(Видео) Бајден падна од велосипед, го кренаа телохранителите


Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед додека се возеше во близина на плажата „Рехобот“ во Делавер за време на одморот, пишуваат западните медиуми. Службениците за безбедност веднаш притрчаа кон првиот човек на Белата куќа и му помогнаа да стане. „Добро сум“, рече Бајден (80) пред насобраните луѓе додека другите му приоѓаа. Joe Biden fell […]

Шумски пожари и рекордно високи температури во Шпанија


Во Шпанија, погодена од невообичаен топлотен бран за сезоната, пожарникари се обидуваат да стават под контрола неколку шумски пожари. Ситуацијата е комплицирана од сушата, речиси рекордно високите температури и ветерот. Температури од 40 до 42 степени се очекуваат денеска во Сарагоса, во североисточниот дел на земјата, во Навара и во регионот Ла Риоха на север, […]

Жени тепале мажи, сопрузи – сопругите


Повеќе тепачки регистрирани се во најновиот билтен од полицијата, на територијата на целата држава. Имено, вчера во 18.35 часот во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(27) од Скопје затоа што физички ја нападнал и се обидел со остар предмет да ја повреди неговата 21-годишна невенчана сопруга од Скопје. Тој бил приведен во полициска […]

Измамени двајца скопјани – им зеле пари, а услуга не испорачале


Триесет и седумгодишен жител на скопско село вчера пријавил во полициската станица Гази Баба дека бил измамен на 12 јуни од едно лице за сума од 15.000 денари. Според пријавата, лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и побарало од него да се најдат во Тетово за да договорат транспорт на […]

Во еден глас: ГЕРБ, ВМРО-ДПМНЕ и македонските Бугари против францускиот предлог


  Предлогот што наводно е од француското претседателство на ЕУ за начинот како да се крене бугарското вето за Македонија, ги возбуди духовите во опозицијата во двете држави, додека официјалните власти молчат. Против овој предлог се изјаснија и ВМРО-ДПМНЕ, и ГЕРБ (архитектите на бугарското вето), а остро истапи и организација на македонските Бугари. Андреј Ковачев, […]

Русија тврди дека во Украина се убиени 79 македонски државјани


На фронтовите во Украина, од почетокот на руската воена инвазија, загинале 79 македонски државјани, се тврди во списокот на странските платеници кои се борат во Украина, што го објави руското министерство за одбрана. Русите тврдат дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина , додека на боиштата се активни уште 39 лица. Од европските […]

Чавушоглу: Турција со сите разговара исто, Додик е член на Претседателството сакале или не


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Сараево изјави дека Турција е непристрасна кога станува збор за прашањата во БиХ, дека исто разговара со сите и дека Милорад Додик е член на Претседателството на БиХ „Позицијата на Турција е јасна. Сакале или не, Милорад Додик е член на Претседателството на БиХ. На сите […]

Меркел: Путин можеби чекаше да заминам за да ја нападне Украина


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека при крајот на мандатот ослабела нејзината можност за влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби чекал таа да замина од функцијата за да ја нападне Украина. Меркеј, која на почетокот на јуни остро ја критукуваше украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, затоа што оцени дека без самокритика […]

ЈСП: Автобусите од и кон Драчево викендов возат со изменет режим


Од ЈСП информираат дека од денеска сабота (18.06.2022 год) во вечерните часови до недела (19.06.2022 год) во вечерните часови, возилата од јавниот превоз од/кон Драчево ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. По изменет режим ќе возат линиите 31, 33, 41, 42, 51, 67 и 74. Во насока кон Драчево, возилата од булевар “Борис Трајковски” […]

Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ ќе го красат мозаични инсталации


Мозаични инсталации ќе го красат Домот на култура во Штип. Во рамки на меѓународниот проект за интеракција на културите, од кој дел се и мозаични работилници со мозаик се разубавуваат јавните површини во градот. Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека две мозаичнии инсталаци ќе ја красат и зградата на оваа […]

Русија, засега, не се повлекува од СЗО, СТО и ММФ


Русија засега нема да се повлече од Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската здравствена организација (СЗО). Сепак, има прашања за нивната работа, изјави портпаролката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвијенко. – Голем број меѓународни организации ги губат своите цели и мисии кои некогаш биле воспоставени, поради огромниот притисок. Тоа […]

Македонски компании на регионален автомобилски саем во Тирана


Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем „Expocity Tirana” што викендов се одржува во Тирана. Саемот вчера официјално го отвори премиерот на Албанија Еди Рама, а на свеченото отворање беа присутни и претседателот на Косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и албанската […]

Европа почна да троши гас кој е складиран за зима


Намалувањето на испораките на природен гас од Русија ја принуди Европа да ги користи резервите подготвени за претстојната зимска сезона, пишува Блумберг. Како што се наведува, падот на испораките ги погодило Франција, Италија, Австрија и Германија поради одлуката на „Газпром“ да ја прекине работата на гасните турбини на „Сименс“ поради проблеми со нивната поправка. Агенцијата […]

Русија, засега, нема да се повлече од СТО, СЗО и ММФ


Русија засега нема да се повлече од Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската здравствена организација (СЗО). Сепак, има прашања за нивната работа, изјави портпаролката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвијенко. – Голем број меѓународни организации ги губат своите цели и мисии кои некогаш биле воспоставени, поради огромниот притисок. Тоа […]

Биткоинот падна под 20.000 долари за прв пат од декември 2020 година


Цената на биткоинот денеска падна под 20.000 долари, за прв пат од декември 2020 година. Според податоците на порталот CoinDesk, цената на дигиталната валута паднала за 6,57 отсто во 8:55 часот по средноевропско време и изнесувала 19.450 долари, пренесе ТАСС. Од 9:05 часот, курсот на биткоин дополнително падна, па неговата цена во тоа време беше […]

ХКЧП: Состојбата во затворените институци е илустрација и за пошироката општествена состојба


Како организациии коишто континуирано и непосредно ја следат состојбата во затворските установи, а поттикнати од последната акција на МВР во затворот Идризово, укажуваме дека она што во медиумите беше прикажано како спектакуларна заплена на ножеви, дрога и мобилни телефони во затворот, всушност е вообичаена состојба, која се провлекува децении наназад, велат од Хелсиншки комитет за […]

Меркел објасни зошто преферирала руски гас


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше на функцијата од 2005 до 2021 година, го објасни својот претходен избор за руски гасовод наместо течен природен гас со придобивките за индустријата. Таа зборуваше за ова во интервју за уредничкото здружение РНД, кое беше објавено денеска. – Германската економија избра достава на гас преку цевководи од Русија, […]

Нинова остро кон Радев: Тоа што го правите на темата Македонија е подлост


  Лидерот на БСП, Корнелија Нинова, која е вицепремиер и министер за економија, во остар напад го повика претседателот Румен Радев да престане да шпекулира за Македонија и ја оцени неговата политика кон темата за „подлост“ „Господине претседателе, да се користи патриотизмот на Бугарите за да се добие личен рејтинг е подло“, напиша таа на […]

„Спејс икс“ отпуштиле работници кои го критикувале Маск


„Спејс икс“, чиј основач и директор е Елон Маск, отпушти неколку вработени кои стоеја зад отвореното писмо во кое се осудува овој милијардер за неговото однесување, пренесе „AP“. Медиумите во петокот го цитираа писмото од Гвин Шотвел, претседател на „Спејс икс“, во кое се вели дека компанијата ги отпуштила вработените кои го составиле и дистрибуирале […]

Петков: Ќе одам во Брисел со одлука на Народното собрание на Бугарија


Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска најави дека на Самитот во Брисел следната недела нема да оди со став на Владата во однос на францускиот предлог  туку со одлука на Народното собрание. Како што јави дописникот на МИА, според Кирил Петков, темата Северна Македонија е многу важен национален случај и за одлуката треа да има […]