„Ко не полуди, тај није нормалан“ – Горан Бреговиќ преку видео порака ја повика македонската публика на концерт


Една од најголеми Балкански ѕвезди, кој има оставено неизбришлив печат во својата три децениска кариера, Горан Бреговиќ- Брега преку видео порака ја повика македонската публика да биде дел од мегаконцертот во дискотека „Де Факто’ – Гевгелија.

Потенцирајќи дека македонската публика е навикната да слуша добра музика, Бреговиќ го најави спектакалот кој ќе го приреди заедно со својот „Оркестар за свадби и погреби“, на 25ти јуни (сабота), во „Де Факто“ – Гевгелија.

Една од неговите изјави во видео-пораката сигурни сме дека ќе ве насмее и ќе предизвика носталгичност кај љубителите на добрата музика – „Ко не полуди, тај није нормалан“. Оваа порака истовремено е наслов на еден од албумите на групата „ Бијело дугме “ во која Горан Бреговиќ е еден од поранешните членови.

Големите хитови на Бреговиќ како што се „Месечина“, „Калашњиков“, „Едерлези“ и многу други се слушале, и ќе се слушаат уште многу години низ целиот свет, а за „Де Факто“, Бреговиќ потенцираше дека приредува „сѐ и сешто“ од музика.

 

Карти на https://defacto.com.mk/nightclub/shop-list/

https://fb.watch/dIelP7w8bh/