Меркел: Путин можеби чекаше да заминам за да ја нападне Украина


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека при крајот на мандатот ослабела нејзината можност за влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби чекал таа да замина од функцијата за да ја нападне Украина.

Меркеј, која на почетокот на јуни остро ја критукуваше украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, затоа што оцени дека без самокритика ја оправдува својата долгогодишна политика кон Русија, изјава даде за германско радио во време додека Русија продолжува да ја бомбардира Украиина, настојувајќи да заземе делови од југот и истокот во војната која ја измени безбедносната ситуација во Европа и пошироко.

„Стана јасно дека нема уште долго да бидам во канцеларијата така што едноставно мора да признаам дека одредени обиди минатата година повеќе немаа влијание“, рече Меркел за Redaktionsnetzwerk Deutschland.

Не исклучи дека Путин го чекал нејзиното заминување за да ја нападне Украина

Познато е дека во 16 години на должност Меркел одржуваше контакти со Путин дури и во тешки времиња и настојуваше таа кмуникација никогаш да не сопре.

Војната во Украина почна на 24 февруари, а Меркел не ја исклучи можноста Путин да го чекал нејзиното заминување од должност за да ја нападне соседна Украина.

Можно е и тоа да влијаело, но има и други фактори како „изборите во Франција, повлекување на војската од Авганистан и одолговлекувањето на примената на Спогодбата од Минск“, рече Меркел.

Таа се повлече од должноста по ланските избори, откако на власт беше од 2005 до 2021 година.

Ја прашаа дали е подготвена да посредува меѓу Русите и Украинците

Путин веќе не беше волен да одржува самит за Украина во нормандиски формат, рече за преговорите со цел да се воспостви мир на истокот на Украина, каде проруските бунтовници почнаа бунт во 2014 година со поддршка на Русија.

Преговорите во нормандиски формат вклучуваа претставници на Русија, Украина, Германија и Франција.

„Од друга страна, ни јас не успеав да створам некој европско-руски формат за разговори за европската безбедност“, призна Меркел.

На прашањето дали е подготвена да посредува во руско-украинските преговори за прекин на војната, чиј крај не се гледа, одговори дека „тоа прашање во моментот, не е во фокус“.