Бајден до американските нафтени компании: Произведувајте повеќе горива, намалете ги профитите 


Претседателот на САД, Џо Бајден во писмо испратено денеска до американските нафтени компании повика на зголемено производство на бензин и дизел, критикувајќи ги дека прават профит во време на војна меѓу Русија и Украина, додека Американците се погодени од превисоките цени на бензинските станици.  „Тешкотијата во која семејствата се наоѓаат бара непосредна акција“, напиша Бајден во […]

Бугарија: Поднесено барање за смена на претседателот на собранието


  По жестоката расправа во Собранието на Бугарија околу излагањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзините обвинувања на сметка на премиерот Кирил Петков, денеска попладне опозицијата поднесе барање за смена на претседателот на парламентот, Никола Минчев. На тоа барање се потпишани 120 пратеници од Има таков народ, ГЕРБ, ДПС и Преродба. Нивното […]

Подољак му одговори на Медведев за заканата: Мал човек со голема несигурност


Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска експресно му одговори на Дмитриј Медведев, еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска напиша: „Прашање е дали Украина ќе постои за две години? Подољак на Твитер го опиша  Медведев како „мал човек со огромни несигурности, што шири отров кон Украина“. „Тоа му […]

ЕСМ „златна резерва“ за да ги грее скопјани со парно


Откако Владата ќе добие официјално писмо од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги дека се одземени лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје ќе објави јавен оглас на кој доколку не се јави заинтересиран понудувач ќе одлучиме тоа да го прави ЕСМ како што […]

Бектеши очекува да се намалат цените на основните прехранбени производи


Министерот за економија Крешник Бектеши очекува да има намалување на малопродажните цени на основните прехранбени производи по вчерашното донесување на одлуката за ограничување на маржите. -Одлуката за ограничување на маржите за основните производи денеска е објавена во Службен весник. Од информациите што ги имаме од Пазарен инспекторат денеска до 15 часот треба сите производители и […]

Деловната клима во Македонија низ германска лупа: Корупцијата голем проблем, пофалби за вработените


Германските компании кои работат во Македонија имаат најмногу забелешки за борбата против корупција и криминалот, а најзадоволни се од своите вработени, при што со највисока оценка се оценува продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените, покажа најновата Анкета за деловната клима спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение. Покрај тоа, голем број од […]

Нова инвестиција на германски „Орикон“ во областа на обновливата енергија


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и сопственикот на компанијата „Орикон Адвансед Технолоџис“, Маркус Александер Марио Туч, денеска потпишаа договор за државна помош за реализација на проект за индустриско истражување во областа на обновлива енергија, со кој се предвидуваат инвестиции од најмалку 4,9 милиони евра и […]

Одржано првото рочиште од повторното судење за Златна зора – мирен протест пред судот


По речиси шест часа и неколку прекини, попладнево во атинскиот суд се одржа првото рочиште од повторното судење на Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен, јави дописничката на МИА од Атина. Судењето ќе продолжи на 6 јули, а беше прекинато по анонимниот телефонски повик за бомба во судот. […]

ОН истражува наводи дека украински деца се посвојуваат во Русија


 ОН истражува наводно испраќање на украински деца во Русија, каде наводно ќе им бидат понудени на посвојување на руски семејства, изјави денеска шефицата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, на неговата 50-та седница во Женева, Мишел Башеле рече дека нејзините служби „ги истражуваат наводите за […]

Хабек: Испораките на гас од Русија се намалени од политички, а не технички причини


Причините за намалувањето на испораките на гас од Русија се политички, а не технички, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. -Се уште не е готово, рече Хабек, додавајќи дека се уште постои можност за ограничување на испораките на енергенти од Русија, пренесуваат британските медиуми. „Газпром“ вчера соопшти дека го намалил снабдувањето на Германија […]

ЕУ подготви флота од 12 авиони канадери и еден хеликоптер за сезоната на пожари


Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската унија, соопшти денеска Европската комисија. Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти комисијата. Дванаесет авиони и еден […]

Битола: Двајца малолетници тешко повредени на веспа


  БИТОЛА – Битола се растревожи по веста дека синоќа двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години со мопед доживееја тешка сообраќајна несреќа во која е повреден и пешак, повозрасно лице. Според потврдени информации од битолската Клиничка болница, возачот на мопедот, момче на 16 години е со тешки телесни повреди, но веќе стабилно, […]

Италија треба помалку да се потпира на ЕЦБ во финансирањето на долгот


Италија треба повеќе да се потпира на високите нивоа на заштеди и државни средства во финансирањето на долгот и да ја намали својата зависност од Европската централна банка (ЕЦБ), изјави денеска шефот на банката Интеса Санпаоло, Карло Месина. – Ми изгледа нелогично да се зборува за енергетска независност, а ние дури и не ја спомнуваме финансиската независност, изјави извршниот […]

(Фото) Македонец со автомобил падна во река во БиХ


Македонецот З.Љ. (48) утрово со неговото „ауди К7“ падна во реката Босна во Добој, Босна и херцеговина, а за среќа не е повреден. Мажот паднал со автомобилот во реката, по што се качил на покрив и чекал да го спасат полицајците. „Возилото било управувано од страна на З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето учествуваа полициски службеници […]

За сајбер безбедноста е потребно широко сојузништво, рече Грковска на форум во Естонија


    Сајбер безбедноста е процес кој мора да го реализираме паралелно со процесот на дигитална трансформација на општеството. Имаме обврска да изградиме доверба кај граѓаните во дигиталните услуги, а тоа ќе го постигнеме само ако обезбедиме сигурност и доверба дека користењето на дигиталните услуги е безбедно и дека нема да ја наруши приватноста на […]

Нападната наставничка од Куманово


Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.   – Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово, информираше полицијата.   По целосното документирање на случајот против Љ.К. […]

Народната банка ја зголеми каматната стапка на два отсто, ќе растат и каматите кај банките


Народната банка повлече уште еден потег со кој настојува да влијае врз растечката стапка на инфлација – одлучи да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на два отсто. Ова е трето по ред зголемување на каматата на благајничките записи по 0,25 процентни поени, откако тоа претходно го направи во април и во […]

Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации


Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција […]

Бугарска драма: „Предавство“ на Петков или „лудило“ на политиката околу Македонија


  Бугарската политика денеска влезе во своевидна катарза, која не е конечна, но изгледа како почеток по кој можеби ќе се расчистуваат сите магли околу Македонија, местото на Бугарија во ЕУ, блокадата на Македонија и блокадата од страна на Софија на европската перспектива на целиот Западен Балкан. Каков ќе биде резултатот тешко можат да предвидат […]

Нови 75 случаи на Ковид-19, пријавени двајца починати


Во последните 24 часа регистрирани се нови 75 случаи на Ковид-19, од направени 937 тестови. Како што информира Министерството за здравство согласно Институтот за јавно здравје, оздравени се 60 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.   Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје […]