинарите дека Томохиро Като (39) бил обесен во притворен центар во Токио, пренесе АП. Фурукава рече дека смртната казна е оправдан одговор на грозоморно и насилно злосторство и дека […]

Калин: Договорот за извоз на украинското жито може да доведе до прекин на огнот


Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека Турција верува дека Договорот за извоз на жито од Украина може да доведе до прекин на огнот меѓу Москва и Киев. – Не сакам да звучам премногу оптимистички, но Договорот всушност може да ја постави основата за доверба за која зборувавме претходно, што може да доведе до […]

Со македонското „Комитско“ во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“


  Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Во пресрет на настапите на културно-уметничките друштва и филкорни групи од државата и странство, деновиве во Битола се реализира фестивалска предпрограма исполнета со изложби, работилници и за прв пат […]

„Астерфест“ од 5 до 9 август, наградата за животно дело за Желимир Жилник


  Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Лауреат на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја […]