Спроведена смртна казна во Јапонија: Погубен маж кој уби седум лица


Во Јапонија денеска беше погубен мажот кој во 2008 година уби седум луѓе во преполниот трговски кварт во Токио.

Министерот за правда, Јошихиса Фурукава, изјави за новинарите дека Томохиро Като (39) бил обесен во притворен центар во Токио, пренесе АП.

Фурукава рече дека смртната казна е оправдан одговор на грозоморно и насилно злосторство и дека укинувањето на најстрогата казна не е соодветно во овој момент.