Сончево со локална облачност, од утре пораст на температурите


Вемето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во североисточните и источните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.  УВ-индексот ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи протест за промени


 Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечер во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори. Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата. Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите. Одлуката за протестот ја донесе […]

Зеленски: Украина воведува визи за Русите


Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска соопшти дека неговата земја има намера да воведе визи за Русите од 1 јули. „Украина воведува визен режим за граѓаните на Руската Федерација“, објави Зеленски на својот канал на апликацијата Телеграм. Тој рече дека новото правило ќе стапи во сила следниот месец.

Викендов заради санирање на мостот на Маркова Река ќе има времен режим на сообраќај


Викендов заради реализација на проектот за целосно санирање на оштетувањето на мостот на Маркова Река во населбата Драчево, на овој потег ќе биде воведен времен режим на сообраќај, сооптија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на информација од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје. Оштетувањето на мостот ќе […]

Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот ќе продолжи в понеделник


Собраниската комисија за финансирање и буџет ја заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Расправата ќе продолжи во понеделник. И на третиот ден од комисиската расправа пратениците од опозицијата и од власта останаа со спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците […]

Кинескиот претседател Си го фали „добриот моментум“ во соработката меѓу Кина и Русија


Кинескиот претседател Си Џинпинг во снименото видео обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека соработката меѓу Кина и Русија покажува добар моментум. Претседателот на Кина истакна дека има целосна доверба во кондицијата на кинеската економија. – Кина е подготвена да соработува со Русија и сите други земји за да ги истражи изгледите […]

Шолц: И покрај тоа што не ја запира војната, неопходно е да продолжиме да разговараме со Путин


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека одржувањето на комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин е од суштинско значење, иако Москва ја продолжува својата војна против соседна Украина. – Апсолутно е неопходно да се разговара со Путин и јас ќе продолжам да го правам тоа, како и францускиот претседател Емануел Макрон, рече Шолц во интервју […]

Париз калибрираше документ кој не може да го остават ни Софија ни Скопје


  Одредени патриотски структури во Македонија и Бугарија промптно се возбудија од францускиот предлог за преговарачката рамка за Македонија зад кој стои ЕУ. Во одреден смисол тоа значи дека овој предлог е добро калибриран и дека не може да се нарече целосно „француски“, туку повеќе и формално на Советот на ЕУ. Тој е напишан со […]

Кејт Мидлтон ги врати туфните на Ројал Аскот


Англија- Кејт Мидлтон беше ѕвезда на славните коњски трки  Royal Ascot  во петокот. Придружувајќи му се на својот сопруг, принцот Вилијам, 40-годишната Кејт ја предводеше водеше кралската поворка на еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што повеќе се зборува за модата отколку за спортските резултати.  Облечена во бел и кафеав фустан со туфни  […]

Кипар ќе добие од Грција владин авион


Грција– Република Кипар ќе го добие првиот официјален владин авион, што ќе биде донација од Грција, беше соопштено на денешната средба во Никозија на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Мицотакис рече дека со оглед на тоа дека планираат модернизација на нивната флота на авиони, ќе го направат конкретниот гест кон Кипар, […]

СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон


Швајцарија – Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон како дополнителна доза. – Специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за сојот Омикрон, може да се користи како засилувачка доза за зајакнување на имунитетот, соопшти денеска во Светската здравствена организација (СЗО). Таквата вакцина, според достапните податоци, може да им користи на оние кои веќе се целосно вакцинирани против […]

Борис Џонсон ненадејно го посети Киев


Украина- Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ненадејно го посети Киев, каде се сретна со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари. „Велика Британија понуди да започне голема операција за обука на украинските вооружени сили, со потенцијал за обука на […]

Руски воен брод навлезе во територијалните води на Данска


Данска– Руски воен брод вчера двапати навлегол во територијалните води на Данска во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, соопшти Данската одбранбена команда. Корветата влегла во данските води северно од малиот остров Кристијансо, во близина на поголемиот остров Борнхолм. По радио порака од данската морнарица, бродот веднаш ја напуштил областа, објавија денеска данските власти. […]

Ескобар: Западен Балкан е дел од европскиот проект, ќе продолжиме со поддршката


Самиот кандидатски статус создава големи придобивки за народот. До европските пријатели во јавноста – Западен Балкан е дел од тој проект, Западен Балкан е географски, економски, културно и историски европски. Ги делите тие вредности, имате солидни партнери во НАТО и сте одлични билатерални партнери на САД, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите […]

„Ко не полуди, тај није нормалан“ – Горан Бреговиќ преку видео порака ја повика македонската публика на концерт


Една од најголеми Балкански ѕвезди, кој има оставено неизбришлив печат во својата три децениска кариера, Горан Бреговиќ- Брега преку видео порака ја повика македонската публика да биде дел од мегаконцертот во дискотека „Де Факто’ – Гевгелија. Потенцирајќи дека македонската публика е навикната да слуша добра музика, Бреговиќ го најави спектакалот кој ќе го приреди заедно […]

СМО: Топлотните бранови пред почетокот на летото во Европа се најава за она што следува


Топлотните бранови ќе се случуваат сè порано и сè почесто во иднина, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), посочувајќи на топлотните бранови кои зафатија делови од Европа оваа година уште пред официјалниот почеток на летото. – За жал, денес сме сведоци како ќе изгледа иднината, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација. Екстремно високите […]

Украина од ММФ доби заем од 770 милиони долари


Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Благодарен сум на канадската вицепремиерка Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмигал. Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што […]

(Фото) Пробиен е еден од двата тунела на експресниот пат Градско – Прилеп


Денеска и официјално е пробиен еден од девата тунела на експресниот пат Градско – Прилеп кој се гради со забрзано темпо. Тунелот од 139 метри се работеше во изминатите седум месеци. Наредниот период интензивно ќе се работи на отворање и пробивање на другиот тунел во должина од 159 метри. Министерот за транспорт и врски Благој […]

Во францускиот предлог ја немало бугарската рамковна позиција, јави Бгнес


  Ако ѝ се верува на бугарската агенција Бгнес, Советот на Европската унија договорил финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата меѓувладина конференција. Агенцијата вели дека се запознала со документот и во него, наводно, немало ништо од досегашната официјална бугарска позиција за […]

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата […]