Пропаднаа разговорите меѓу Русија и Турција за извозот на украинското жито

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, ја обвини Украина дека користи „милитаристичка реторика“


 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција рече дека не е постигнат договор со Турција за безбеден извоз на украински житарки од пристаништата на Црното Море.

Напорите на Анкара да постигне договор меѓу Украина и Русија за ублажување на глобалната криза со храна го погодија ѕидот бидејќи Украина тврди дека Русија наметнува неразумни услови, а Кремљ бара укинување на санкциите кон Русија.

Песков, исто така, им рече на новинарите дека Русија не очекува „Гаспром“ да ја намали испораката на гас за преостанатите европски клиенти, додавајќи дека руското барање клиентите да плаќаат гас во рубли функционира според планот.

Рускиот гасен гигант ја прекина испораката бидејќи три земји го отфрлија новиот модел на плаќања во рубљи. Без гас останаа и данските „Орстед“, холандските „Гастера“ и „Шел енерџи“ за договори за снабдување на клиентите во Германија.

„Системот работи… и оние кои добиваат гас работат по новиот систем“, изјави портпаролот на Кремљ на редовната прес-конференција.

Компаниите во Германија, Италија и Франција најавија дека ќе усвојат нов модел на плаќање за да обезбедат снабдување со гас, потсетува Ројтерс, без да даде имиња.

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, даде дополнителни толкувања за пропаднатите преговори. Украина го одложува извозот на жито со тоа што не отстранува мини од нејзините црноморски пристаништа, рече Лавров, истовремено обвинувајќи го Киев за „милитаристичка реторика“.

Лавров, говорејќи за рускиот информативен канал Россија 24 за време на посетата на ерменскиот главен град Ереван, рече дека деблокирањето на пристаништата за да можат странските бродови заглавени таму да можат да заминат и житото да го однесат други бродови треба да биде „самата едноставност“.

„Руската војска веќе повеќе од еден месец секојдневно прогласува коридори за безбеден премин што може да ги користи секој брод без предуслови или пречки или опасност за себе“, вели тој.

Украина рече дека ѝ се потребни „ефективни безбедносни гаранции“ пред да може да започне со испораки, изразувајќи загриженост дека Москва би можела да ги искористи сите потенцијални коридори за напад од морето.

Лавров, исто така, вели дека се надева оти Украина повторно нема да гледа кон Запад за повеќе испораки на оружје.

„Требаше одамна да престанат со таквата реторика и да престанат да ги поттикнуваат работите во медиумскиот простор во обид да го задржат својот рејтинг“, вели тој.

Тој, исто така, го предупредува Западот дека „треба да сфати дека препуштањето на военото расположение на Киев нема да доведе до ништо добро“.