Лицата над 30 години во Грција можат да примат четврта доза од вакцината против Ковид-19


Грција – Граѓаните во Грција на возраст од 30 до 59 години, од денеска, доколку сакаат, можат да закажат термин за вакцинација со четврта доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Вакцинацијата не е задолжителна, а според Националната комисија за имунизација иако „не постојат доволни научни податоци за дополнителната придобивка што […]

Панајотов: Интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија


Новиот бугарски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Георги Панајотов, кој беше вршител на должноста министер за одбрана во двете влади, минатата година, му ги предаде акредитивните писма на американскиот претседател Џо Бајден. Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со […]

Миуча Прада: Дали „Елвис“ ќе ѝ донесе номинација за Оскар за костимографија?


САД– Рокерот Елвис Присли, легендата на американската и светската музичка сцена, беше познат по својот екстравагантен стил на облекување. На почетокот на кариерата носел црни кожени јакни и тесни фармерки, а во фазата на Лас Вегас се појавил на хотелската сцена во градот Кјуб облечен во раскошни, впечатливо украсени сатенски костуми и комбинезони, создадени од […]

Бесплатни таблети калиум јодид за Романците во случај на нуклеарна несреќа


Таблетите калиум јодид ќе бидат дистрибуирани неделава за граѓаните во Романија, јавија романски медиуми. Шеесет и пет милиграми калиум јодид ќе треба да се земе при случај на нуклеарна несреќа, но, само според упатството на властите во Романија. Таблетите и информации за нивна правилна употреба ќе бидат достапни бесплатно во аптеки низ државата. 

Јапонија побара од 35 милиони жители да ги исклучат светилките


 Јапонската Влада денеска ги повика триесет и петте милиони жители на Токио и околината да користат помалку струја, предупредувајќи дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде отежнато поради топлотниот бран што ја погоди земјата, јави Би-би-си. Министерството за економија, трговија и индустрија попладнево очекува значително зголемување на потрошувачката на струја. Препораката е да се исклучат […]

Растат долговите на општините, министерствата и во здравството


Зголемени доспеани а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општните, во образованието. Намалување има кај јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб”. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза “зачинета” со […]

Русија ја делат „часови“ од технички банкрот


  Русија ја делат „часови“ од техничкиот банкрот поради санкциите што и ги воведе Западот, бидејќи во недела истекува грејс периодот за исплата на околу 100 милиони долари странски долг, објави Блумберг. Американската агенција наведува дека Русија нема официјално да објави дека не е во можност да ги плати обврските, но доколку инвеститорите не ги […]

Петков го праќа Борисов на „топол остров“ за да прави коалиција со ГЕРБ?


Бојко Борисов вчера ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ- соопшти за БТВ поранешниот претседател  на Бугарија (2012-2017), Росен Плевнелиев. „Борисов е подготвен да го направи тоа и го има изјавено многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил „за“ европскиот развој на Бугарија. Партијата на […]

Диџеј Шекил О’Нил со настап на хрватскиот остров Крк


Хрватска– Можеби „најголемиот“ диџеј на светот, (или поточно највисокиот – со своите 216 см), Шекил О’Нил доаѓа на хрватскиот остров Крк. Поранешниот американски кошаркар и ѕвезда на НБА-клубовите Орландо, Л.А. Лејкерс и Мајами хит – популарниот диџеј Дизел на 14 јули гостува во новиот клуб „Дијамант“. Можеби многумина не знаат дека Шек има издадено и неколку […]

Костадиновска-Стојчевска на Министерскиот состанок во Тирана за Западен Балкан, културното наследство главна тема


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска и утре во Тирана, Албанија, ќе учествува на Министерски состанок на платформите за Западен Балкан за култура, за истражување и иновации и за образование и обука. Како што соопшти Министерството за култура, исто така европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел, ќе присуствува на министерските […]

Стојановски: ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ за да се отвори место за Алборг


Извршниот директор на АД РК Вардар, Давор Стојановски денес во обраќање до јавноста објасни како дојде до ситуацијата „црвено-црните“ да бидат исклучени од Лигата на шампионите. Стојановски смета дека Вардар е исклучен тенденциозно со цел неговото место да го добие друга екипа која не избори учество во елитното натпреварување по регуларен пат. Во продолжение во […]

НАСА ја лансира првата ракета од Австралија: „Ова е само почеток“


  Подрачје во зафрлениот дел на Австралија влезе во историјата како место од каде НАСА лансира први ракети за комерцијална употреба надвор од САД. Суборбитална ракета лансирана е рано утрово по локално време. НАСА наведува дека овој потфат ќе им овозможи на астрофизичарите да направат истражувања кои моќе да се спроведат само на јужната полутопка. […]

Франција оваа зима веројатно повторно ќе активира една електрана на јаглен


Електраната на јаглен на истокот на Франција, затворена на 31 март, би можела да биде рестартирана зимава, со оглед на ситуацијата во Украина и тензиите на енергетскиот пазар, потврди француското Министерство за енергетска транзиција. Од Министерството изјавија дека ја оставаат можноста за активирање на централата Сент Аволд на дополнителни неколку часа, доколку има потреба, за […]

Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени


Демонстранти против климатските промени денеска почнаа со протести во Сиднеј, принудувајќи ја полицијата да ги затвори главните улици во центарот на градот. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и една жена која, според полицијата, на вратот си ставила синџир со катанец за велосипед и се врзала за воланот на возилото, блокирајќи го сообраќајот. Возилото во […]

Мексико: Банда со 10 оклопни возила и тешко оружје ја нападна полицијата


Шест полицајци загинаа, а четворица се ранети во пограничната држава Њу Леон на северот на Мексико, откако биле нападнати од нарко банда. Според локалните медиуми, бандата била опремена со 10 оклопни автомобили и тешко оружје. Државната полиција соопшти дека патролата била побројна во нападот пред зори, на автопатот што води кон граничниот премин со САД, […]

„Последно танго“ – промоција на албумот на Влатко Илиевски со необјавени песни


По компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски – „За љубов се пее до крај“, објавена во 2020-та година, на иницијатива на семејството на Влатко, на 2-ри јули ќе биде промовиран уште еден негов албум – „Последно танго“, составен од до сега необјавени песни. На денот кога Влатко ќе го прославеше својот 37-ми роденден, 2 […]

Пејачот на „Грин деј“ се откажува од државјанството на САД заради укинувањето на правото на абортус


Англија– Пејачот на панк-групата „Грин деј“, Били Џо Армстронг, пред посетителите на концертот во Лондон соопшти дека наводно се откажува од своето американско државјанство, во знак на протест поради поништувањето на укинувањето на правото на абортус од страна на Врховниот суд на САД. Настапувајќи во британската престолнина во петокот вечерта, само неколку часа откако мнозинството судии […]

Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија


Турција– Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател. „Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, изјави синоќа Калин во интервју за […]

Почнува Вимблдон: Ѓоковиќ нема да се вакцинира


Англија- Новак Ѓоковиќ знае дека, како што стојат работите сега, Вимблдон ќе биде неговиот последен Грен слем турнир во 2022 година, затоа што нема да може да игра на Отвореното првенство на САД – тој не добил ниту една вакцина против Ковид-19 и не може да влезе во САД како невакциниран странец. „Тоа“, рече 35-годишниот […]

Принцот Чарлс прописно добил куфер со милион евра од поранешен катарски премиер


Англија – Принцот од Велс, британскиот престолонаследник Чарлс, според запазените правила и прописи, добил куфер со еден милион евра во кеш од поранешен катарски премиер. А, како што се наведува, ова е едно од трите парични даренија на шеикот Хамад бин Џасим во вкупен износ од три милиони евра, пишува „Сандеј тајмс“. Се тврди дека парите […]