Радев му ги повторил старите ставови на Вархеи


  Процесот на европска интеграција на Македонија мора да биде одржлив и да се надоврзува на нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Ова го истакнал претседателот Румен Радев на средбата во четири очи со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, кој е во посета на Бугарија. Прес-службата на шефот […]

Заробените Британци и Мароканец осудени на смрт од суд во Донбас


  Двајца Британци и еден Мароканец заробени од руските сили во Украина се осудени на смрт, објави новинската руската агенција РИА Новости. Ајден Аслин (28) и Шон Пинер (48) од Британија и трет маж, мароканскиот државјанин Саудун Брахим, се појавија пред судот во Донецката Народна Република, која ја држат проруските бунтовници. Судот не е меѓународно […]

Шеф на голема компанија најавува огромни цени на горивата: „Ситуацијата е критична“


Џереми Веир, шеф на мултинационалната компанија „Трафигура“, еден од водечките светски трговци на суровини, е најновиот глобален бизнис лидер кој најави црно сценарио во втората половина од годината. Аналитичарите најавуваат и можен недостиг на гас, а се зборува и за недостиг на гориво. Како закана за економијата во втората половина од годината е и рецесијата. […]

ЕЦБ го прекинува откупот на обврзници и најавува серија зголемувања на каматните стапки по 11 години


Европската централна банка потврди во четвртокот дека ќе ја прекине долгорочната шема за купување обврзници на 1-ви јули и навести серија зголемувања на каматните стапки од јули, бидејќи се бори со тврдоглаво висока инфлација. Бидејќи растот на цените се искачи на рекордни 8,1 отсто минатиот месец и брзо се прошири, ЕЦБ ги укинува стимулативните мерки […]

Над 300.000 граѓани ја напуштиле Русија во март


   Агенцијата за азил на ЕУ (ЕУАА) денеска објави дека над 300.000 руски граѓани ја напуштиле Русија во текот на март 2022 година, по почетокот на инвазијата на Украина. Податоците на Агенцијата покажуваат дека најмногу руски емигранти отишле во земјите од Централна Азија и Јужен Кавказ, а потоа следат Турција и европските земји. „Кога станува […]

Герасимовски: Ги стопираме градежните дејствија на сите 8 парцели од ДУП-Ј07 на Водно


Општина Центар стопира градежни дејствија на вкупно 8 парцели кои се дел од ДУП Ј07 кој го опфаќа локалитетот Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно во кои припаѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ во парк шумата Водно до која нема пристапен пат. На денешната редовна 11-та седница на Советот на […]

Каков е планот на Слави Трифонов и компанијата?


  Аналитичките жанрови се исцрпени во однос на партиите како Има таков народ и нејзиниот лидер Слави Трифонов. За вакви народни херои треба да се пишуваат оди, барем додека се во подем. Тогаш тие стануваат соодветна тема за жанрот пародија, пишува во својата анализа за Дојче веле бугарскиот политиколог Даниел Смилов. Ода за ИТН. Или […]

МВР поднесе кривични пријави против четворица скопјани за сторени 30 кривични дела


 Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров, поднесе кривична пријава против четворица скопјани осомничени за сторени 30 кривични дела за да прибават за себе противправна имотна корист, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кривичната пријава против Г.Т. (39), Н.К. (25), Ф.Ф. (30) и Н.Н. (41), сите од Скопје, е поднесена на […]

Општините од денеска може да аплицираат на јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска пред претставниците на ЗЕЛС го презентираше јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште, на кој може да аплицираат општините. Јавниот повик е финансиран со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Финансиската поддршка е во висина од 100 […]

Рама: Имаме највисоки цени на горивата во регионот


 Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во неговата земја горивата се продаваат по највисока цена во регионот, но оти има ниски даноци.   – Вистина е дека имаме највисоки цени на горивата во регионот, но поразлично од регионот имаме ниски даноци. Поинаку од регионот малиот бизнис не плаќа ниту лек, рече Рама во реплика со пратеничката […]

Судот во Виена: Фрицл не може да бара помилување, неговата болест не може да се излечи


Австриецот Јозеф Фрицл беше уапсен пред 14 години, откако беше откриено едно од најтешките семејни злосторства во Европа во 21 век. Тој беше осуден на доживотен затвор во 2009 година затоа што 24 години ја држел и силувал својата ќерка во подрумот на неговата куќа во Амштетен, а таа родила седум деца во повеќе од […]

Претседателот на МОК, Томас Бах, во Скопје. Се сретна со Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет. На средбата се разговараше за заложбите и преземените активности на Меѓународниот олимписки комитет во насока на промоција на меѓународниот спорт и мирот во светот, во услови на новите околности и променетата геополитичка состојба, предизвикана од руската инвазија врз Украина, како и […]

ВМРО-ДПМНЕ му се додворува на ССМ, ќе го достави амандманот за повисоки плати


На покана на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска се одржа средба помеѓу претставници на ССМ предводени од страна на секретарот на Советот, Златко Цветковски, шефот на кабинет, Слободан Трендафилов, потпретседателот, Иван Пешевски и пратениците Бојан Стојановски и Дафина Стојаноска, информираат од ССМ. На средбата е разговарано за предлог амандманот […]

Пропаднаа разговорите меѓу Русија и Турција за извозот на украинското жито


  Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција рече дека не е постигнат договор со Турција за безбеден извоз на украински житарки од пристаништата на Црното Море. Напорите на Анкара да постигне договор меѓу Украина и Русија за ублажување на глобалната криза со храна го погодија ѕидот бидејќи Украина тврди дека Русија наметнува неразумни услови, […]

Нови 55 случаи со Ковид-19 и 61 оздравен пациент


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи со Ковид-19 и 61 оздравен пациент. Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се осум реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица […]

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто 


Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, […]

Компаниите во ТИРЗ годинава ќе користат 20 проценти повеќе гас, во зоните ќе никнат и фотоволтаици


Поради зголемениот обем на производство, очекуваме оваа година компаниите да искористат 20 проценти повеќе гас, а економската активност за првите пет месеци и покрај кризата и ризиците расте со стабилно темпо, изјави директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. Тој на денешната средба со новинарите за новиот развоен концепт на ТИРЗ, со кој Технолошко индустриската зона во […]

МПЦ во мистиката на православието


(Колумна за Дојче веле) По одлуката на Српската православна црква да издаде акт, документ за признавање на автокефалноста на МПЦ-Охридска архиепископија, веќе може да се каже дека Македонската православна црква, да се изразам со световен јазик, ги почнува „преговорите“ со сестринските православни цркви за признавање на целосна автокефалност. Колку ќе траат и колку вета со […]

БДП во првиот квартал пораснал за 2,4 отсто


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна […]

Владата за три години потрошила 5 милиони евра за возила на лизинг, ДКСК бара Грковска да интервенира


Државната комисија за спречување на корупција утврдила неколку слабости при спроведувањето на постапката за јавна набавка на возила преку изнајмување по пат на оперативен лизинг на јавните институции. Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Шемши Салаи на денешната 70-та седница на ДКСК реферирајќи за предмет за набавката на поголем број на возила од […]