Заробените Британци и Мароканец осудени на смрт од суд во Донбас
Двајца Британци и еден Мароканец заробени од руските сили во Украина се осудени на смрт, објави новинската руската агенција РИА Новости.
Ајден Аслин (28) и Шон Пинер (48) од Британија и трет маж, мароканскиот државјанин Саудун Брахим, се појавија пред судот во Донецката Народна Република, која ја држат проруските бунтовници.
Судот не е меѓународно признат.
Тие, наводно, се товарат дека биле платеници. Но, семејствата на британските мажи велат дека биле во војската на Украина.
И двајцата Британци се дел вооружените сили на Украина, а Лондон јасно стави до знаење дека се воени затвореници кои имаат право на имунитет и дека не треба да се соочат со кривично гонење за учество во воените дејствија.
РИА Њуз на Телеграм објави: „Врховниот суд на ДПР ја донесе првата казна за платениците – Британците Ејден Аслин и Шон Пинер и Мароканецот Саудун Брахим беа осудени на смрт, јавува дописникот на РИА Новости од судницата“.
Се верува дека Русија го користи процесот за да изврши притисок врз Британија и може да бара размена на затвореници за руски војници осудени за убиства и други воени злосторства за време на руската инвазија на Украина. Во Русија има мораториум на смртната казна, но не и на територијата што ја окупира во источна Украина.